Post Views: 1
Сопствениците на куќите кои се без фасада се ставени пред тешка дилема како да ја завршат последната фаза од изградбата на својот дом во услови на тешка економска криза. Во недостиг на финасии сега се растргнати меѓу високите казни од кои боли глава и своите можности за да ја завршат и обојат надворешноста на својот дом. Раководителот на комуналниот инспекторат Танас Танасоски вели дека засега немаат точна цифра на нефасадирани објекти во Охрид. Нивните сознанија се дека повеќето нефасадираните објекти се во руралните средини, а во градот нивната бројка е помала.Во...
Post Views: 0
Министерството за култура повеќе од 4 години нема одвоено пари за експропријација на објекти на кои се откриени различни археолошки наоди. Нетрпеливи стануваат и сопствениците на објектите кои чекаат да се решат имотните односи.. Директорот на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска, изјави за ТВМ дека нивната институција конкурирала со проект за 2012 година за одобрување на финансиски средства за оваа намена. Од Завод и Музеј не откриваат колку пари побарале од ресорното министерство. Кратко велат дека ќе чекаат на одлуката до март идната година дали ќе добијат...
Post Views: 5
Со мозаиците во земјите од Југоисточна Европа различно се постапува. Се зависи од тоа колку пари се одвојуваат за нивна рестарвација и конзервација се согласија учесниците – конзерватори на меѓународната стручна средба што се одржува во Охрид.
На некои архолошки локалитети мозаиците се достапни и во добра зачувана состојба, но некаде се запоставени и покриени со песок и далеку од очите на јавноста. Се зависи од тоа колку пари државите имаат за да ги зачуваат од забот на времето и да ги приближат до посетителите. „Македонија е една од поретките земји која полага...
Post Views: 5
Концесионерите и годинава остана незаинтересирани да склучат договори со Комуналец за подигање на сметот. И Министерството за животна средина оваа сезона не одобри пари на комуналец за чистење на плажите кои државата ги издаде под закуп.
ЈП „Охридски Комуналец“ и Локалната самоуправа презедоа да ги чистат плажите кои не се под концесија за да го спасат имиџот на чист град кој го гради јавното претпријатие, вели првиот човек на Комуналец, Сашо Алчев. Се чистеа плажите во Св Стефан, Пештани, Трпејца. Но, концесионерите, пак кои заработуваат од плажите и треба да се најзагрижени...
Post Views: 1
Разни професионални профили се повеќе меѓусебно си стануваат нелојална конкуренција. Хотелиери, сопственици на туристички агенции, рецепционери, бродари се ангажираат како туристички водичи и за мали пари го дополнуваат својот семеен буџет. Со тоа прават нелојална конкуренција, се жалат професионалните туристички водичи. Во потрага по егзистениција се руши цената на туристичките водичи. При тоа, голем е бројот на водичите кои добиваат лиценца без да положат писмено и усмено познавање на странски јазик. Познавањето на странскиот јазик го докажуваат само со потврда за...
Post Views: 0
Историчарот, Проф.д-р Павле Митрески, една година ја чека ветената финансиска помош од Локалната самоуправа да биде испечатена Монографијата за Охридската гимназија. На подготовката на книгата која има 290 страници, Проф. д-р Митрески, вели дека макотрпно работел 4 години. Тој низ архивите прибирал огромна документација и фотографирал над 2000 документи. Професор Митрески во Монографијата го опфатил развојот на гимназиското образование во Охрид, почнувајќи од периодот на 19 и 20 век. Печатењето на Монографијата би чинело околу 60.000 денари.
„Многу сум разочаран,...
Post Views: 5
Во дописот до нашата нашата телевизиска куќа од Локалната самоуправа стои:
Поради немањето аргументи за продолжување со нападите врз градоначалникот Александар Петрески и локалната самоуправа, ОК на ВМРО- ДПМНЕ , на денешната прес конференција и изградбата на потпорен ѕид во селото Коњско ја прогласи за капитална инвестиција на Владата на Никола Груевски. Згора на тоа, најверојатно од незнаење, селата Волино, Лактиње, Врбјани, Ботун и Годивје наместо во општина Дебрца ги смести во општина Охрид.
Немојте да ги потценувате граѓаните на Охрид. Исто како што знаете вие,...
Post Views: 8
Охрид ќе црпи словенски искуства при изработка на проекти за влечење пари од европските фондови. Деталите биле договорени на неодамнешната посета на градоначалникот Александар Петрески на Словенија поточно Марибор. Овој град кој има искористено најмногу европски пари најпрво ќе ни помогне во сверата на туризмот. Веќе следнава недела тим од Секторот за локален економски развој ќе патува за Марибор каде ќе ги направи првите контакти со нивниот сектор, за да потоа тие дојдат кај нас со цел да се изработи заеднички проект во оваа област.
„Ќе се разговата за подготовката...
Post Views: 8
Запуштениот простор каде што се наоѓаше некогаш за охриѓани омилената кино бавча ќе се обновува. За таа намена ресорното министерство веќе одобри 200.000 денари, пари кои за овој проект ги побарал Центарот за култура. На почеток ќе се инвестира во средување на просторот на кој се планира да се постават 200 монтажни седишта и бина истакнува директорот на Ценатрот, Драгана Боцевска.
„Целта ние да го осовремениме и адаптираме просторот на летната кино бавча кој во моментов е запуштен. Просторот ќе има повеќе наменски активности почнувајќи од фолклорните ансамбли, камерни...
Post Views: 3
Раководителите на секторите од локалната самоуправа со аргументи против обвинувањата упатени кон нив од страна на ВМРО ДПМНЕ. На денешната пресс конференција секој од нив даде отчет за она што го сработиле во текот на минатата година. Во име на секторот за комунален развој, сообраќај и улици, говореше Зоран Шикалески. Тој посочи дека минатата година овој сектор до советот поднел 4 извештаи од кои три квартални и еден годишен. „На вчерашната пресс конференција беа изнесени низа лаги и невистини за работата на овој сектор. Добро е познато дека секоја програма има приходен...
Post Views: 3
Единствениот, регистриран градски паркинг простор наменет за автобуси е непрофитабилен. Со паркингот стопанисува ЈП СРЦ „Билјанини извори“ и се наоѓа на улицата Асном, но поголем дел од годината зјае празен без паркирани автобуси. Гордана Јованоска, директор на спортскиот центар вели немаат економска исплатливост да плаќаат чувар за простор кој не им носи пари. Таа даде објаснување за причините на ваквата моментална состојба. Истакнува дека возачите на автобусите ги користат паркинзите на Булевар Туристичка и на Кеј Маршал Тито, и онаму каде што не плаќаат пари...
Post Views: 13
Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Атансако Михаилов реагира на обвинувањата упатени кон него но и кон неговата матична партијата вчера од страна на раководителите на секторите при локалната самоуправа.
„И вчера се покажа бедата на локалната самоуправа и злоупотребата на локалната како пресс центар на СДСМ. Недозволиво е локалната самоуправа која ја плаќаат сите, да се користи како пресс центар на СДСМ“, вели претседателот на Ок Атанаско Михаилов. Тој додаде дека наместо да работат раководителите на секторите тие се преокупурани со меѓусебни препукувања, расправии,...