Ознака: Паноски

sednica

Мнозинството го усвои буџетот за 2013 година

Post Views: 2 Мнозинството на Советот денес го усвои буџетот за 2013 година тежок 984 милиони денари, додека опозиционите советници на Вмро Дпмне ја напуштија седницата. Координаторот на советничката група од Вмро Дпмне,   Дејан Паноски претходно  упати забелешки дека буџетот е неприфатлив за нив. Констатираше дека е безидеен и не носи развој за градот. Паноски истакна дека можеле да поднесат амандмани и да го блокираат буџетот, но тоа не го направиле со образложение дека тие се одговорна политичка партија. „ Ние  сме против секоја ставка. Во буџетот не е ништо работено, прекопиран...

Continue reading

sednica sovet Ohrid

Кој-по што, е најмногу познат во Советот на општина Охрид?

Post Views: 4 Предлог одлуките по кои советниците дискутираат, додатно знаат да ја вжештат атмосферата. Советничкиот микрофон се чини најмногу го љубат координаторите на двете најголеми политички партии, Томислав Тунтев од СДСМ и Дејан Паноски од ВМРО-ДПМНЕ кои имале најмногу излагања од сите останати советници. По нив следуваат советниците Јованка Дамоска-Секуловска, Јоне Станкоски, Љубен Буџакоски, Борис Стефаноски и Величе Маркоски. А пак срамежливи пред микрофонот се советниците Александар Попоски, Кирил Пецаков, Џемал Рахман и Љупчо Настоски. Тие, во периодот од 43та до 49та...

Continue reading

pristaniste

Ќе се реконструира и проширува градското пристаните

Post Views: 0 На средбата со новоназначениот капетан Горан Устијаноски и преставникот на билатералниот секретаријат Дејан Паноски се дискутирало за измените на законот за внатрешна пловидба за кои се расправа денеска во совранието на Р Македонија, но и за реконструкцијата и доградбата на градското пристаниште и како тоа би влијаело на животната средина.   „Првата измена е имплементација на директивата 87 низ 540 од европската економска заедница, сега европаката унија која целосно се прилагодува во македонското законодавство. Второ е изменување на делот кој се однесува на концесионирањето...

Continue reading

kanal Oh.ezero

Формирани работните групи за Дримскиот басен

Post Views: 6 Согласно Меморандумот за соработка на земјите од Дримскиот басен, Македонија, Црна Гора, Грција, Косово и Албанија, деновиве се формираа работните групи кои во наредните години ќе работат на состојбата на животната средина во Дримскиот басен и околу подобрување на сите услови. Формирани се три групи и тоа една за имплементација на Рамковната директива за води на Европската унија, втората за мониторинг на водите во Дримскиот басен и третата за заштита на биодиверзитетот и екосистемот. „Работата на тие групи ќе биде оценета на 20ти Ноември, на состанокот на Дрим Кор групата...

Continue reading

avtobuska stanica

Катна гаража и автобуска со јавно приватно партнерство

Post Views: 16 Советниците ги прифатија предлог одлуките за започнување на постапка за доделување на Договор за Јавно приватно партнерство за изградба на автобуска станица и катна гаража во општина Охрид. Но, не помина се така глатко.  И овие предлог одлуки предизвикаа низа дилеми, дискусии и препукувања помѓу советниците.  Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Паноски вели дека катна гаража и автобуска станица му се повеќе од неопходни на Охрид, но додава дека неприфатливо е овие објекти да се градат со модел на јавно приватно партнерство. Токму поради тоа, Паноски...

Continue reading

konsultacii vmro

Консултативна средба на ВМРО- ДПМНЕ

Post Views: 3 Консултативни средби помеѓу охридските советници и пратеници на ВМРО – ДПМНЕ. Оваа средба е во насока да се зацврсти добро проверената пракса, координирано делување на локално и централно ниво околу бранењето на интересите на Охрид, вели координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Дејан Паноски. Тој додава дека интересот на Охрид е сериозно нарушен од узурпираното мнозинство во Советот бидејќи одлуките кои се носат во Советот не се во интерес на граѓаните туку се бранат личните интереси на поединци. „Тие одлуки допрва штетно ќе се чуствуваат во Охрид. Ние сакаме...

Continue reading

den na idei VMRO DPMNE

Охриѓани предлагаа, членови на ВМРО ДПМНЕ запишуваа

Post Views: 0 Охриѓани на плоштадот кај Чинарот денеска имаа можност своите идеи за развој на Охрид да ги соопштат и запишат како дел од програмата на ВМРО ДПМНЕ. Предлозите ги имаше во сите области, но најмногу се однесуваа на инфраструктурата, паркинзите, канализационата мрежа на Јане Сандански и урбанизацијата во централното градски подрачје. „Треба да има и градски парк. Децата не гледам каде можат да се носат освен покрај езеро и не сматам дека покрај езеро оној парк е парк  туку, треба вистински парк каде ќе можат родителите да си ги однесат своите мали деца. Изнанадена сум...

Continue reading

sovet

ЈП Ниско Градба ќе го поднови возниот парк

Post Views: 5 Советниците ја подржаа предлог одлуката за набавка на товарни возила –фургон и со тоа му овозможија  на ЈП Ниско Градба да го поднови својот возен парк. Директорот пак на ЈП и пред советниците и пред новинарите ја објасни потребата од купување на овие возила. Тој вели дека само на овој начин можат да се ослободат од старите возила и со парите кои ги даваат за поправка да набават нови.   „Се работи за набавка на товарни возила Фургон по пат на лизинг, кој би траел 5 години, а ратата  по возило би била околу 10 000 денари месчно. Тие возила би ги заменале сегашните стари...

Continue reading

ukica

Канализација се влева во езерото близу СВ. Софија

Post Views: 12 Фекалии пливаат по езерото, реагираат жителите на улицата „Коста Абраш“. Тие велат дека во близина на црквата Св. Софија во езерските води се влева канализација. Тоа ни го потврдија и од ЈП „Нискоградба“ од каде објаснуваат дека некои од домаќинствата не сакаат да се приклучат на канализационата мрежа и на колекторскиот систем кој на овој потег се направи пред две години. Од таму објаснуваат дека неможат ништо да сторат бидејќи дел од цевката која треба да се приклучи на најблиската шахта треба да помине низ дворно место што е приватна сопственост. Дејан Паноски, преставникот...

Continue reading

sednica

Привилегирани советници

Post Views: 0 Гратис мобилни телефони и гратис картички за паркинг, за кого како. Според најновите сознанија кои деновиве за ТВМ јавно ги соопшти координаторот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Дејан Паноски, во Локалната самоуправа спроведени се активности за набавка на мобилни телефони и картички за гратис паркирање на советниците на мнозинството. Според него тоа е класичен обид за нарушување на демократскиот процес во општина Охрид, конкретно во Советот и ваквиот однос според Паноски трае подолго време.   „Мојата порака и пораката на советниците од опозицијата е јасна, не...

Continue reading

ezero

Јапонците со реални намери

Post Views: 2 Реална е можноста јапонците да инвестираат во заштита на Охридското Езеро, смета Дејан Паноски од билатерaлниот секретаријат. Јапонската мисија која треба еден месец  да престојува во Охрид, покажува сериозен пристап и интерес за доизградба на колекторскит систем, со средства од Јапонската Влада, објаснува Паноски. Додава дека интересот е обостран и веќе од наша страна биле изготвени апликациите. Ако се оди како што треба, парите за првата фаза може да ги очекуваме веќе во октомври, категоричен Паноски. „Сега очекуваме да се конкретизира финансиската помош. Она што сега...

Continue reading

Dejan Panoski

Повторната кандидатура на Петрески, понижувачки однос кон Охрид

Post Views: 1 Продолжува политиката на неработење за доброто на Охрид, вели Дејан Паноски, координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. Паноски потенцира дека одлуката кандидатурата да се даде на истиот градоначалник и на истиот тим кој веќе осум години го раководи Охрид, е ништо друго освен понижувачки однос кон градот. Овој тим не покажа речиси ништо со кое што може да го одбележи своето досегашно раководење со градот Охрид, додава Паноски. „Затоа при претстојните посети, спиења во СДСМ ќе треба да одговорат зошто подржуваат една политика на неработење за доброто...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top