Ознака: расправа

СЕ ОДЛОЖУВА ЈАВНАТА РАСПРАВА ПО НАЦРТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ВЛИЈАНИЕТО НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НА ЛОКАЛЕН ЕКОЛОШКИ АКЦИОНЕН ПЛАН (2019 – 2025) ОПШТИНА ОХРИД

Post Views: 5 Поради новонастаната состојба во врска со „Коранавирусот“ и препораките и мерките на Владата на Република Северна Македонија, Јавната расправа по нацрт извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина на локален еколошки акционен план (2019  – 2025) за општина Охрид, што требаше да се одржи утре, петок (27.03.2020) се одложува. За понатамошните активности поврзани со нацрт извештајот благовремено ќе бидат објавени на општинската веб страна.

Continue reading

zname

Велесилите денес расправаат повторно за Иран

Post Views: 0 Претставниците на петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации и на Германија в петок во Брисел ќе започнат нов состанок за иранската нуклеарна програма. Состанокот се одржува ден откако Иран го отфрли предлогот на Меѓународната агенција за атомска енергија од октомври, според кој Техеран би можел, своите залихи за ниско збогатен ураниум да ги праќа во странство, каде дополнително би ги збогатиле.На, состанокот, што ќе биде на ниво на политички директори, а на него ќе учествува и високиот претставник за заедничка и безбедносна политика на ЕУ Хавиер...

Continue reading

ЈАВНА РАСПРАВА ЗА НАЦРТ-ПЛАНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПРИРОДНОТО И КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО НА ОХРИДСКИОТ РЕГИОН 2019-2028

Post Views: 8 Министерството за животна средина и просторно организира Јавна расправа за Нацрт-планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028г. Ќе биде разгледан и Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на животната средина за планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028г. Јавни расправи ќе се одржат во Клубот на пратеници во Скопје на 11 ноември, со почеток во 12 часот. Во Охрид и Струга настанот ќе се одржи на 12 ноември во НУЦК “Григор Прличев“ со почеток во 12 часот и во салата на Советот на...

Continue reading

Јавна расправа по Нацрт закон за прогласување на Студенчишко блато за парк на природата

Post Views: 9 Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Општинa Охрид, организира јавна расправа по Нацрт на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата. Јавната расправа ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид на 23.02.2022 (среда) со почеток во 12:00 часот. Во салата ќе бидат почитувани пропишаните КОВИД мерки и ќе биде овозможено присуство на лица кои ќе покажат серитифат за вакцинација со две дози на вакцина или сертификат за прележан COVID 19 не постар од 6 месеца. Нацрт на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за...

Continue reading

sovetot za bezbednost

Советот за безбедност ќе расправа за идната цивилна мисија во Косово

Post Views: 4 Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за планот на генералниот секретар Бан Ки-мун за реконфигурација на меѓународната цивилна мисија на Косово. Според одредбите од планот, договорен меѓу ОН и Србија, идната цивилна мисија ЕУЛЕКС ќе има неутрален статус по однос на независноста на Косово, што, според српските медиуми, значи дека присуството на оваа мисија нема да претпоставува признавање на независноста. Планот предвидува и ОН да ја зачува контролата врз полицијата и цариниците во северно Косово, каде Србите се мнозинство. Во текстот се наведува дека претставникот...

Continue reading

Одржана втора јавна расправа за реконструкцијата на кејот

Post Views: 5 Општина Охрид одржа втора јавна расправа за реконструкцијата на градскиот кеј. Според проектот шеталиштето ќе се реконструира во должина од еден км од пристаништето до хотел Милениум, а во ширина ќе се продолжи во езерските води за 96 цм . Реконструкцијата ќе чини 1,2 милини евра финансиски средства кој ќе се обезбедат за проектот од Светска банка и дел од буџетот на општината. „ Неопходна е реконструкцијата на кејот. Проектот е одобрен од сите институции, од Управата за заштита на културното наследство, од Министерството за животна средина , изработен е елаборат за...

Continue reading

(ОБНОВЕНО) Одложена Јавната расправа за Студенчишко блато

Post Views: 2 Постапката за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата, која ја започна Министерството за животна средина и просторно планирање врз основа на иницијативата од Општинa Охрид и Студијата за негова валоризација изработена во 2020 год наиде на пречка. Јавната расправа по Нацрт законот за прогласување која денеска беше предвидено да се одвива како комбинација на онлајн и со вклучување на локалното население присутно во големата сала на општината започна со проблеми во комуникацијата и по кратко време беше прекината. Во салата владееше бурна атмосфера која модераторот...

Continue reading

ОДЛОЖЕНА ЈАВНАТА РАСПРАВА ЗА СТУДЕНЧИШКО БЛАТО

Post Views: 3 Денешната Јавна расправа, кој што требаше да се одржи по Нацрт на Законот за прогласување на Студенчишко блато за Парк на природата не се одржа. Одложувањето на расправата го предложи градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески со цел да се излезе во пресрет на граѓаните, односно предвидената расправа наместо онлајн, да се реализира со физичко присуство на сите претставници од институциите и експертите надлежни за носењето на Законот.

Continue reading

ЈАВНА РАСПРАВА ЗА СТУДЕНЧИШКО БЛАТО

Post Views: 1 Повеќе годишните напори за Студенчишкото Блато, ќе финишираат со законска рамка. Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Охрид, на 14 септември, организираат јавна расправа, по Нацрт Законот за прогласување на Студенчишкото Блато за парк на природата. Повеќе поединости за настанот прочитајте тука

Continue reading

Evropski parlament

Европскиот парламент денес ќе расправа за напредокот за Македонија

Post Views: 10 Европскиот парламент доцна вечер ќе расправа за извештајот подготвен од британскиот европратиник Ричард Ховит за напредокот на Македонија во 2013 година, јавува МИА. Во резолуцијата за која по вечерашнава дебата, европратениците ќе гласаат утре, Европскиот парламент уште еднаш го повикува Советот на Европската унија да утврди без одлагање датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Притоа се нагласува дека билатералните проблеми не треба да бидат пречка за почеток на преговорите, иако тие треба да бидат решени пред крајот на процесот за зачленување. Билатералните...

Continue reading

Охриѓани незаинтересирани за јавната расправа за нацрт фискалната стратегија и развојните програми на општината за 2017 година

Post Views: 1 Граѓаните не покажаа интерес за јавната расправа за нацрт фискалната стратегија и развојните програми на Општина Охрид за 2017та година. Во општинската сала се слушнаа само една пофалба и едно погрешно упатено прашање. Димитар Спасески, секретарот на општината, сепак е задоволен од настанот. „Очекувано е присуството на ова јавна расправа. Ова е 4 -та година по ред која како секретар ја водам и сум задоволен од тоа што граѓаните не чувствуваат потреба за оваа јавна расправа да дискутираат со Локалната самоуправа затоа што нивните барања се апсолвирани“, кажа Спасески. Спасески...

Continue reading

pedofil

Хемиска кастрација за македонските педофили?

Post Views: 7 Со измените на Кривичниот законик, ќе се воведе хемиска кастрација за педофилите, а затворските казни ќе се зголемат, најави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на денешната јавна расправа по предлог-законот за изменување и дополнување на кривичниот Законик. Според статистиката затворските казни се мали и недоволни. Досега има 139 осудени лица со правосилна пресуда за педофилија. Од нив 35 лица добиле затворска казна од 4 години, просечната казна е 6 години и ова е доволен аргумент за ниските казни. Поради тоа предложивме антитестостеронски третман, односно...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top