Ознака: патрон

patronat Grigor Prlicev

Основците од „Григор Прличев“ достојно го одбележаа својот патрон

Post Views: 16 Со песни, игри, прекрасна ликовна изложба, литературни творби и драмски изведби, учениците на ОУ „Григор Прличев“ му оддадоа почит на својот патрон, најголемиот охридски поет, Григор Прличев. Полната сала во Центарот за култура беше претесна за да ги собере родителите и роднините на младите ученици кои со своето залагање достојно го износија името на својот патрон. Директорката на ОУ „Григор Прличев“, Силвија Мојсоска вели дека иако е товар да се носи името на најголемиот охридски поет, залагањето на учениците, професорите заедно со родителите, прават тој товар да е...

Continue reading

patron

Достојно одбележан патронот на ОСУ „Св Климент Охридски“

Post Views: 3 ОСУ „Св Климент Охридски“ достојно го одбележа својот патрон. Синоќа пред бројната публика во ЦК „Григор Прличев“, беше одржана свечена програма на гимназијалците од ова училиште. Училишниот хор заедно со рецитаторската секција се покажа во вистинско светло, така што прсутните ги оставија без здив. Тие приредија незаборавна едночасовна програма исполнета со песни и поезија. Директорката на гимназијата Вера Јовческа во  своето обраќање нагласи дека и годинава докажале дека се достојни следбеници на Климентовото дело.  „Најважниот мотив за работа е задоволството што...

Continue reading

patron

Добар повод за посета

Post Views: 1 СОУ „Ибраим Темо“ денес го одбележа својот патрон. Со едночасовна културно уметничка програма, на три јазици, македонски, албански и турски, учениците докажаа дека ова училиште не е веќе место на немири туку поле на меѓуетнички соживот. „Ибраим Темо“ е дел на првата гимназија во Струга која била основана во далечната 1960 год, со 123 ученици распоредени во 3 паралелки, 2 на македонски 1 на албански јазик. Во присуство на голем број ученици, гости, професори и видни личности од Струга и пошироко, учениците денес докажаа дека се надминати бариерите на меѓуетничка нетолеранција...

Continue reading

ucenici Grigor Prlicev

Основците од „Григор Прличев“ му оддадоа почит на својот патрон

Post Views: 14 Младите ученици од основното училиште „Григор Прличев“ на достоен начин го одбележаа патронот на нивното училиште. Свечената приредба беше навистина свечена, а за тоа да биде така, се погрижија токму учениците од ова училиште и нивните ментори.   Центарот за култура кој исто така го носи името на охридскиот ловороносец, беше местото на кое се собраа родители, наставници, ученици за да му оддадат почит на големиот поет. „Колку и да зборуваме за делото и животниот пат изминат од нашиот патрон, никогаш нема да бидат доволни зборовите, туку треба само да ги продолжуваме...

Continue reading

kliment

Свети Климентовата награда во рацете на поетот Ѓорѓо Димоски

Post Views: 0 Свети Климентовата награда годинава во рацете на истакнатиот поет Славе Ѓорго Димоски. Ова највисоко општинско признание, наградата Патронот на градот – Св Климент Охридски, на Димоски му е доделена за неговиот особен придонес во современата македонска литература и поезија. На денешното  претставување на имињата на годинешните лауреати, градоначалникот Александар Петрески истакна дека Свети Климентовата награда ќе биде врачена во вистинските раце на едно маркантно име во литературата, кој зад себе има над триесет годишен поетски и есеистички опус. „Творештвото на Славе...

Continue reading

приредба

Приредба по повод патронот на О.У. „Григор Прличев“

Post Views: 3 Традиционално и годинава О.У. „Григор Прличев“, го одбележа својот патрон. Во рамките на одбележувањето преку низа активности, учениците, како и целокупниот наставен кадар, добро се покажаа пред охридската јавност, синоќа во Центарот за култура. Најмладите со нетрпение чекаа да се претстават. Полни со емоции, а пред се максимално концентрирани за настап, кажаа дека чест е да се биде учесник во програмата за одбележувањето. Основците преку својот настап низ музика, игра, песна, рецитал и други точки го потврдија својот талент. Исто така воодушеви и настапот на учениците...

Continue reading

Bista

Трајна вредност

Post Views: 2 Одбележувањето на патронот на ОУ “Григор Прличев”, годинава ќе биде спектакуларно. Охрид деновиве во знакот на чествувањето на делото на Прличев. Годинава се навршуваат 150 години од Прличевото поднесување на поемата за добивање на Ловоровиот венец во Атина. А  во ОУ „Григор Прличев“, веќе два месеци течат подготовките за патрониот празник на училиштето, 6 февруари. За протоколарниот дел по повод одбележувањето на патронот кажа директорот на училиштето Сашо Ставрески. „Низа активности ќе бидат дел од богатата програма која нуди интересни содржини, што ќе го привлечат...

Continue reading

monografija

Охридската библиографска ризница збогатена со две нови книги

Post Views: 3 Промовирани две книги во рамките на програмата за одбележување на 8 декември патрониот празник на Охрид.   Постхумно објавена книгата „Песни и ора пеени и свирени од ансамблот Охридски трубадури“, од Стојан Златаноски. Златаноски беше музичар и виолинст кој ја овековечи охридската староградска песна во оваа книга, истакнаа рецензентите на книгата историчарот Виолета Ачкоска, и неговит еколеги музичарите Стојан Стојков и Љупчо Соколов.Книгата на професорот по музика Стојан Златаноски ќе биде драгоцен материјал за сите заинтересирани од областа на музиката, историјата...

Continue reading

академија

До каде ќе се оди со Светиклиментовите награди?

Post Views: 2 Се прекинува традицијата која се практикуваше години наназад. Имено, Свечената академија по повод 8-ми декември, денот на Св. Климент Охридски – Патронот на Охрид, годинава нема да се одржи. Оваа престижна манифестација,  со која на едно место се собираа сите позначајни луѓе од градов, Локалната самоуправа од Охрид одлучи да не се одржи. Ова е одлука на Комисијата на Советот на општината за одбележување празници и манифестации, доделување награди и признанија, донесена по доставен предлог од страна на Локалната самоуправа од Охрид. На  денот на празникот, 8-ми...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top