Пристигнаа 500 000 вакцини од „Синовак“

Првиот авион од вкупната пратка од 500.000 дози вакцини, што ги купивме од производителот „Синовак“ слета утрово на скопскиот аеродром, објави македонскиот министер за здравство д-р Венко Филипче.

 |   | 

Во текот на претпладневните часови се очекува да пристигнат и останатите количини. Благодарност до Народна Република Кина за заложбите да ја добиеме оваа поголема количина на вакцини и за точноста во испораката на истите, потенцира министерот.

Станува збор за вакцини што Министерството за здравство ги купи од кинескиот производител „Синовак“.

Претходно, министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека ќе следува масовна вакцинација во сите вакцинални пунктови низ државата и повтори дека имунизацијата штити и од индискиот сој на вирусот.

Во земјава во петокот попладне пристигнаа уште 100.620 дози вакцини на „Фајзер“, што се набавени преку КОВАКС механизмот, откако пред две недели стигнаа 30.000 дози од кинеската вакцина од „Синовак“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top