Две години Лајонс клуб “Охрид“

Продолжуваат хуманите активности на Лајонс клубот “Охрид“. Синока одржан уште еден хуманитарен настан во нивна организација.

 

 |  Крсте Голабовски  | 
Angel Georgievski
Ангел Георгиевски

Продолжуваат хуманите активности на Лајонс клубот “Охрид“. Генерално, основната мисија на лајонс клубовите е помагање на загрозени категории на граѓани, како и на сите оние на кои помошта им е неопходна. Тоа се покажа и синоќа, на свечениот бал со кој беше одблежана  двегодишнината од постоењето на Лајонс клубот “Охрид“. Паричните средства, собрани на оваа свеченост, ќе бидат искористени за опремување на Клубот на слепи лица во Охрид.
Vasilevski i Arnaudova

 

Најзначаен дел на вечерта беше промоцијата на десетте најдобри ученици од проектот „Топ 10“. Станува збор за проект со кој беа опфатени 125 ученици од 5 основни училишта во градов. Со реализација на проектот се отпочна на крајот на 2008 година, а избраните основци беа тестирани по предметите: Македонски јазик, Математика, Англиски јазик и Информатика. Целата на проектот е да се истакнат младите и талентирани ученици, да се сврти вниманието на јавноста кон нив и да се стимулираат во нивното понатамошно образование. Наградените ученици не го криеа своето задоволство. 

Во официјалниот дел на вечерта, меѓу другото, беше оддадено и признание за досега реализираните проекти во охридската регија, проекти иницирани од  Лајонс клубот “Охрид“.

Инаку, првиот Лајонс клуб е основан пред 90 години, поточно во 1917 година во Америка. Неколку години по завршувањето на Втората светска војна, во 1948 е основан првиот Лајонс клуб во Европа со седиште во Шведска. Денес, меѓународниот Лајонс клуб брои повеќе од 1 милион и 500. 000 членови во над 200 земји. Оваа организација своите активности ги насочува и кон меѓународната соработка и развивање на пријателството меѓу членовите од различните земји, се со цел да се допринесе кон одржување на мирот. Во тоа допринесуваат и активностите кои се одвиваат во нашава земја, а се иницирани од Лајонс клубовите во Македонија.

На синоќешнот бал и нашата телевизиска куќа доби признаниe за афирмативната улога што ја има во поглед на ширење на лајонизмот во Македонија. Голем придонес во тоа секако има и проектот „Информација за секого без предрасуди“, проект кој покрај ТелевизијА ТВМ, го помагаат и Лајонс клубот „Охрид“ и Локалната самоуправа на Охрид. Со ова уште еднаш ТВМ докажа дека е медиум на граѓаните, медиум кој ја дава својата безрезервна подршка на ранливите категории. Целта на проектот е решавање на еден од најгорливите проблеми на глувите и наглуви лица од Охрид – ненавремен пристап до секојдневните информации кои се од пресудно значење за нормално функционирање. За таа цел, од 15-ти април се отпочна со емитување на специјално издание на ТВМ Дневникот во 20:00 часот, во кое се содржани сите дневни информации, претходно обработени и прилагодени на гестовниот говор.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top