Ознака: Петрески

dejan panovski

Охрид и при обичен дожд се поплавува

Post Views: 2 И во Скопје се слушна за проблемите на Охрид кога има пообилни врнежи од дожд. Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Паноски на пресс конференција која се одржа во главниот град рече дека Општината Охрид со години наназад не го решава проблемот со атмосферската канализација.За Александар Петрески се друго е приоритет, освен решавањето на овој     горлив проблем, подвлече тој.Сликите од поплавата во Охрид, се слики на град како од 18 век, без основни услови за живот. Поплавени домови, преплавени улици, атмосферска канализација која нефункционира, е...

Continue reading

vmro dpmne

Петрески си ја призна грешката

Post Views: 5   Осум години манипулација со граѓаните и градот. Но дојде момент градоначалникот Александар Петрески да си ги признае грешките, велат од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Петрески и неговиот тим во урбанистичката и организационата  сфера направија голем број грешки кои многу ќе ги чинат на изборите кои доаѓаат, додаваат од таму.Петрески и неговиот тим  ја признаа грешката  со начинот на управувањето на паркинзите во Охрид — велат од Општинсскиот комитет на  ВМРО ДПМНЕ.  Но, тоа што три дена после тоа признание Петрески нема храброст да ги врати паркинзите под управување...

Continue reading

sednica1

Петрески се попишмани

Post Views: 3 Градоначалникот Александар Петрески се попишмани. Останува неизвесно, дали ќе има или не, раскинување на договорот со концесионерот на паркинзите во централното градско јадро. Ставовите на советниците на охридскиот совет околу проблемите со паркинзите кои што во неколку наврати ги актуелизираше ТВМ, ги добивме пред и да започне 53 тата седница, на чиј што дневен ред се очекуваше расправа точно за тоа. „Денеска не видовме точка на дневен ред каде градоначалникот ќе го оствари своето ветување“, реагира координаторот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ Дејан Паноски....

Continue reading

kurban bajram

Муслиманите празнуваат

Post Views: 1 Верниците од исламска вероисповест го слават Курбан бајрам или празникот на жртвата. На првиот ден од 4-дневниот празник се изведува молитвата за Бајрам – бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан која има симболика на приближување кон Бога. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност за тоа. Оние кои принеле жртва, потоа раздаваат од месото на сиромашните, соседите и роднините. Колењето на курбанот и годинава во Охрид го спроведе здружението Атлас.   „Денеска се колат 18 големи глави,...

Continue reading

kapela

Муслиманите ќе почекаат за изградба на капела

Post Views: 15 Муслиманската капела доби темели и на тоа остана. Изградбата е стопирана скоро година дена поради немање на доволно финансии и за истата не е прибрана потребната техничка документација, информираат од ЈП „Градски гробишта“. Првиот човек на ЈП, Драган Пандески,  вели дека од нивна страна вложуваат максимални напори за да се изгради овој објект, но признава дека работите одат тешко. Тој додава дека клучот за изградба е во Министерството за финансии кое не го одобрила кредитот наменет за изградба на капелата. „Во моментов немаме изведувач. Вие знаете дека Советот на општина...

Continue reading

secenje lenta igralishte

Свечено отворени детски игралишта по повод 11 Октомври

Post Views: 8 Новоизградените детски игралишта во населбата „Гоце Делчев“ позната како „Бараки“ и игралиштето во близина на кружниот тек кај болниците, денес добија и официјална промоција. Нишалки и забавни реквизити, кошеви и игралиште за фудбал за најмладите, но и уреден парк за постарите лица. А најмладите воодушевени од новите реквизити. „Јас сум многу задоволна од овој парк“ „Јас сум многу задоволен за паркот во населбата „Гоце Делчев“ и честит празник.“-рекоа дел од нив. Градоначалникот Петрески смета дека овие игралишта им се потребни на најмладите и вели дека во иднина очекува...

Continue reading

problem greenje

Се најде ли решение за проблемот со греењето во ОУ „Климент Охридски“?

Post Views: 2 Се наѕира ли конечно решение за проблемот со затоплувањето во основното училиште „Свети Климент Охридски“? Како причина број еден за овој сериозен проблем, се смета старата и дотраена дограма во ова основно училиште. Според зборовите на првиот човек на градов, градоначалникот Петрески, за скоро време и овој проблем би требало да добие своја разрешница. „Свети Климент училиштето ние имаме намера да ја смениме дограмата бидејќи е стара, дрвена дограма и бевме до пред некој месец убедени дека со Норвешката амбасада имавме проект дека тие ќе вложат како амбасада за тоа...

Continue reading

orden

Добар повод за прием кај градоначалникот

Post Views: 28 Орденот „Златна есен-Сергеј Есенин“, кој годинава падна во рацете на поетот Славе Ѓорго Димоски е големо признание. Денес по тој повод, Димоски имаше посебен прием од страна на градоначалникот Александар Петрески, претседателот на Советот Душко Јаковчески, како и од раководителот на Секторот за образование Серафим Наумоски. Важноста на орденот е посебно значајна бидејќи доаѓа од Русија, земја која важи за една голема културна средина, каде литературата секогаш е во преден план, вели добитникот на орденот велестовскиот поет Димоски. „Со самиот орден мене ми е отпечатена...

Continue reading

penzioneri

Успехот на пензионерите, успех на градот

Post Views: 0 Пензионерите уште еднаш докажаа дека и третата доба од животот на еден човек може да биде многу убава, исполнета со голем број активности кои дават посебна смисла на живеењето, рече Градоначалникот Александар Петрески на денешниот прием на екипата на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца,  која постигна огромен успех на Спортска пензионерска олимпијада во Скопје. Петрески подвлече дека пензионерите се тие кои го граделе нашето минато, а ние треба да им овозможиме убава иднина. Градоначалникот вети дека ќе им помогне во решавањето на нивните проблеми. Тој денеска...

Continue reading

dupka

Пропустите во проектот излегоа на виделина, обвинува Петрески

Post Views: 3 На раскрсницата, кај Булевар Туристичка и Јане Сандански во близина на Мини Маркетот, пропадна асфалтот и се појави огромна дупка. За среќа, избегната е несреќа од големи размери. Екипи од Секторот за патишта и комунален развој при локалната самоуправа од рано утрово работат на санирање на оштетениот коловоз.  Местото го посети Градоначалникот Александар Петрески со стручни лица од локалната. Криминалниот и нестручно изведен проект за поставување на атмосферска  канализација во 2002 година е причина за големото оштетување, обвини Петрески.   „ Криминалот е што работата...

Continue reading

memorandum na sorabotka

Градоначалникот и СОНК потпишаа меморандум

Post Views: 12 Градоначалникот на Охрид Александар Петрески и претседателот на  СОНК – Регионален одбор – Охрид,  Ацо Речкоски, денес потпишаа меморандум за соработка.  Според меморандумот, Општина Охрид  ги презема трошоците за превоз на наставниците. Но соработката не е само тоа, туку Регионалниот одбор  на СОНК од  Охрид и локалната со овој меморандум ја зајакнаа редовната комуникација и се обврзаа дека и во иднина сите проблеми ќе ги решаваат во духот на социјалниот дијалог  и ќе преговараат и ќе се договорат за сите прашања кои се од нивна надлежност. „Во однос на патните трошоци...

Continue reading

lokalna samouprava

Локална:„ОК НА ВМРО- ДПМНЕ конечно призна зошто го кочи еазвојот на Охрид“

Post Views: 8 „Општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ на денешната прес конференција, конечно призна зошто го кочи развојот на Охрид и им прави големи штети на граѓаните. Признаа дека го забавувале процесот за реализирање на капиталните инвестиции како што се катната гаража и автобуската станица, од ситно партиски интереси. Во ОК на ВМРО- ДПМНЕ треба да знаат дека Деталните урбанистички планови не ги носи градоначалникот, туку Советот на Општина Охрид, по претходно добиени согласности од Министерството за транспорт и врски и други надлежни органи, на чие чело се луѓе од нивната партија....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top