Станоиздавачите кажаа зошто добро платежните гости бегаат од Охрид

Станоиздавачите на средба со надлежните ги повторија старите проблеми, на кои добро платежните туристи им се жалат и бегаат од Охрид.

 |  Валентина Нелоска  | 
Goce Simonoski
Гоце Симоноски

Станоиздавачите на средба со надлежните ги повторија старите проблеми, на кои добро платежните туристи им се жалат и бегаат од Охрид.

Голем број од нив ги наведоа добро познатите проблеми како што се бучавоста од кафулињата, немањето јавни тоалети, паркинг просторот, недоволната хигиена, дивите станоиздавчи.

stanozidavaciЈасминка Фргачиќ од Вила „Нина“ истакна дека ако Охрид сака да развива елитен туризам проблемите мора да ги реши. Бучавоста е добро познат проблем кој со години се провлекува и никако да се реши, а гостите од бучавоста веднаш си заминуваат. Сега надлежните ветуваат дека ќе се зафатат со решавање на проблемот и ќе ги казнуваат прекршителите и со 1500 евра неделно.

Не е за потценување и проблемот, во 21 век да нама јавни тоалети во стариот дел од градот, но и во останатите делови. Од одделението за урбанизам со несигурност најавија дека можеби оваа сезона ќе го снема и овој проблем. Постапката е отпочната, но заради долгата процедура е незивесна.

Раководителот на секторот за локален економски развој, Гоце Симоноски ги ислуша проблемите со кои се соочуваат станоиздавачите, но им упати и прекор на станоиздавчите за неплаќање реална туристичка такса. Раководителот на Лер-от, Симоноски им остана должен со одговор на 30 –тината присутни станоиздавачи.Тој како и вообичаено не им кажа точно како одделението ќе се справува со дивите станоиздавачи, со хаосот на автобуската станица кој се создава поради чекачите на гости.

Присутните ставија забелешка и на работата на информативното туристичко биро кое селективно праќа гости кај станоиздавачите. Не стана збор ни за  долго најавуваните информативни центри кои требаше да бидат поставени на двата влеза во градот.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top