Ознака: раст

logo

„Apple“ за три месеци оствари раст од 9,87 милијарди долари

Post Views: 1 Американскиот информатички гигант „Епл“ во четвртото тромесечие од фискалната 2009 година оствари приход од 9,87 милијарди долари и нето добивка од 1,67 милијарди, односно 1,82 долар по корегирана акција. Во истото тромесечие претходната фискална година остварен е приход од 7,9 милијарди долари и нето добивка од 1,14 милијарди долари или 1,26 долари по корегирана акција. Бруто маржата достигнала 36,6 отсто, што претставува пораст во однос на минатогодишното тромесечие кога изнесувала 34,7 отсто. Меѓународната продажба претставувала 46 отсто од приходот на „Епл“ во четвртото...

Continue reading

Раст на бројот на странски туристи како и на остварени ноќевања

Post Views: 0 Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во септември 2019 година изнесува 122 645, а бројот на ноќевањата изнесува 275 892. Бројот на туристите во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, е зголемен за 12.8 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 6.0 %. Бројот на домашните туристи во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, е намален за 0.6 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 17.4 %. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, е намален...

Continue reading

aerodorom ohrid

Државата ќе субвенционира нови летови од скопскиот и охридскиот аеродром

Post Views: 3 Министерството за транспорт и врски наскоро ќе објави јавен повик со кој ќе бара нискобуџетна авиокомпанија која ќе добие државни субвенции за да воспостави авиолинии од скопскиот аеродром „Александар Велики“ кон Шпанија и Норвешка, вели министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. „Но, уште позначајно е тоа што ќе бараме да се воспостави директна линија од Охрид кон европска метропола, бидејќи сакаме и од Охрид да има редовни линии. Ќе одиме повторно со субвенции, со колкав износ ќе бидат ќе видиме, но рамката е 5 милиони евра во наредните три години. Условите генерално...

Continue reading

Незапирлив раст над сите очекувања на Facebook

Post Views: 0 Пред помалку од три години бројни пазарни аналитичари и новинари говореа за Facebook како издуван балон кој има многу корисници на кои не може доволно да се заработи и ја критикуваа мобилната стратегија на Zuckerberg, додека некои пак препорачуваа и продажба на акциите на оваа компанија. Ова се случуваше недолго по излегување на берзата и неколкуте месеци тргување со акциите на Facebook и се чинеше дека се заканува права катастрофа за компанијата. Ситуацијата овие три години радикално се смени, а колкав напредок е постигнат во времето од излегување на берза до денес...

Continue reading

,,ПАРИ” ОТКРИВА: Поразителен раст на бројот на затворени фирми лани-близу 7.000

Post Views: 2 Драстичен раст на бројот на затворени компании минатата година. Податоците говорат дека ланската година била погубна за приближно 7.000 компании или поточно 6.993 фирми ставиле клуч на врата. Во однос на 2020-тата година бројките покажуваат зголемување на бројот на згаснати фирми за дури 782 (во 2020-тата не преживеале 6.211 компании), обелоденуваат податоците од реномираната бизнис платформа БизнисМрежа.мк. Од друга страна, анализата на ,,ПАРИ” покажува дека самите економски показатели за 2021 година се поповолни отколку за 2020 година. Имено, 2020 година...

Continue reading

Вртоглав раст на цените на становите на охридското крајбрежје

Post Views: 0 Вртоглаво растат цените за метар квадратен на становите и апартманите во Охрид и крајбрежјето. Расте побарувачката за купување недвижности, а се зголемуваат и цените. Пазарот на недвижности бележи промени во изминатите три години, укажува Наташа Цветкоска Спасеска од Агенцијата за недвижности „Капитал“. Посочува дека според податоците од Народна банка растот на недвижностите во Македонија е за 11 проценти поголем, а во Охрид и повисок. Покрај влијанието на економскиот фактор како што се понудата и побарувачката врз зголемување на цената за метар квадратен се рефлектираат...

Continue reading

Нова методологија за раст на пензиите и пакет финансиска поддршка за пензионерите

Post Views: 2 Веќе се работи на методологија која ќе овозможи долгорочно и одржливо зголемување на пензиите, истакна претседателот на Владата Димитар Ковачевски. „Пензионерите се оние кои заслужуваат, после толку години изминат труд и даден огромен придонес за нашата држава, да имаат достоинствени пензионерски денови. Веќе работиме на анализи кои ќе бидат презентирани низ отворениот дијалог во кој ќе учествуваат и здруженијата на пензионерите и други заинтересирани страни како и надлежните институциите на Владата“, нагласи премиерот Ковачевски во својата изјава. Тој додаде дека...

Continue reading

logo

Колку пари дневно прави Чико „Гугл“?

Post Views: 2 Компанијата Гугл оствари резултати подобри од очекуваните во изминатиот квартал, односно во периодот од јули до септември забележала заработка од 2,97 милјарди долари, односно дневно близу 34 милиони долари. Приходите на компанијата се зголемени пред се поради огласувањето, а секторот за мобилна телефонија, кој го претставува Моторола, и понатаму бележи губитоци. Акциите на компанијата после објавувањето на податоците забележаа рекордна вредност од 941,25 долари, со раст од 6%.Платените кликови забележаа раст од 28% во однос на третиот квартал од минатата година, а 8%...

Continue reading

Zoran Stavreski

Светската банка ќе и помога на Македонија

Post Views: 0 „Нашата земја останува ориентирана кон обезбедување на финансиски средства од надвор, пари кои веруваме дека ќе ги добиеме под добри услови, иако пазарот на капитал станува се поризичен. Напорно работевме изминатиов период и тоа со добар партнер а тоа е Светска банка“, вели министрот за финансии Зоран Ставрески. „ Очекувам до крајот на годинава да ги обезбедиме средствата се работи за 130 милиони евра кои со помош на светска банка ќе бидат обезбедени под најдобри можени услови“, вели министерот за финасии Ставрески. Во однос на  пазарот на хартии од вредност вице премирот...

Continue reading

Осумнеделен континуиран раст на цените на нафтата на светските берзи

Post Views: 1 Изминатата недела имаше раст на цените на нафтата на светските берзи, осма недела по ред, како последица на тензиите меѓу САД и Русија, околу Украина, но и на проценките за зголемената побарувачка оваа година на рекордно ниво. Новите, највисоки цени на нафтата од крајот на 2014 година, најмногу се должат на скокот во петокот за три отсто, откако Белата куќа соопшти дека Русија сега има доволно војници да почне воена операција во Украина. Се тврдеше дека нападот може да се случи секој ден, па затоа, сите Американци би требало да ја напуштат Украина во рок од 24 до 48...

Continue reading

Intel со резултатите го нагласува понатамошниот раст

Post Views: 3 Intel Corporation ги соопшти приходите во првото тромесечие во износ од 12,8 милијарди долари добивка пред оданочување и износ од 2,6 милијарди долари нето добивка, и добивка од 0,41 долар по акција. Компанијата генерирала околу 4,4 милијарди долари во готово од операции, исплатила 1,1 милијарди долари дивиденда и употребила 750 милиони долари за откуп на 21 милион акции. “Приходите не се менуваа во однос на истиот период лани, при што двоцифрениот раст на приходите во подрачјето на податочни центри, инернет и меморија ги надокнади помалата побарувачка од очекуваната...

Continue reading

Третата економија во еврозоната би можела да биде поголем проблем од Грција

Post Views: 6 Ако кризата во Грција е акутна, тогаш онаа во третата економија по големина во еврозоната, Италија, може да се нарече хронична, наведува американскиот Wall Street Journal, додавајќи дека европската монетарна унија ќе се соочи со проблем многу поголем од грчкиот, доколку податоците од Рим во мај не покажат дека Италија е излезена од тригодишната рецесија. Италијанското стопанство всушност опаѓа веќе со десетлетија. Спрема податоците на ММФ во ’80-те просечниот годишен раст на БДП изнесувал 2,1% за да во ’90-те падне на 1,4%, а во првото десетлетие од овој век достигне...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top