Ознака: ракета

Северна Кореја истрела неидентификувана ракета

Post Views: 3 Северна Кореја денеска истрела неидентификуван проектил во правец на исток, соопшти јужнокорејската армија. Јапонската крајбрежна стража наведува дека испуканиот проектил би можел да биде балистичка ракета, јавија некои светски агенции. Ова е трето лансирање што Северна Кореја го изврши оваа година. Претходно беа истрелани проектили на 5 и 11 јануари, а Пјонгјанг соопшти дека успешно е тестирана хиперсонична ракета.

Continue reading

Екстремен потез на воен пилот

Post Views: 1 Минатиот викенд се сруши Твитер поради историските самофотографирања (selfie) од Оскарите на Ellen DeGeneres, Bradley Cooper, Meryl  Streep, Brad Pitt, Angelina Jolie, Julia Roberts и останатите холивудски ѕвезди, но интренетот доби уште една ѕвезда на самофотографирањето а тоа е воениот пилот од Данска Thomas Kristensen кој станал вистинска интернет сензација  откако направил “selfie” во момент кога исфрла ракета за време на една воена вежба. Тој ги објавил фотографиите на Фејсбук и станале вистинска сензација. Kristensen е еден од најискусните дански пилоти, кој поминал...

Continue reading

Северна Кореја лансираше нова балистичка ракета

Post Views: 11 Северна Кореја лансираше балистичка ракета во морето во близина на нејзиниот источен брег, соопштија воените сили на Јапонија и Јужна Кореја. Лансирањето рано наутро на 11 јануари се случи кога Советот за безбедност на ОН се состана во Њујорк за да разговара за минатонеделното тестирање на она што Пјонгјанг го нарече хиперсонична ракета. Јужнокорејските воени претставници се сомневаат дали нивниот северен сосед вооружен со нуклеарно оружје навистина лансирал хиперсонична ракета, велејќи дека ваквите тврдења се „претерани“. Шест земји во Советот за безбедност на ОН,...

Continue reading

iranska raketa

Иран се подготвува да лансира вселенска ракета

Post Views: 0 Иран планира  наскоро да лансира ракета за носење сателит во орбитата, според иранските медиуми. На средбата со преставници на иранската заедница во Њујорк, претседателот Махмуд Ахмадинеџад изјави дека Иран наскоро ќе истрела ракета со 16 мотори, способна да изнесе сателит вo орбитата, на височина од околу 650 километри.Сателитот веројатно ќе биде телекомуникациски или истражувачки, за потребите на метеорологијата, забележаа светските агенции. Иран досега не споменувал дека има планови за лансирање во орбитата на сателити со воена цел. Техеран, овој месец, соопшти дека...

Continue reading

Северна Кореја потврди дека тестирала балистичка ракета

Post Views: 6 Северна Кореја потврди дека тестирала балистичка ракета со среден дострел, способна да стигне до американската територија Гуам, што претставува најзначајното лансирање оружје на државата во последните години. Пјонгјанг изврши рекордни седум тестови на оружје од почетокот на годината додека се закани дека ќе се откаже од самонаметнатиот мораториум за лансирање на оружје со долг дострел и нуклеарно оружје. Тестот на Хвасонг-12 беше дизајниран да ја оцени ракетата и нејзината точност – соопшти официјалната севернокорејска централна новинска агенција. Висок американски...

Continue reading

Технички детал кој ќе ги заштити цивилните авиони

Post Views: 4 Малезискиот лет веројатно е срушен со далекуметна ракета земја-воздух. Се поставува прашање зошто тоа е модерно, кога оружјето наведувано софтеврски е способно да нападне цивилен авион. Имено, сите цивилни авиони емитираат сигнал кој ги идентификува како цивилни. Во повеќето случаеви се спроведува протокол кој се вика Мод С кој не го користат воените авиони. Модерните, радарски наведувани ракети, како таа со која е срушен малезискиот авион, не обрнуваат внимание во кој мод е транспондерот на целта. Кога стрелецот ќе ја избере метата тие истата ја бараат. Сега кога постојат...

Continue reading

Плански и намерно срушен боингот на Malaysia Airlines

Post Views: 3 Доколку навистина се докаже дека патничкиот авион на летот МН17 за Куала Лумпур во воздушниот простор на Украина е срушен со ракета исфрлена од земја тоа сигурно не можело да се случи случајно. Тоа е направено намерно и плански. Неколку часа откако падна авионот се појавија нагаѓања дека авионот е срушен со ракета од моќниот руски противвоздушен систем Бук. Станува збор за систем од среден домет чии ракети ги рушат целите на висина од 25 км. со оддалеченост од 50 км. Да се погоди цивилен Боинг777 на 10.000 метри, за обучени корисници на овој систем, е исклучително лесна...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top