Ознака: Охрид

Сирење и вино во Охрид

Post Views: 2 Заштитена традицијата на старото добро македонско вино и сирење. За петти пат после една година пауза фестивалот на вино и сирење повторно во Охрид. Дваесеттина македонски производители на вино и сирење утре ќе им ги понудат своите производи на сите гурмани. Градоначалникот на Охрид Александар Петрески, вели дека земјоделството е во подем заради се поголемата блискост на општина Косел, и можноста да се конзумираат производи од еколошки здрава храна. Затоа фестивалот заслужува да му се се даде приоритет.  Очекувањата на организаторите, фестивалот да влезе во програмата...

Continue reading

Нов стамбено деловен комплекс во Охрид.

Post Views: 4 Триесеттина згради ќе никнат На просторот кај некогашниот ресторан “Охридија” во близина на Бензинската пумпа. Деталниот урбанистички план за оваа Урбана заедница беше донесен при крајот на минатата година,но градбата беше стопирана од страна на министерставата за локална самоупорава и транспорт и врски.Постапката околу одобрување на градба во Осмата урбана заедница кај некогашна “Охридија” е во тек.Тоа го разгледува второстепена владина комисија,изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски,по средбата што со премиерот Никола Груевски ја имаше...

Continue reading

Одбележан денот на АРМ во Охрид

Post Views: 0 Со химната на Р Македонија и подигање на знамето, Македонската армија денес го одбележа своето 16 годишно постоење. Таа како самостојна армија на Р Македонија е во улога да одговори на поставените задачи согласно потребите на воено стратешки план на државата. Армискиот полигон денеска со околу 300 војници беше во знакот на одбележување по повод годишнината. Капетанот на армијата во Охрид Латкоски Боро, истакна дека, иако се редуцирани подготвени се за предизвиците со кои треба да се соочат. Касарната е голема и има место за повеќе војници додаде тој. Армијата и одбележувањето...

Continue reading

pres

Охрид во чест на Св. Климент

Post Views: 10 Охрид ќе го чествува летниот Св. Климент. На плоштадот во градот ќе се одржи голем музички хепенинг на кој ќе учествуваат музичари исклучиво од Охрид. Во чест на големиот световен празник Св. Климент, на 8ми август на плоштадот во Охрид ќе се одржи хепенинг под наслов „ Охрид во чест на Св. Климент“. „Изминативе години значение му се придаваше само на зимскиот Св. Климент, меѓутоа како патрон на градот и од причина што во летниот период има туристи од сите страни на светот, за подобра промоција на Охрид ќе се слави летниот Св. Климент“, вели градоначалникот Петрески.„...

Continue reading

logo

Нов претседател на СДСМ во Охрид

Post Views: 1 Од друга страна гласините за нов претседател на општинската ВМРО-ДПМНЕ во септември, за централата во Скопје се чиста шпекулација. Експресно избран новиот претседател на СДСМ од Охрид. Конвенцијата за избор на претседател на охридските социјал-демократски траеше дваесетина минути и помина во фер атмосфера. На новоизбраниот претседател Науме Јовановски, екс претседателот Томе Чингоски му упати кратка порака, во која рече дека, се надева дека новиот претседател ќе смогне сили да ја надмине катастрофално лошата состојба во Охридската СДСМ. Преку оваа порака Чингоски или...

Continue reading

turisti

Напад на автобуска!

Post Views: 1 Чекачите на гости групирани на повеќе локации низ централното градско подрачје, во голема мерка ја нагрдуваат првичната слика на туристите за Охрид. Општинскиот инспекторат, врз кого се префрла сета вина, немоќен да ја реши оваа состојба. Турканици, кавги и разни недолични дофрлувања е првата слика која ја гледаат туристите кои летово решиле својот одмор да го минат во Охрид. Станува збор за таканаречените чекачи кои во борба за обезбрдување на некаква егзистенција, буквално ги напаѓаат и ги растргнуваат туристите, нудејќи приватно сместување. Гостите остануваат вчудоневидени...

Continue reading

Астрономскиот караван во Охрид

Post Views: 7 Во почетокот на јуни астрономскиот караван застана во Битола. Овој викенд, 4-ти и 5-ти јули, караванот ќе биде во Охрид. Во рамките на посетата на Охрид предвидени се следниве активности: ·    Одржување на 2 предавања: „Дали човекот стапнал на Месечината?“ и „Сончев систем“. Предавањата би траеле по 40 минути и би започнале во 18 и 19 часот во сабота. ·    Јавно набљудување на Месечината и планетата Сатурн во текот на вечерта на 4-ти јули, на градскиот плоштад во близина на пристаништето. ·    Изложба на 43 астрофотографии направени од членовите на Скопското астрономско...

Continue reading

Stefan Dimoski

Пукотници во ценатрот на Охрид

Post Views: 40 СВР Охрид потврдува дека имало меѓусебна пресметка на улицта Гоце Делчев во Охрид. На 28.06.2009 година, околу 02,00 часот на ул. „Гоце Делчев“,  се сретнале  лицето К.А (24) с.Велешта-струшко и  М.М.(26) од с.Горно Татеши-струшко . Меѓусебната расправија резултирала со пукање од огнено оружје, при што на К.А  му бил нанесена повреда во десното колено. По наредба на истражен судија извршен е претрес во домот на М.М., каде се пронајдени автоматска пушка, три рамки, муниција, еден нож и секирче. К.А. е задржан за понатамошно лекување во олницата Св Еразмо, а се преземаат...

Continue reading

Душко Јаковчески прв човек на советот на општина Охрид

Post Views: 1 „Се надевам дека во работата на советот секогаш ќе победува силата на аргументите, а не политичката опција“, рече Јаковчески. Тој во наредните четири години ќе раководи со советот на општина Охрид. Вака одлучија Охридските избраници, на продолжението од втората седница. „Многу сум задоволен, но чувствувам и огромна одговорност, за извршувањето на оваа функција, рече Јаковчески.   Но пред гласањето на советниците, претходеше очекувана расправа помеѓу челновите од ВМРО ДПМНЕ И СДСМ. „Мнозинството е направено од микс на крајно леви и крајно десни партии. Мислам дека ова...

Continue reading

Angel Georgievski

Две години Лајонс клуб “Охрид“

Post Views: 3 Продолжуваат хуманите активности на Лајонс клубот “Охрид“. Генерално, основната мисија на лајонс клубовите е помагање на загрозени категории на граѓани, како и на сите оние на кои помошта им е неопходна. Тоа се покажа и синоќа, на свечениот бал со кој беше одблежана  двегодишнината од постоењето на Лајонс клубот “Охрид“. Паричните средства, собрани на оваа свеченост, ќе бидат искористени за опремување на Клубот на слепи лица во Охрид.   Најзначаен дел на вечерта беше промоцијата на десетте најдобри ученици од проектот „Топ 10“. Станува збор за проект со кој беа опфатени...

Continue reading

Pogradec

Бродска линија Охрид-Поградец

Post Views: 4 Бомбастинна најава или уште едно ветување, останува да видиме. Капетанот Настоски, вели „Прифаќаме бродска линија само во случај на реципроцитет“. Бродарите пак, бараат слободен превоз. Информациите на ТВ М говорат дека старата идеја за реализација на оваа линија е на повидок. Туристите и Македонците од 15 јули ќе можат со брод да одат во Албанија и обратно. ТВМ дознава дека во сабота во Скопје ќе се сретна работни групи на министретсвата за транспорт и врски од Маедонија и Албанија. На овој состанок треба да се прецизираат деталите како и проблемот со превисоката пристанишна...

Continue reading

Goce Simonoski

Станоиздавачите кажаа зошто добро платежните гости бегаат од Охрид

Post Views: 1 Станоиздавачите на средба со надлежните ги повторија старите проблеми, на кои добро платежните туристи им се жалат и бегаат од Охрид. Голем број од нив ги наведоа добро познатите проблеми како што се бучавоста од кафулињата, немањето јавни тоалети, паркинг просторот, недоволната хигиена, дивите станоиздавчи. Јасминка Фргачиќ од Вила „Нина“ истакна дека ако Охрид сака да развива елитен туризам проблемите мора да ги реши. Бучавоста е добро познат проблем кој со години се провлекува и никако да се реши, а гостите од бучавоста веднаш си заминуваат. Сега надлежните ветуваат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top