Ознака: реката

Метална препрека со мрежа ќе се поставува и на реката Черава

Post Views: 3 Метална брана со заштитна мрежа ќе се поставува на реката Черава за ад се спречи тешко разградлив пластичен отпад да заврши во водите на Охридското езеро. Реката Черава, која тече низ Албанија и се влева во езерото кај Љубанишко поле со себе носи дел од огромни количини разновиден отпад кој е натрупан покрај нејзиното корито. Отпадот кој завршува во речното корито е одраз на ниското ниво на култура на локалното население, непочитување на природата, реките, езерото кои често се користат како депонија. Македонските еколози со години апелираат Општините Охрид и Поградец...

Continue reading

лакочереј река фекалии

Жителите на Лакочереј бараат канализационен систем

Post Views: 0 Наместо река – фекалии, а наместо чист воздух – смрдеа. Со oваа  слика ќе се соочите на влезот од Долно Лакочереј. Оваа слика во овој период од годината е посебно изразен, затоа што водата од реката е сопрена, поради наводнување, а коритото e празно. Причина за оваа еколошка катастрофа е тоа што овој дел од Охрид нема канализационен систем, па семејствата се оставени да се снаоѓаат сами на себе. „ Во име на МЗ Лакочереј и жител Долно Лакочереј кажувам дека имаме проблем со отпадните води и со канализација. Од општината немаме никава подршка. Ни ветуваат, а од тоа нема...

Continue reading

Ohridsko ezero

Заштита на Охридското езеро-приоритет за сите

Post Views: 39 Кога се размислува за заштитата на животната средина, неодминливо е споменувањето на заштитата на Охридското езеро. Таа заштита, според независниот екологист, Лазо Наумоски треба да биде приоритет кога станува збор за заштитата на животната средина. Наумоски смета дека главна причина за состојбите со Охридското езеро се загаденоста на реките Грашница и Сатеска кои според него претставуваат црни еколошките точки. „Една од најпроблематичните црни еколошки точки во Охридското езеро знаеме дека е реката Грашница. Таа минува кај Црногорците, кај Велгошти почнува и поминува...

Continue reading

sahta

Жителите на Воска се гушат во прав

Post Views: 1 Дел од Охрид и во 21 век нема улично осветлување. Покрај овој проблем, жителите од улицата Ариф Мустафа се жалат и дека секојдневно се соочуват и со низа други проблеми. „Осветлување нема, асфалт нема, а најлошо е што канализацијава не е како што треба и наместо да оди надолу таа се враќа назад и прави проблеми во куќиве. Исто е и кај мене. Штом заврни дожд, фекалии  извираат во нашиве дворови. Сме се пожалиле во локалната, направив и список и го поднесовме ама сеуште немаме одговор“, вели жител на ул. Ариф Мустафа, Злате Велоски. Велоски уште прашува зошто локалната...

Continue reading

kanal

Локалната самоуправа подготвена за справување со евентуалните поплави

Post Views: 2 Евентуалната појава на поплави не би требало да ја изненади Општина Охрид. После обилните врнежи на снег, граѓаните стравуваат од повторување на сценариото од пред две години, кога токму поради тоа, голем број домаќинства останаа поплавени. Од Локалната уверуваат дека се подготвени за одржување на речните канали и на најкритичните точки. „Навистина се влошени временските прилики, но ние на одредените делови на каналите веќе интервениравме минатата година и пред минатата, па сметаме дека и покрај ваквите временски услови ќе нема последици“, вели Симон Илиески, портпарол...

Continue reading

konferencija

Што ќе добиеме со „Договорот за дримскиот басен“?

Post Views: 4 После неколку годишни активносто за лобирање и еколошка дипломатија, во Тирана конечно министрите на надлежните министерства од петте држави кои го делат дримскиот басен (Македонија, Грција, Косово, Србија и Црна Гора),  потпиша договорот за Дримскиот басен. Овој договор е силна рамка која што во иднина ќе ги постави аргументите околу управување со дримскиот басен, а од кои активности трпат позитивни или негативни последици и езерата кои се наоѓаат во басенот, меѓу кои се и Охридското и Преспанското. „По потпишувањето на договорот донаторската заедница излезе со два...

Continue reading

Crn Drim

Ќе се потпише меморандум според кој ќе се испушта езерото преку Црн Дрим

Post Views: 1 Осцилациите на нивото на охридското езеро се поизразени. Тие се природна појава, но загрижува фактот што од година во година стануваат се подраматични. „Причина за тоа се климатските промени, но не смееме да го минимизираме ни човекот како фактор“, вели претстевникот на одделението за управување со басенот на реката Црн Дрим, Дејан Пановски. „ Она што е важно е тоа дека нивото на Охридксото езеро е зависно од управувањето со басенот со реката Црн Дрим. Поради тоа влеговме во нова фаза, нов процес викан Дримски Дијалог и нова процедура на работа со управувањето на реката...

Continue reading

Globocica

Глобочани започнаа да ја градат црквата Св. Илија

Post Views: 3 Жителите на селото Глобочица, сместено  на брегот на Глобочичкото вештачко езеро, поставија темел  на црква посветена на Пророкот Св. Илија. Новата црква ќе биде лоцирана веднаш на самиот брег во близина на некогашната.  Со овој православен храм Глобочичани  продолжуваат да ја негуваат традицијата на прославување на селската слава Св. Илија која е прекината со изградбата на вештачкото езеро Глобочица на реката Црн Дрим.  Со подигањето на хидроцентралата Глобочица селото беше потопено во далечната 1964 година. „Со овој зафат и старата селска црква  остана под водите...

Continue reading

Grashnica

Грашница повторно им создава главоболки на жителите во Воска

Post Views: 7 На дел од жителите на улицата Ариф Мустафа на потегот од Булевар Туристичка до Гоце Делчев реката Грашница повторно им задава главоболки. Обилните врнежи во текот на викендот им ги поплави дворовите, а во домовите  имале проблем со канализацијата. Жителите на дел од Ариф Мустафа признаваат дека немаат приклучок за канализација, ама велат уредно плаќаат сметки за колекторот. Утрово се сретнале со раководителот  на Фондот за комунален развој Емин Селман при што им ветил  расчистување на коритото. Но,  ветувањето не било одржано.  Крајно револтирани жителите велат биле...

Continue reading

Grashnica

Во Воска поплавени дворни места

Post Views: 2 Обилните дождови повторно допринесоа  прелевање на Грашница, кај Воска. И покрај градењето на речното корито на Грашница водат поплави неколку дворни места. Останува најесно зошто започнатите работи останаа недоврешени и се дозволува жителите повторно да се соочат со истите можни проблеми како и лани.  Од Регионалниот Центар  за управување со кризи информираат дека опасност од излевање на другите водни текови нема. Жителите од Орман  и Лакочереј кои лани имаа проблеми  со поплавите од речните корита сега може да се мирни. Единствено кај Волино, реката Сатеска е прелеана,...

Continue reading

Grashnica

Наскоро во Воска ќе се уреди коритото на Грашница

Post Views: 5 За два дена истекува објавениот тендер за уредување на речното  корито на реката Грашница. Се очекува за 90 работни дена жителите од Воска да добијат  урбано среден речен кеј и спречување на понатамошни  поплави од оваа река,  информира Емин Селман, раководител на Одделението за комунален развој и сообраќај при Локалната  самоуправа. Ќе се уредува каналот на улицата „Гоце Делчев“ кон бул. Туристичка. Селман ги посочува придобивките од овој зафат и вели „со регулирање на речното корито ќе се спречат поплавите, но и дивите приклучоци на големиот број фекални канализации....

Continue reading

kanal

Се чистат речните корита во охридскиот реон

Post Views: 18 Речните корита на Сатеска, Коселска река и Грашница се чистат. Досега најчеста слика на речните корита, чии води се влеваат во езерото, беше деформирани водотеци затрупани со најразлични видови  отпад, па се до паднати или изникнати дрвја. Сега се расчистува отпадот и се сече вегетацијата, а на некои места се преформираат речните водотеци вели раководителот на Центарот за управување со кризи Митко Темелкоски. Ваквите активности започнале  пред три месеци со расчистување на коритото на реката Сатеска од утоката во Охридското езеро, па се до селата Волино и Климештани....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top