Охридската библиографска ризница збогатена со две нови книги

Промовирани две книги во рамките на програмата за одбележување на 8 декември патрониот празник на Охрид.

 |  Валентина Нелоска  | 
monografija
монографија

Промовирани две книги во рамките на програмата за одбележување на 8 декември патрониот празник на Охрид.

 

monografijaПостхумно објавена книгата „Песни и ора пеени и свирени од ансамблот Охридски трубадури“, од Стојан Златаноски. Златаноски беше музичар и виолинст кој ја овековечи охридската староградска песна во оваа книга, истакнаа рецензентите на книгата историчарот Виолета Ачкоска, и неговит еколеги музичарите Стојан Стојков и Љупчо Соколов.
Книгата на професорот по музика Стојан Златаноски ќе биде драгоцен материјал за сите заинтересирани од областа на музиката, историјата и фолклористиката, истакна неговиот брат Проф. д-р Мито Златаноски, и самиот 30 години дел од ансамблот Охридкси трубадури.
„ 20 години Поетска ноќ во Велестово“, е втората промовирана Монографија. Митре Велјаноски советник за образование и култура од локланата самоуправа истакна дека опстојувањето на Манифестацијата се должи на големиот ентизијазам на нашиот поет Славе Ѓорго Димоски.
„Само поезијата е чувар на јазикот. Посебно во ова време на глобализација кога малите јазици како нашиот се склони кон исчезнување бидејќи се под немилосрден радиоктивен ,интернационалистички, лексички дожд“,  истакна при тоа поетот Славе Ѓорго Димоски.
Инаку на оваа поетска манифестација учествувале плеада врвни  македонски поети и сликари. Монографијата „20 години Поетска ноќ во Велестово“ ќе биде промовирана и во МАНУ, во Скопје. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top