Ознака: охридски

proslava

О.У Св. Климент Охридски ја одбележа 110 годишнината од изградбата и основањето

Post Views: 10 Со свечена академија, вечерва во Центарот за култура, О.У Св. Климент Охридски ја одбележа 110 годишнината од изградбата и основањето на ова училиште. Присутните имаа можност преку краток филм да се потсетат на самите почетоци- времето кога било основано училиштето, сместено во старата зграда изградена според тогашната модерна француска архитектура. Во 1980 год. дејноста на училиштето преминла во новата зграда изградена во непосредна близина на стариот објект. За своите спомени од работните денови изминати во школото Св. Климент Охридски зборуваа некогашните директори....

Continue reading

Demir Dalip

Демир Далип, охридскиот Обама

Post Views: 9 Кога може афроамериканец да стане претседател на САД зошто да не можам јас да бидам прв човек на градов, вака Далип ја најавува својата кандидатура за градоначалник. Демир Далип, независен кандидат за градоначалник на Охрид. Тој вели дека според уставот на државава секој кој е државјанин на Р. Македонија и се наоѓа на избирачкиот список има право да се кандидира. „Кога може афроамериканец да стане претседател на САД зошто да не можам јас да бидам прв човек на градов“, објаснува Далип земајќи го за пример претседателот на САД, Барак Обама. Зад него очекува да застанат...

Continue reading

vandalizam

Неонацистичките пораки скои вчера осамнаа на основното училиште „Свети Климент Охридски“ денес се отстранети

Post Views: 0 Раководството на училиштето и родителите чии деца посетуваат настава во ОУ Св Климент Охридски  интервенираа и ги одстранија   пораките  со неонацистички содржини. Од локалната самоуправа се непријано изненадени од настанот. Велат дека овие проблеми ќе се решат со поставување на чуварска служба. Директорката на училиштето Славица Илиќ е згрозена од неонацистичките пораки. Графити се испишувале и порано на ѕидовите и дворот на училиштето,  но  првпат се случува тие да имаат заканувачка содржина.Инаки напори за безбедноста на учениците се направени пред три години со распишпување...

Continue reading

Sv Kliment Ohridski

Училиштето Св. Климент Охридски ги прати европските трендови

Post Views: 9 Од нареднава недела во училиштето Св. КЛимент Охридски се воведува едносменска настава. Овој начин на работа е на задоволство на учениците и родителите. Основното училиште Св. Климент Охридски воведува едносменска настава. Од в понеделник учениците ќе одат на училиште само претпладне. „Оваа идеја е одамна, вели директорката Славица Илиќ, но чекавме да се создадат услови за нејзина реализација. Во тоа ни помогна и локалната самоуправа, објаснува таа а придобивките од ваквиот начин на работа ќе бидат многукратни. Со едносменската настава во голема мера ќе се намалат проблемите...

Continue reading

zavod za zdravstvena zastita

Охридските угостители ги воведуваат ХАСАП стандардите

Post Views: 2   Охридските угостители забрзано ги воведуваат ХАСАП стандардите во своето работење. Сметаат дека со ваквиот начин на самоконтрола во работењето, конечно ќе се стави крај на безредието во произведувањето и продавање храна. „ Повеќе нема да може кој каде сака да продава плескавици, а при тоа да нема каде да ги измие рацете“, коментира Љупчо Блажевски сопственикот на хотел Сончева порта. Преку воведувањето на ХАСАП системот ќе се обезбеди поголема заштита на гостите, но и ние ќе се обезбедиме од евентуални грешки и пропусти, велат угостителите.Поголемиот број угостителски...

Continue reading

Rotary club

Охридските ротаријанци продолжуваат со своите хумани дела

Post Views: 6 Продолжуваат хуманите дела на Ротари клубовите. Викендов во Охрид престојуваше првиот човек на Ротари клубот од Анкара, Турција кој најави збратимување со охридскиот клуб. Горан Балески , Претседател на Ротари клуб- Охрид најавува голема донација која на многу охриѓани ќе им го подобри животот. Сепак, вели: рано е да откриеме за што точно станува збор. На нашите средби постојано разменуваме  нови идеи со чија реализација веруваме дека ќе им помогнеме на луѓето на кои помошта им е најпотребна, велат ротаријанците. Ротари клубот од Турција, во рамките на својата посета...

Continue reading

zname VMRO

Пратеникот Цветко Грозданов со нови обвинувања до охридскиот градоначалник

Post Views: 7   Тој реагира дека поради неговата несериозност, Охрид ќе остане без двете фудбалски игралишта за чија изградба владата пред две години даде пари. Грозданов бара под итно Петрески да даде дозвола за градба за игралиштето во Лескоец. 154.000 евра наменети за изградба на двете фудбалски игралишта ќе пропаднат доколку градоначалникот Александар Петрески и понатаму продолжи да се однесува несериозно и инфантилно, обвинува пратеникот Цветко Грозданов. Тој објаснува дека веќе две години не можат да започнат градежните работи во Лескоец на просторот кој е предвиден за...

Continue reading

Dejan Panoski

Се подготвува посебен закон за заштита на охридскиот регион

Post Views: 4 Министерството за животна средина и просторно планирање изготви нацрт Закон за заштита на културното наследство во Охрид и охридско. За шест месеци тој би требало да се најде пред парламентарците кои ќе одлучат дали ќе биде усвоен или не. Охридскиот регион ќе се штити со посебен закон. Министерството за животна средина и просторно планирање изготви нацрт Закон за заштита на културното наследство во Охрид и охридско. Дејан Паноски, државниот советник за води вели дека не било потребно многу време за негово изготвување бидејќи тимот кој работел на оваа нацрт верзија има...

Continue reading

postarska kapa

Чичко Стефан – охридскиот поштар е добредојден во секој дом

Post Views: 0 Веќе 33 години неуморно ја носи поштата во секоја куќа. Според него, поарно се работеше во старите добри времиња, кога сите со нетрпение го очекуваа чичко поштар. И да врне и да вее и бура да коси поштар пошта носи… Ова е дел од познатата детска песна но и дел од секојдневието на чичко Стефан – охридскиот поштар.  Оваа работа тој ја врши веќе 33 години. За себе вели дека сеуште си ја сака професијата како на самиот почеток кога се вработил. Преку неа стекнал големи  искуства, и пред се нови познанства. Како што вели, го познаваат од најмало до најстаро. Во...

Continue reading

JP Komunalec Ohrid

Охридски Комуналец започнува со акцијата „Препознатливо чист“

Post Views: 67 На први октомври, ЈП „Охридски Комуналец“  ќе започне  кампања насловена како „Препознатливо чист“, за успешно спроведување на законот за јавна чистота во Охрид. Во првата фаза граѓаните ќе добијат со сметката за ѓубре,  промотивен материјал. Во флаерите ќе бидат наведени обврските како граѓаните да се однесуваат со отпадот и шутот. Од ЈП „Охридски Комуналец“ нагласуваат дека е потребно од Секторот за урбанизам конечно да ги  дефинираат местата во чаршијата каде да  се постават корпите за отпад и отпушоци, „за да не се случува како во минатиов период, комуналците да...

Continue reading

Вистински културни емисари од нашиов град!

Post Views: 8 О.У. „Св. Климент Охридски“ Охрид се вклучи во проектот ( Културата без граници) чии носител е  училиште од Виена , Австрија, а  финансиски е подржан од Министерството за просвета на Виена. По тој повод делегацијата на училиштето составена од директорот на училиштето Славица Илиќ и наставникот по англиски јазик проф. Марина Шокева престојуваше во Виена од 22. 09. 2008 до 26. 09. 2008. Покрај училиштето домаќин од Виена  и ОУ „св. Климент Охридски“ Охрид, во овој проект засега се вклучени по едно училиште од Република Србија и Република Црна Гора. Планирано е проектот...

Continue reading

ohridski starogradski sredbi flaer

Возобновен фестивалот Охридски староградски средби

Post Views: 1 Се возобнови фестивалот на староградска песна. На сцената на Центарот за култура , по пауза од повеќе од 15 години, ќе се одржи вечер посветена на староградскиот мелос. Ќе настапат ансамбли од градов и земјава. „Годинава фестивалот ќе биде една вечер. Ќе има богата програма, ќе настапат ансамбли кои ја негуваат староградската песна. Од охридските ансамбли ќе настапат возобновената пејачка група Ахрида и Езерски вез“, вели Боцевска.    Охридските староградски средби датираат од 1975 година, но фестивалот згаснал на почетокот на девеесеттите. Годинава се возобновува од...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top