• Почетна
  • Archive
  • Сцена & Муабети
  • Почина Хосе Емилио Пачеко, добитникот на Златен венец на „Струшките вечери на поезијата“ во 2013-та година

Почина Хосе Емилио Пачеко, добитникот на Златен венец на „Струшките вечери на поезијата“ во 2013-та година

Струшките вечери на поезијата со огромно жалење ја примија тажната вест за смртта на Хосе Емилио Пачеко, еден од најголемите мексикански и светски поети и писатели, добитник на ,,Златен венец” на Струшките вечери на поезијата за 2013 година.

Hose Emilio Pacheko
Хозе Емилио Пачеко

Струшките вечери на поезијата со огромно жалење ја примија тажната вест за смртта на Хосе Емилио Пачеко, еден од најголемите мексикански и светски поети и писатели, добитник на ,,Златен венец” на Струшките вечери на поезијата за 2013 година.

Hose Emilio PachekoСочувствуваме со огромната болка на семејството заради ненадоместливата загуба.  на  бардот кој на светската литература и подари дело неодминливо по уметничките и естетски вредности. Во миговите на тага се потсетуваме на прекрасните мигови од неговиот престој во Република Македонија во 2013 година, кога му беше врачен ,,Златниот венец” за особените остварувања на неговото поетско творештво.
Хосе Емилио Пачеко е роден во Мексико Сити во 1939 година. Предавал книжевност на многу универзитети во Јужна Америка, САД и Канада. Бил член на Мексиканската академија на јазиците. За своето исклучително поетско творештво многукратно е наградуван, а лауреат е и на големата награда ,,Сервантес”.

Горди сме на тоа што имавме една таква прекрасна личност и творец за лауреат на најпрестижната светска награда за поезија. Неговото поетско дело ќе продолжи да живее и низ препевот на македонски јазик.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top