Ознака: проектот

Георгиески: Проектот за реконструкција на кејот е усогласен со УНЕСКО

Post Views: 1 Проектот за реконструкција на Кеј Македонија , за кој Општината има правосилно решение за реконструкција е усогласен со  насоките од  УНЕСКО, кажа градоначалникот на Охрид Константин Георгиески во вчерашното гостување на емисијта Топ Тема. Во нацрт-извештајот на УНЕСКО  членовите на Реактивната мониторинг мисија навеле дека иако сметаат дека е потребна реконструкција на кејот, постојниот  проект предвидува масивна бетонска конструкција и според нив неоправдано проширување на кејот со што ќе навлезе за околу 1,5 метар во езерото. Мисијата посочила дека проектот треба...

Continue reading

Гугл претстави смартфон со 3Д сензори

Post Views: 1 Гугл претстави прототип на смартфон со прилагодени хардвер и софтвер кој овозможува креирање на тродимензионални мапи на опкружувањето на корисникот. Сензорите на овој апарат прават повеќе од 250.000 3Д мерења во секоја секунда и ја освежуваат позицијата во реално време. Гугл соопшти дека оваа технологија има потенцијална примена во видеоигрите и мапирањето во затворен простор, што би го олеснило самосталното движење на лицата со ослабен вид. Компанијата понудила 200 прототипа на експерти за развој на апликациите, пренесува BBC. Гугл исто така соопшти дека неговото одделение...

Continue reading

Проектот „Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓу-граничната област – CONSE PP“ во финалната фаза на имплементација

Post Views: 1 Проектот „Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓу-граничната област – CONSE PP“ влегува во финалната фаза на имплементација. Главната цел на проектот е Заштита и конзервација на загрозени и автохтони видови флора во меѓу-граничната област, која ќе биде постигната преку приоритизација и конзервација на загрозените видови флора, развивање на структури за конзервација вклучувајќи и дигитални апликации и инфраструктури, како и подигнување на свеста со цел пошироко разбирање на важноста на одделните видови флора и нивниот биодиверзитет. Општината...

Continue reading

Проектот за изградба на Регионална депонија е во напредна фаза

Post Views: 6   Регионалната депонија во Југозападниот плански регион, сеуште останува еден од најприоритетните проекти за реализација. Најитна работа која што треба да се направи за изградба на регионална депонија е да се одреди локација, вели Слаѓан Пенев, од организацијата Форум Центар за стратешки истражувања. Додава дека најинтересно е тоа што секоја општина лобира кај нив да биде изградена регионалната депонија бидејќи гледаат кои се предностите од тоа, што во минатото не беше случај. „Дали со Јавно приватно партнерство, дали само тоа ќе биде во сопственост на регионалните власти...

Continue reading

ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ “OHRID GO”

Post Views: 9 Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, денеска го потпиша договорот за имплементација на проектот „Roads Not Taken: Municipality of Ohrid Going Green, Smart, Innovative (OHRID GO)“, кој е финансиран од страна на ЕУ преку програмата EU for Municipalities. Проектот има за цел зајакнување на капацитетот на локалната власт, пилотирање на неколку зелени, паметни и иновативни идеи кои се справуваат со локалните проблеми и овозможување на модуларност на интервенцијата со предвидување натамошна донаторска поддршка. Воедно, проектот таргетира економско закрепнување...

Continue reading

Врачени првите решенија за регистрација на фотоволтаични соларни системи преку проектот (МСИП)

Post Views: 10 Во Општина Дебрца, Директорот на АЕРСМ, г-дин Нехри Емрула ги предаде првите решенија за регистрација на фотоволтаични соларни системи кој се реализира преку Министерството за финансии со грант средства од Европската комисија во рамките на ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија за реконструкција и развој за Проектот за подобрување на општинските услугите (МСИП) и дел од добиените средства од овој грант ги искористи за: Проектирање и изградба на фотоволтаични соларни системи во рурални општини. Решенијата ги примија Градоначалникот на Општина Дебарца,...

Continue reading

belene

Ќе се гради или не нуклеарка во Бугарија?

Post Views: 3 Иако 60,6 отсто од излезените на референдумот ја поддржаа изградбата на нуклеарката Белене, сепак според официјалните податоци премалку за референдумот да биде обврзувачки. Бугарската влада ќе го искористи мнозинството што го има во парламентот за да ја наметне својата одлука во оваа земја да не се гради нова нуклеарна централа, и покрај тоа што во неделата мнозинството Бугари што излегоа на референдумот, само еден месец пред националните избори, се изјаснија за, проценуваат аналитичарите. Затоа конечната одлука ќе ја донесе парламентот, во кој доминираат коалициските...

Continue reading

РЕКОНСТРУИРАНИ САНИТАРНИТЕ ЈАЗЛИ ВО ОУТУ „ВАНЧО ПИТОШЕСКИ“

Post Views: 6 Како дел од проектот за локална и регионална конкурентност, во ОУТУ „Ванчо Питошески“ се изведе целосна реконструкција на санитарните јазли. Проектот е финансирани од Европска унија и кофинансиран од Владата на Република Северна Македонија и општина Охрид. Вредноста на проектот изнесува 574.695 денари.

Continue reading

По Финска и Холандија со проектот пари без работа

Post Views: 4 По примерот на Финска, и Холандија ќе дава надомест на невработени лица без ништо да работат. Експериментот во текот на 2017 година ќе биде тестиран во неколку градови во оваа земја. Мислењата за овој проект се поделени. Оние кои го поддржуваат моделот истакнуваат дека сиромашните и невработените на овој начин ќе бидат позаштитени, додека оние кои се против наведуваат дека поради овој модел никој од невработените нема да биде мотивиран да побара работа. Во Финска започна исплата на основната месечна плата од 560 евра, како дел од социјален експеримент, со цел да се намали...

Continue reading

ОПШТИНА ОХРИД СЕ ВКЛУЧИ ВО ПРОЕКТОТ „ОСЛОБОДИ ГО УМОТ ОД КОРУПЦИЈА“

Post Views: 3 Општина Охрид се вклучи во проектот „Ослободи го умот од корупција“ кој го имплементира Здружението на граѓани -театар „Боеми“ со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје и Министерството за локална самоуправа. Пред присутните на настанот, се обрати претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска. – Се работи за проект насочен кон борбата против корупцијата со вклучување и анимирање на бројни граѓански и професионални структури кои ќе бидат дел од мрежата „Развој“ чија цел ќе биде ефикасна борба против корупцијата, нејзино континуирано намалување и обезбедување...

Continue reading

Реализиран проектот „Ноќ со Андерсен“

Post Views: 3 Идејата потекнува од 2000 година од Чешка библиотека.Оваа година за првпат се вклучија и училишта од Македонија ,благодарение на Весела Богдановиќ светскиот учител и амбасадор. Цел на проектот:запознавање со голем број бајки,поттикнување желба и интерес за читање,унапредување вештини за читање,користење и селекција на достапни ресурси на оригинален забавен начин. OУ-Кочо Рацин-Охрид се вклучи со свои оригинални,креативни активности. Реализатори Виолета Петковска,Ивана Рилкова Томоска,Наташа Неданоска. На крај беше засадено Дрво на бајките во училишниот двор.

Continue reading

Наскоро се очекува почетокот на реализација на проектот Дувло или Свинишки извори

Post Views: 8 Наскоро се очекува да почне со реализација на проектот за подобрување на водоснабдувањето на Охрид и населените места од поранешната општина Косел од изворот Дувло или Свинишки извори. Капацитетот на изворот е 220 литри во секунда и со цевковод фи 400 и ќе биде во должина од 21 км. Владата и Локалната самоуправа финансиски ќе го поддржат започнувањето на проектот вреден 3,2 милиони евра, а парите се проектирани во буџетот , информира Свeтозар Стефановиќ,  дирeктор на ЈП Водовод . „Проектот ќе се изведува во две фази. Во првата фаза, околу 1,2 милиони евра средства се...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top