Играорците од КУД „Отекс“ пристигнаа во Германија

Охридските амбасадори на фолклорната традиција, младите играорци од КУД Отекс  пристигнаа во Германија.

 |   | 

Младиот состав на КУД Отекс од Охрид безбедно пристигна во Германија. Охридското фолклорното друштво, со 33 годишна традиција, со целовечерен концерт ќе го претставува македонскиот фолклор на меѓународниот фолклорен фестивал во Германија.

Овој реномиран фестивал важи за еден од најдобро организираните фестивали, а на него КУД Отекс досега се претставил веќе четири пати.

Досега играорците од КУД Отекс патувале на многу турнеи во Америка, Португалија, Шпанија, Холандија, Германија, Данска, Србија, Бугарија. Велат дека сеуште има интерес кај младите за запишување во културно-уметнички друштва, но и дека интересот за жал е опаднат.

Се надеваат дека многу повеќе млади ќе се запишуваат во друштвата за изучување на македонскиот фолклор.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top