Ознака: пристигнаа

Пристигнаа првите израелски туристи во Охрид

Post Views: 9 Пристигна првата група туристи од Израел. 110 те туристи кои од Тел Авив пристигнаа вчера со чартер-летот на израелската авиокомпанија „Аркиа“, беа дочекани со традиционалната македонска закуска, искршено лепче, а топло добредојде им посака првиот човек на градот Никола Бакрачески. Градоначалникот истакна дека ова значе почеток на нова ера на привлекување на гости и пријатели од Израел во Охрид. „Се надевам дека со воспоставување на овие чартер летови три пати неделно, ќе имаме можност да нашите другари од оваа пријателска држава ги гледаме на охридското крајбрежје ова...

Continue reading

Пристигнаа првите холандски гости

Post Views: 0   Со воден мост во форма на виножито, традиционална македонска закуска, како и торта за добредојде, утрово на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ беа дочекани првите 180 туристи кои пристигнаа од Амстердам со чартер-лет на компанијата Корендон. Летово во Охрид, преку чартер-летовите на Корендон  и Аркефлај кои почнуваат во мај и ќе траат до октомври, може да се очекуваат над 25.000 туристи од Холандија. Во овој период, од двете компании заедно, се очекува во Охрид да долетаат над 150 авиони полни со холандски туристи. Грдаоначалникот Никола Бакрачески најавува...

Continue reading

karneval

Се е подготвено за најголемата забава на светот

Post Views: 3 Голем број на Бразилци веќе почнаа да се подготвуваат за најголемиот карневал во светот кој се одржува во Рио, а кој ќе започне на 9.февруари и ќе трае до 12.февруари. Улиците на Рио се преполни со луѓе кои преку предкарневалски забави ја загреваат атмосферата пред главниот настан.Ако досега праксата на туристите беше да доаѓаат веднаш пред фестивалот за да го видат спектаклот, сега тие доаѓаат и да ги погледнат подготовките. Оваа година се очекува на карневалот да присуствуваат околу пет милиони посетители, а дури 492 улици ќе бидат оспособени за перформансот, кои...

Continue reading

vozila

Пристигнаа новите возила за ЈП „Охридски комуналец“

Post Views: 1 ЈП „Охридски комуналец“ добива најсовремен возен парк во државава.Неодамна од ова јавно претпријатие истакнаа дека од  15 возила кои ги имаат во возниот парк   не се секогаш сите во исправна состојба. Инаку сега застарениот возен парк треба  се  обнови со 4  комунални возила и една рачна метачка за собирање на ситен отпад. Возилата ќе бидат промовирани денес во центарот на Охрид.

Continue reading

Играорците од КУД „Отекс“ пристигнаа во Германија

Post Views: 5 Младиот состав на КУД Отекс од Охрид безбедно пристигна во Германија. Охридското фолклорното друштво, со 33 годишна традиција, со целовечерен концерт ќе го претставува македонскиот фолклор на меѓународниот фолклорен фестивал во Германија. Овој реномиран фестивал важи за еден од најдобро организираните фестивали, а на него КУД Отекс досега се претставил веќе четири пати. Досега играорците од КУД Отекс патувале на многу турнеи во Америка, Португалија, Шпанија, Холандија, Германија, Данска, Србија, Бугарија. Велат дека сеуште има интерес кај младите за запишување во културно-уметнички...

Continue reading

Пристигнаа 500 000 вакцини од „Синовак“

Post Views: 8 – Во текот на претпладневните часови се очекува да пристигнат и останатите количини. Благодарност до Народна Република Кина за заложбите да ја добиеме оваа поголема количина на вакцини и за точноста во испораката на истите, потенцира министерот. Станува збор за вакцини што Министерството за здравство ги купи од кинескиот производител „Синовак“. Претходно, министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека ќе следува масовна вакцинација во сите вакцинални пунктови низ државата и повтори дека имунизацијата штити и од индискиот сој на вирусот. Во земјава во петокот попладне...

Continue reading

ftu

Пристигнаа Шангајските експерти, ќе ги чешлаат универзитетите

Post Views: 4 Експертите од Џао Тонг Универзитетот од Шангај, кој ја прави престижната Шангајска листа на топ 500 универзитети во светот, пристигнаа во Скопје и нивна задача ќе биде да направат ранг-листа на македонските универзитети, од најлошиот до најдобриот. Министерот за образование и наука, Никола Тодоров, рече дека сите високообразовни установи се должни да ги достават сите податоци кои ќе им бидат побарани кои се во функција на рангирањето. „Треба да се достават, без разлика на каков тип на податоци станува збор и финансиски и податоци за професорите, податоци за предавањата,...

Continue reading

aerodrom

Пристигнаа ѕвездите што ќе го отворат Охридско лето

Post Views: 2 Пристигнаа звездите на 54 тото издание на реномираниот фестивал Охридско лето, сопранистката Барбара Фритоло и баритонот Лео Нучи од Италија. Светски познатите уметници не го криеа задоволството што се во Охрид. Првите впечатоци ги добиле летајќи со приватниот авион над Охридското езеро. „Многу сме среќни што сме овде, прв пат сме во вашата земја мило ни е што ја имаме оваа можност да настапиме пред публиката во оваа прекрасна земја – вели Фритоли. Сите ми кажуваа дека ова е прекрасно место со убаво езеро и навистина е така. Ви ветувам дека утре ќе ви приредиме...

Continue reading

Пристигнаа вакцните на кинески „Синофарм“ во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид, од утре започнува масовната имунизација против Ковид-19

Post Views: 7 Од утре започнува процесот на масовна имунизација во земјава. Денес во спортската сала „Билјанини извори“ пристигна дел од пратката на кинеските „Синофарм“ вакцини. во периодов кој претстои ќе биде регионален центар за вакцинација против Ковид 19, за општините Охрид, Струга, Дебрца, Дебар, Кичево и Ресен. Здравствените работници апелираат до населението масовно да се вклучи во процесот на имунизација, бидејќи како што велат, тоа е единствениот начин да се извојува победа врз пандемијата. „Охрид како регионален центар е спремен за вакцинација на граѓани од градовите од...

Continue reading

Рано утрово пристигнаа долгоочекуваните двеста илјади дози на „Синофарм“ вакцината од НР Кина

Post Views: 0 Од вторник започнува масовната вакцинација на населението низ големите вакциналните пунктови во шесте големи градиво и Скопје. Министерот Филипче истакна дека Месец Мај е месец во кој се очекуваат уште пратки на вакцини и очекува до почетокот на летото да имаме висок процент на вакцинирано население што во целост ќе ја смени сликата со епидемијата во земјава. Рано изутрина пристигнаа 200.000 вакцини кои се купени со директни преговори со производителот „Синофарм“ од НР Кина. Министерот за здравство Венко Филипче, кој ја пречека пратката заедно со кинескиот амбасадор...

Continue reading

holangani

Првите холандски гости пристигнаа во градов

Post Views: 3 Од денес официјално започнува новата туристичка сезона. Претпладнето на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ пристигнаа првите холандски гости. Со чартер лет на Корендон и тур- операторот Фибула Ер Травел слетаа 189 патници. – Осми пат доаѓам во Македонија. Прв пат бев тука пред 7 години и навистина се вљубив во вашата земја. Среќна сум што сум повторно тука, ми надојдоа солзи во очите кога авионот слетуваше на аеродромот во Охрид, се осеќав како да си доаѓам дома , изјави една од гостинките од Холандија кои денес пристигнаа во Охрид.-Јас прв пат доаѓам тука....

Continue reading

pat galicica

Среде пролет, македонските патишта завеани во снег

Post Views: 0 Регионалниот пат „R 504“ преку планината Галичица, кој според минатогодишните најави на работната единица на „Македонија пат“ после долги години требаше да се одржува и во зима, и во средина на пролетта  сеуште непрооден. Во тоа можеа да се уверат и големиот број домашни и странски туристи, кои за време на овој празничен викенд, водени од желбата да уживаат во убавините на Галичица или на двете Езерата, наидоа само на фрустрација. До нашата редакција пристигнаа фотографии и реакции од еден наш сограѓанин, револтиран од како што вели тој несериозниот пристап кон патиштата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top