Ознака: поезијата“

зијадин села

Општина Струга ги бојкотира Струшките вечери на поезијата

Post Views: 22 Општина Струга оваа година ќе ги бојкотира Струшките вечери на поезијата. Причината, како што вели Градоначалникот Зијадин Села е непочитување на Законот за употреба на јазиците од страна на раководството и директорот на СВП. Села барал освен на македонски и англиски оваа манифестација да биде преведувана и на албански јазик. Тоа негово барање било одбиено со едно за него нелогично објаснување, а тоа е дека манифестацијата ќе била пренесувана во живо на првиот канал на националниот сервис. Струга е мултиетничка општина каде повеќе од 60% од населението е албанско па...

Continue reading

На 23-ти мај во Струга ќе се одржи „Трка на поезијата“

Post Views: 2 Под слоганот „Трчаме рецитираме“, во недела, на 23-ти мај во Струга ќе се одржи „Трка на поезијата“. Целта на настанот, како што соопшти организаторот, здружението „Спортски мостови“ од Струга, е да се подигне свеста на луѓето за важноста на физичката активност, како и промоција на спортот и трчањето. – Преку трката на поезијата, од пет и од 10 километри, Струга ќе биде домаќин на голем број успешни спортисти и атлетичари, спортски работници, како од нашата земја, така и од другите држави. Слоганот „Трчаме рецитираме“ дава многу убава релација на спортот и она што е...

Continue reading

Светскиот ден на поезијата одбележан во Охрид

Post Views: 5 Со цел да не се заборави класичната уметност и современата литература, денес во Охрид беше одбележан Светскиот ден на поезијата. Роднокрајните поетеси во НУ Библиотека „Григор Прличев“, денес презентираа дел од своите творби. Познатиот охридски писател Тоде Илиески истакна дека годинава денешниов ден е троен празник, што е ден на поезијата, е и ден на екологијата и пролетта. „За да направиме врска со светската поезија ќе биде претставен Шеј Маскини, ирскиот поет нобеловец од 1995 година кој е познат и на македонската публика бидејќи беше учесник на Струшките вечери на...

Continue reading

bei dao

Беи Дао е добитник на „Златниот венец“

Post Views: 4 Годинешниот лауреат, добитникот на златниот венец на поезијата на Струшките вечери на поезијата, Беи Дао е роден во Пекинг на втори август 1949-та година. Беи Дао е всушност неговиот псевдоним, кој е подарок од негов близок пријател, како почит кон северно кинеската провинција од каде се неговите корени. Беи Дао во превод значи северен остров, а Неговото вистинско име е Зао Зенкаи. Дао е еден од најистакнатите поети од таканаречената Емотивна школа, а неговите поем ибиле инспирација за петтоаприлското демократско движење од 1976-та година, познатите мирни протести од...

Continue reading

serote

Лауреатот на СВП Монгани Вали Сероте допатува во Струга

Post Views: 1 Во Струга се е подготвено утревечер да отпочне 51-то издание на Струшките вечери на поезијата. На годинашниот Фестивал ќе учествуваат околу 120 поети од земјава и од странство. Годинашниот лауреат, јужноафриканскиот поет Монгани Вали Сероте, веќе е во Струга, рече претседателот на Управниот одбор , поетот Славе Ѓорго Димоски. Зборувајќи за поезијата на  Сероте , Ѓорго Димоски истакна дека јужноафриканскиот  поет бил и политички активист. Тој за време на апартхејдот бил изложуван на репресии и бил затворан. Неговата борба се одсликува и во неговата поезија, рече Ѓорго...

Continue reading

Вечерва започнува 60-то издание на поетската манифестација „Струшки вечери на поезијата“

Post Views: 0 60-то издание на „Струшки вечери на поезијата“  ќе започне со изложбата 60 години „Струшки вечери на поезијата“ која ќе биде претставена на летната сцена при НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“  во 18:00 часот вечерва. Официјалното отворање ќе биде на летната тераса при хотел „Дрим“ со почеток во 20:30 минути, каде и всушност истата вечер ќе се одржи меѓународното поетско читање. Во петок на 27.08.2021 програмата ќе започне во 10:00ч со презентација на портретот на Ива Дамјановски, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2020 година. Потоа во текот на денот...

Continue reading

Hose Emilio Pacheko

Почина Хосе Емилио Пачеко, добитникот на Златен венец на „Струшките вечери на поезијата“ во 2013-та година

Post Views: 4 Струшките вечери на поезијата со огромно жалење ја примија тажната вест за смртта на Хосе Емилио Пачеко, еден од најголемите мексикански и светски поети и писатели, добитник на ,,Златен венец” на Струшките вечери на поезијата за 2013 година. Сочувствуваме со огромната болка на семејството заради ненадоместливата загуба.  на  бардот кој на светската литература и подари дело неодминливо по уметничките и естетски вредности. Во миговите на тага се потсетуваме на прекрасните мигови од неговиот престој во Република Македонија во 2013 година, кога му беше врачен ,,Златниот...

Continue reading

Чарлс Симиќ е добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата

Post Views: 14 Чарлс Симиќ поет од САД е добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2017 година. Ова беше соопштено денеска на свеченоста во Македонската академија на науките и уметностите во Скопје. Со наградата „Златен венец“, како што стои во одлуката, се наградуваат високите уметнички достигнувања на Симиќ, особениот поетски израз и поетиката на страсното и луцидно сведоштво на новото време. Тој е познат на сите меридијани, на сите континенти, ги има добивано сите најзначајни награди во Америка, а некои и во Европа, а еве сега се закити и си Златниот венец...

Continue reading

spomen obelezja

Украдени спомен обележјата во Струга

Post Views: 8 Спомен плочите на лауреатите од струшкиот парк на поезијата, мета на вандалистите. Засега непознат сторител или сторители украле вкупно 27 месингани плочи. Оваа појава во Струга евидентна е веќе подолго време. Тоа не се случува само на плочите од лауреатите, туку и врз неколку бисти на паднатите борци од НОБ, заслужни граѓани на Струга. Очигледно поради замижување на релевантните фактори пред ваквите дела, сторителите имаат одврзани раце да посегнат по криминал од ваков вид. Стружани во неколку наврати укажуваат на тоа и го осудуваат овој вандалски чин.– Тоа само...

Continue reading

bokova

Директорот на УНЕСКО во посета на Македонија

Post Views: 6 По повод златниот јубилеј на реномираната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“ денеска и утре, во официјална посета на Република Македонија ќе престојува генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова. Како што соопшти Министерството за култура, во текот на денешниот ден,  Бокова придружувана од министерката за култура и претседателка на Националната комисија на УНЕСКО Елизабета Канческа-Милевска ќе го посети Музејот на вода во Охрид, а во вечерните часови ќе присуствува на презентацијата на поетскиот портрет на годинашниот лауреат на СВП, Матеа Матевски. Утре,...

Continue reading

Jubilej Strushki veceri na poezijata

Јубилеј за паметење

Post Views: 1 Струга, еден од највоспеаните градови во светската литература во Македонија, е прагот низ кој поминале илјадници поети, кои на илјадници јазици ги испеале своите поеми. Со музичката изведба на антологиската поема Т’га за југ, од страна на тенорот Благој Нацески и палењето на фестивалскиот оган, синоќа беше означен почетокот на 50-то јубилејно издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата. На свеченото отворање на манифестацијата кои се случи на Мостот на поезијата,  беа прочитани и стихови од досегашни добитници на Златниот венец на поезијата како и од годинешниот...

Continue reading

SVP

Вниманието на светската јавност свртена кон поетска Струга

Post Views: 2 Започнаа „Струшките вечери на поезијата“. Поети од 70 земји од 5 континети на поетски средби во градот на поезијата. Утрово лауреатот Матеја Матевски во друштво на организациониот фестивалски одбор, градоначалнкиот но и поети засади дрво во паркот на поезијата, со што остави белег на годината кога тој го понесол оваа значајна светска награда. За жал пресс конференцијата посветена на годинешниот лауреат Матеја Матески започна со непријатна вест. Утрово во Скопје почина поетот  Петре Бакевки, човекот кој во повеќе наврати беше претседател на комисисјата на СВП, од 1974...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top