Ознака: понуда

cresi

Охридската цреша долгошишка се враќа на пазарот

Post Views: 0  Црешата на голема врата се враќа во Охрид. Ова специфично овошје кое беше обележје на охридскиот регион речиси исчезна но од пред две години овоштарите со финансиска стимулација од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство повторно почнаа да создаваат црешови насади. Еден од нив е и Ванчо Стојаноски од село Оровник кој пред две години засадил 6000 стебла со цреша. Застапени се четири сорти па Стојаноски вели дека догодина кога веќе ќе се стасани за богат род бербата ќе трае околу 20тина дена. Тој објаснува дека црешата е четири до пет пати поисплатлива...

Continue reading

ruralen turizam

Локалната самоуправа ќе става поголем акцент на руралниот туризам

Post Views: 9 Локалната самоуправа преку Секторот за туризам и локален еконоски развој ќе посветува поголемо внимание на развојот на руралниот туризам. Во таа насока тие аплицирале со три конкретни проекти до Агенцијата за подршка на руралниот развој, за кои изразија надеж дека ќе им бидат одобрени. Сепак со повеќе детали околу содржината на проектите велат дека ќе излезат откако ќе добијат зелено светло од Агенцијата. Раководителот на секторот за туризам и локален економски развој, Ѓоко Апостолоски вели дека како дел од активностите за развој на руралниот туризам веќе пристапиле...

Continue reading

ohrid

Првата „Бела ноќ“ Охрид ќе ја доживее на 6-ти јули

Post Views: 1 Во координација со претставници на хотелско-угостителските објекти од нашиов град, Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, го иницира одржувањето на овој културен настан, чијашто цел е преку збогатување на туристичката понуда да се зголеми бројот на туристи во овој период од летната туристичка сезона. „На мое огромно задоволство и посетеноста на самиот состанок беше огромна и реакцијата беше фантастична, затоа што сите без никаква примедба ја прифатија оваа иницијатива, се сложија да ги исполнат оние обврски кои се преземени од нивна страна...

Continue reading

panoramski avtobus vo Ohrid

Охриѓани го испробаа двокатниот панорамски автобус

Post Views: 22 Денеска свечено беше одбележано примопредавањето на поклонот од Владата на Р Македонија, односно министерството за транспорт и врски, панорамскиот автобус.  „Охрид конечно го доби она што во повеќе наврати беше најавувано и требаше да биде реализирано.  Со овој современ автобус се збогати туристичката понуда на градов, а на туристите  ќе им овозможиме панорамско разгледување на Охрид и околината за прв пат во историјата на градов“, истакна градоначалникот Никола Бакрачески. „Ние сметаме дека поставувањето на една траса односно линија по која ќе се сообраќа овој современ...

Continue reading

Bakraceski

Бакрачески: На Охрид му треба универзална сала

Post Views: 5 Враќање на културата во градот со изградба на репрезентативен објект, Универзална сала, посебен приоритет на кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата , Др Никола Бакрачески. „Културата во Охрид е заборавена и се чуствува застој во културната понуда и културниот живот, нагласи Бакрачески. Тој потсети дека не треба да се заборави оти Охрид е изворот на културните и традиционални вредности, место од кое почнуваат многу процеси во културата, а со тоа и во политиката и целокупното живеење. „За таа цел еден од нашите позначајни проекти во овој сектор ќе биде...

Continue reading

blato

Студенчишкото блато, нова туристичка понуда

Post Views: 1   На повидок е нова туристичка понуда на Охрид. Студенчишкото блато  кое претставува своевидна реткост и богатство на ендемичен жив свет ќе биде новата атракција со која ќе се привлекуваат гости во градов. Неговата ревитализација започнува на почетокот на Октомври кога ќе се постават границите на блатото и ќе започнат градежните работи. Ќе се прават патеки од природен материјал со што блатото ќе се поврзи со езерото во онаа природна конекција што веќе ја има, вели Дејан Пановски од билатералниот секретарјат за заштита на езерото. Планирано е во овој природен резерват...

Continue reading

vasilj

Офталмологијата во Охрид, напредува

Post Views: 11 Првата операција во Македонија на катаракта со ултра звук е изведена врз охриѓанка. Тоа го направи стружанецот Др Наум Трпеноски, офталмолог, вработен во јавното здравство во Скопје. Тој воедно е и првиот офталмолог кој успешно изведе операција на катаракта врз пациент кој има Даунов синдром.Трпеноски вели дека, „Тоа се пациенти кои често неможат да ја издржат општата анестезија а бидејќи имаат некои срцеви малформации и малформации во органите за дишење и тешко е на нив човек да се одлучи да даде анестезија. Се работеше за девојка со катаракта на двете очи наша пара...

Continue reading

prezentacija na proekt

Општините од Југозападна Македонија заеднички до квалитетен туризам

Post Views: 2 Формиран првиот туристички кластер во Македонија. Преку овој кластер, со здружени сили на сите општини од овој регион, ќе се промовира туристичката понуда. Целта-подеднаков квалитет на туристичките услуги во целиот регион. Ред се редат начините и алатките кои се користат со цел Охрид и регионот да достигнат висок квалитет на туристичката понуда. Формиран беше туристички кластер на Југозападна Македонија. „Во време на глобализација, вмрежувањето на претпријатијата и соработката меѓу нив во кластери воопшто, подобро се носи со проблемите и кризите“-со оваа мисла координаторот...

Continue reading

promocija

Презентирани македонските туристички потенцијали во Холандија

Post Views: 0 Продолжува промоцијата на македонската туристичка понуда во Холандија и Шведска. Неодамна во Светскиот трговски центар во Амстердам-Холандија, во организација на амбасадорот г-дин Никола Димитров се одржа промоција на Македонија како туристичка дестинација, но и промоција на македонските вина. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија ги презентираше туристичките потенцијали на  Македонија пред повеќе од триесет холандски тур-оператори кои веќе ја нудат Македонија како туристичка дестинација, но и пред тур-оператори кои пројавиле интерес...

Continue reading

Jordan Trajkov

Јордан Трајков на чело на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот

Post Views: 22 Нов директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Јордан Трајков, сопственик на приватната винарија „Попова кула“, доаѓа на местото на Зоран Стрезовски, кој оваа функција ја извршуваше од формирањето на агенцијата. Во телефонски разгвор Трајков не информира дека неговото назначување на оваа функција доаѓа после истекот на мандатот на Стрзовски како директор, а истото е резултат на одлука на Владата на РМ. Инаку, деновиве, новоназначениот директор на ова тело оствари работен состанок со хотелиерите и сопствениците на агенции од охридско – струшкиот...

Continue reading

gimnazija

Каде на екскурзија и колку ќе чини?

Post Views: 4 Од три понуди за екскурзија во Прага, одбрана најсолената. Охридските средношколците на почетокот на Октомври ќе отпатуваат за Прага во рамките на редовната програма на Општинското Средно Училиште Св. „Климент Охридски“. Дел од родителите на учениците со допис до нашиот медиум реагираат околу постапката со организацијата на екскурзиите. Тие велат дека целата постапка е системско ограбување на родителите и прашуваат зошто секогаш доверба од ракводителите се дава на една иста агенција во случајот посочена е агенцијата Виспој. Првиот човек на охридската гимназија Наум Рилкоски,...

Continue reading

Metropol

Старт на турбo туристичката сезона

Post Views: 2 Веќе сме длабоко во овогодишната летна туристичка сезона. Македонските туристички работници, треба да се справат со сезоната, за која експертите кои се занимаваат со туризам, велат дека ќе биде една од најтешките. И додека за македонските туристички потрошувачи и оваа сезона, Грција е дестинацијата од соништата, македонската туристичка понуда повторно останува на маргините од интересот на македонскиот туристички потрошувач. Можеби најголема причина за слабиот интерес кај македонецот, тој да летува во нашите туристички капацитети, претставува високата цена на понудите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top