Ознака: почитуваат

skuteri

Забрана за скутери на македонските езера

Post Views: 1 Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, забраната се однесува на пловните објекти „скутери“ со јачина поголема од 45 kw кои можат да пренесуваат максимум 3 лица. Ограничувањето важи од 11 до 18 часот секој ден за целата водена површина на трите езера, а е со времетраење до 20 август. Одлуката е донесена за заштита на граѓаните и сите домашни и странски посетители на езерата, односно поголема безбедност на капачите и заштита на животната средина на природните езера и не се однесува само на скутерите кои се наменети за службени потреби за вршење на...

Continue reading

pesaci

Пешаците не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи

Post Views: 2 Пешаците учесници во сообраќајот сеуште недоволно ја почитуваат хоризонталната и вертикална сигнализација и не го користат пешачкиот премин за префрлање преку коловозните ленти. Ова е констатација на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај-Охрид по вчерашната акциска контрола насочена кон оваа категорија учесници во сообраќајот и евидентирање на прекршоците што тие ги  манифестираат. При контролата извршена и кон возачите на моторни возила, забележано е нивно повремено непочитување на сообраќајните светлосни знаци и на знаците кои ги даваат овластените...

Continue reading

promocija Dimoski

„Полицијата и јавноста“, првенчето на Стефан Димоски, го здогледа светлото на денот

Post Views: 11 Подобро разбирање помеѓу новинарите и полицијата во нивното заедничко делување во интерес на граѓаните. Ова, меѓу другото е една од целите за кои е создадено првото дело на портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, насловено како „Полицијата и јавноста“. Влечејќи корени од неговиот магистарски труд кој ја обработува токму оваа тема, според Димоски оваа книга е обид да се приближат полициската и новинарската работа во насока на остварување на заедничките цели, расветлување на казнените дела во интерес на јавноста. Димоски додава дека неговото искуство како новинар надополнето...

Continue reading

plaza

При уредување на плажите да се почитуваат еколошките критериуми

Post Views: 6 На охридското крајбрежје пет плажи во должина од околу километар и пол ќе добијат современ изглед. По 120 метри плажа ќе се уредува во Далјан, Извиднички, Лагадин,  500 метри во Љубаништа и 700 м од каналот Студенчишта  до ресторанот Парк. Министерството за транспорт и врски ги одреди точните локации за нивно  уредување.  Од таму  креираа јавна анкета на која граѓаните  преку  електронско гласање ќе учествуваат во изборот на најдоброто идејно архитектонско урбанистичко решение за плажите. Од локалната самоуправа која располага со градежното земјиште дури по изборот на...

Continue reading

ezero

И ова лето забрана за скутерите

Post Views: 4 И ова лето забраната за скутерите важи во периодот од 11 до 19 часот. Од охридската капетанија објаснуваат дека во овој временски интервал е најголемата фрекфенцијата на капачи па затоа ќе се воведуваат засилени контроли како не би дошло до некоја несакана незгода. Капетан Горан Устијаноски вели дека колку што е во нивна можност ќе дејствуваат едукативно и  превентивно, но апелира управувачите на пловилата строго да се придржуваат до законите прописи, а доколку не се почитуваат од страна на инспекторите ќе следува забрана за пловидба, дециден е првиот капетан во Капетанијата...

Continue reading

alkohol

Алкохолните пијалоци ќе се продаваат до 21 часот

Post Views: 1 Од 1-ви мај во земјава на сила е  продолженото време за продажба на алкохолните пијалоци. Ваквото продажно време на алкохолните пијалаци ќе важи се до крајот на септември.Наместо до 19 часот, според „новото правило“ во трговските објекти алкохолните пијалоци ќе се продаваат од 6 до 21 часот. Иако се продолжува продажбата на алкохолните пијалоци, сепак и понатаму останува забраната за продажба на алкохол на бензинските пумпи како и на малолетниците. Законските одредби предвидуваат за оние кои нема да го почитуваат законот предвидени се санкции „забрана за вршење дејност“...

Continue reading

vmro - dpmne

ДПМНЕ: ВМРО-НП промовира и поттикнува беззаконие

Post Views: 0   Од ОК на ВМРО ДПМНЕ со реакција на денешната прес конференција на ВМРО НП во која стои: „Безидејноста на десното крило на СДСМ т.н. Народна партија продолжува секојдневно да ја манипулира јавноста. Познавајќи го историјатот на делување на Народна партија воопшто не не зачудува нивната промоција и поттик на беззаконието, на немањето на фискална дисциплина и на немањето одговорност кон градот и државата. Основите на државата се законите , нивното почитување и казнените одредби кои се предвидуваат во секој еден закон. ДОКОЛКУ НЕМА ПРЕКРШУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ , НЕМА НИ КАЗНЕНИ...

Continue reading

spor karpos

Грозданов: Ако Трудбеник не плати ги земаме становите

Post Views: 1 Само цврста гаранција на Градежната Фирма  Трудбеник може да ги куртули охриѓаните чии што станови се предмет на извршна постапка во наплата на долг кон АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. Првиот човек на АД Цветко Грозданов спремен е да направи мал попуст или повлекување доколку фирмата Трудбеник гарантира дека во одреден временски рок ќе го плати долгот кон АД, но не и да се откаже од заземањето на становите како дел од единствениот имот на Трудбеник со кој може да се подмири долгот. „Би сакал да ги убедам граѓаните кои што се засегнати во...

Continue reading

manu

Божиновска: Ставовите на научните институции треба да се почитуваат

Post Views: 0 Ставовите на научните институции треба да се почитуваат, и при градење на споменици и поставување обележја истите да не се прескокнуваат во процедурата, порача денес од Охрид претседателот на Комисијата за верски заедници Виолета Божиновска. Ова се однесува на неодамнешниот настан во Струга каде во неколку  струшки села беа откриени спомен плочи по повод сто годишнината од македонско-албанското востание против тогашниот окупатор, во присуство на претседател на Академијата на науки и уметности од Р. Албанија Музафер Куркути. Божиноска истакна дека на тој настан можеа...

Continue reading

motor

СВР Охрид со превентивни мерки за безбеден сообраќај летово

Post Views: 0 Со цел подигнување на безбедноста во сообраќајот, охридската полициска станица за безбедност во патниот сообраќај отпочна со зајакнати мерки и контроли на сите учесници во сообраќајот кои не ги почитуваат законските одредби за безбедност во патниот сообраќај. Во текот на вчерашниот ден, во времето од 13 до 19 часот активностите на СВР-Охрид беа насочени кон возачите на моторни возила и моторцикли при што биле контролирани вкупно 120  учесници од овие категории. И покрај досегашните укажувања, насоки и апели од страна на СВР Охрид, и понатака евидентна и несфатлива е...

Continue reading

dom

Почитување на еколошките стандарди на Охридското крајбрежје, побара Лилјана Попоска од Дом

Post Views: 2 Еколошките стандарди мора да се почитуваат на Охридското крајбрежје, порача од Охрид претседателката на Дом, Лилјана Попоска. Во охридскиот туризам  треба почитување на еколошките стандарди во повеќе области како што се  урбанизмот, колекторскиот систем, отпадот и бучавата, кажа Попоска. Додаде дека во  екологијата на туристичкиот центар  ќе требаат сериозни вложувања и домаќинско работење. Нашите советници од Дом ќе бидат дежурна еко патрола што ќе се грижи за тоа, потенцираше Попоска. „ Еколошките стандарди треба да важат за сите, тие да важaт и за срцето на Охрид...

Continue reading

pushenje

Нема лабаво!

Post Views: 2 Угостителите и гостите може да заборават на нивната омилена комбинација, филџан кафе и цигарa. Повеќе нема лабаво! Законот за заштита од пушење станува уште поригорозен. Паричните казни сега ќе се заменат со директно затворање на угостителскиот објект во кој не се почитува забраната за пушење. Фактот дека некои објекти упорно не го почитуваа законот, како да ги алармира пратениците, па така доцна синоќа Собранието експресно ги изгласа дополнувањата на Законот за заштита од пушење. Според последните измени и дополнувања, инспекторите имаат законска дозвола, доколку при...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top