Post Views: 1
Започна промоцијата на протоколите или упатните механизми за постапување во случаи на семејно насилство. Националниот совет за родова рамноправност, во соработка со Светската здравствена организација и Министерството за труд и социјална политика, во рамки на Заедничката програма на Обединетите нации за превенција од семејно насилство организираат серија дводневни обуки за употреба на овие механизми во случаи на семејно насилство. Благородна Шопова од Националниот совет за родова рамноправност објасни кое е знаечењето од протоколите во овој случај.
„Проблемот е многу...
Post Views: 0
Исклучително значајна конференција на клириншките куќи од Централна и Источна Европа во Македонија. Теми за кои најмногу ќе се дискутира на конференцијата се влијанието на новите технологии кои водат кон подобрување на постојните и воведување на новите производи во платните системи, од локално па се до глобално ниво, значењето на платните системи и нивната ефикасноста за монетарната политика и финансиската стабилност на земјата и друго. Во врска со влијанието на новите технологии во банкарството и нивната употреба, првиот човек на НБРМ Димитар Богов истакна дека нашите...
Post Views: 1
Закажани за првата недела од месец јуни, се вбројуваат во редот на политичките фактори, кои исто така се и објективни фактори на кои не лесно може да се влијае. Во секој случај нивното влијание врз туризмот може да се очекува, велат туризмолозите. Професор доктор Науме Мариноски од ФТУ од Охрид, вели дека предверемените избори, може негативно да се одразат врз сезоната ако и само ако истите не бидат демократски. Но исто така нивното успешно спроведување, може да не претстави во светот како демократска земја која вреди да се посети, додава Мариноски.
„Сметам дека то...
Post Views: 2
Изборот на посвоители на деца отсега ќе се врши по електронски пат. Оваа измена минстертсвото за труд и социјална политика ја направи со цел да се избегнат евентуални злоупотреби и влијание на човечкиот фактор во процесот на посвојување, велат од ресорното министрство. „Во моментов постапката беше прекината од причина што се изготвуваше програма во која требаше да се внесат сите посвоители“, вели Павлина Пероска социјален работник од центарот за социјални грижи.„ По внесувањето на посвоителите во тој програм автоматски ќе може да се почне со започнување на посвојувањето...
Post Views: 7
Целата политичка јавност вечерва очекуваше разрешување на дилемата “ќе има ли вонредни избори“. Но, по се изгледа неизвесноста останува и понатаму. На вечерашниов состанок на Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, кој заврши пред еден час, ТВМ дознава дека е завземен став да се продолжи со досегашната политика во водењто на државата.
Составот на Централниот комитет бил информиран за актуелните случувања во земјава, а во врска со прашањето за вонредни избори ситуацијата е status quo. Будно ќе се следеле настаните во државава, како и однесувањето на опозицијата и доколку...
Post Views: 5
Не треба да се зборува туку треба да се делува. Трговијата со луѓе тема на уште една конференција. Но за жал и овојпат не беа предложени конкретни мерки за нејзино сузбивање туку само беше констатирано дека таа е во постојан пораст. Проектот против трговија со луѓе кој трае веќе 14 месеци е насочен кон зајакнување на граѓанските организации и нивно учество во спроведување на националниот механизам за упатување на жртви.
Целта на проектот е да ги приближи националните законодавства на сите земји учеснички, со законодавството на ЕУ. „Не можеме да кажеме која земја предничи...
Post Views: 8
По низата поскапувања, на ред дојде и сумата која родителите ќе треба да ја плаќаат за згрижување и воспитување на децата во градинките. Неодамна министерот за труд и социјална политика излезе со став дека според првичните проценки на Министерството за труд и социјална политика, цената на градинката треба да се покачи од сегашните 1.490 денари на 2.000 денари. Оваа изјава на министерот со свои сугестии ја поткрепија и Заводот за домаќинство и УНИЦЕФ.Најавата за веста дека ќе се зголеми цената за згрижување на децата во градинка ги вознемири охриѓани. Тие не...
Post Views: 4
Охридско лето не сака да ја дели Св. Климентовата награда со никого. Директорот и Управниот одбор на оваа институција сметаат дека неможат да се споредат со ниту една институција во однос на работите кои ги имаат направено за промоција на Охрид во изминативе 50 години.
„ Во врска со наградата мојот став лично но УО е дека оваа награда не треба да се прими во пакет со уште двајца. Не сакам никого да невредувам но мое мислење е дека фестивалот треба да биде единствен. Наградата нема да ја примиме во пакет“, вели в.д директор на НУ Охридско лето, Васил Зороски.
И претседателот...
Post Views: 11
Охридската детска градинка Јасна Ристеска не работи согласно Статутот, дециден Владо Суклоски. Најновите случувања во оваа установа не можат рамнодушно да се прифатат вели Суклоски, член на У.О. на градинката, претставник на Министерството за труд и социјална политика. Тој изјави дека соработниците по образование на градоначалникот време е да погледнат во статутот бидејќи според Суклоски, Статутот е правен документ донесен врз основа на законот и потврден од управниот суд и секое негово прекршување е индиректно кршење на законот. Суклоски вели дека посебно претседателот...
Post Views: 11
Изборот на нов директор во ЈДУ „Јасна Ристеска“ кочи. Како што досега се одвиваат работите не е исклучена можноста оваа установа некое време да остане и без директор.
Познато е дека на 15 ти овој месец истекува рокот на сегашната директорка Марина Петреска Тодороска. Како што ТВМ веќе информираше за оваа позиција доставени се 5 апликации на кандидати. Покрај актуелната директорка, на списокот се Ариф Коку, Вера Дукоска, Мери Рилкова, Роза Костоска, сите воспитувачки во оваа установа. Според претставникот на Министерството за труд и социјална политика Владо Суклоски,...
Post Views: 0
Со новите измени на законот за просторно и урбанистичко планирање, не само што се олесна постапката за добивање дозволи за градба туку се дефинира и ставот на локалната самоуправа.
Со новите ингеренции, советниците одлучуваат кој ќе добие локална урбанистичка планска документација со која може да се врши уредување и користење на просторот со определување на градежна парцела во и вон плански опфат.
Наезда на урбанистички планови. На неодамна одржаната девета седница на советот на општина Охрид, советниците во еден здив дадоа зелено светло по однос на дваесетина точки...
Post Views: 2
Жените се повеќе се вклучуваат во политиката. Тие секаат активно да учествуваат во донесувањето на одлуки кои ќе бидат во интерес на сите.
ТВМ разговараше со советничка од НСДП во новиот градски совет ,Верица Хајба.
1. Дали сте почувствувале дека жените се дискриминирани кога станува збор за политиката?
На еден извесен начин сум почувствувала дека се дискриминирани. Тука малку вината лежи и во жените, затоа што не наоѓаат сила, храброст да бидат упорни, истрајни понаметливи за да се изборат за своето место во политиката.
2. Еве вие активно влегувате во политиката,...