Ознака: охридски

maketa

Влезот на Охридскиот пазар ќе биде со нов изглед

Post Views: 17 Деновиве, откако ќе се отсранат диво поставените тезги, по средишниот дел ќе се постават типизирани куќички. Овие врмени објекти ќе бидат во сопственост на ЈП Охридски Kомуналец, а заинтересираните ќе можат да ги изнајмуваат. „Новите објекти кои ќе бидат од времен карактер, ќе се постават на средишниот дел од влезот, и ќе бидат со мали димензии“, вели директоро на ЈП Охридски комуналец, Сашо Алчев. „На овој начин ќе се реши проблемот со подвижните тезги“, додава тој. Куќичките со мали димензии 2 метри на 2  ќе бидат во сопсвеност на ЈП и граѓаните ќе можат да ги изнајмуваат...

Continue reading

dodeluvanje nagradi

Бум во знаење на охридските ученици

Post Views: 1 Ана Корженска, ученичка во 2 година во СОУ „Св Климент Охридски“, е една од 54-те наградени  ученици за освоени места  на републички и меѓународни натпревари. Таа е меѓу прваците од различни области, и ја освои 1-та награда на репуличкиот натпревар по Македонски јазик.  Корженска вели многу се подготвувавме со професорката Марија Мујоска, наградата ја очекувавме и горди сме што во најубаво светло го претставивме градот и нашата гимназија. Професорите и раководниот кадар се горди на успехот што го постигнаа нивните ученици под нивно менторство.  Меѓу основните, средни...

Continue reading

vlav

Oхридските Власи сакаат да формираат фолклорна група

Post Views: 11 Негувањето на влашкиот мелос и формирањето на влашка фолклорна група е голема желба на Дона Лабро, најдобриот познавач и кореограф на влашката музика и игра. Подршка во остварување на оваа намера имаат од Здружението на Власи „Луњина“. Целта им е заживување на поранешното играорно друштво. По преземените активности се пријавиле 15 – тина деца, кои за жал не продолжиле поактивно да ги изучуваат влашките игри и песни вели Лабро, иако им биле понудени просторни можности. Инаку кореаграфот Дона Лабро се присетува на ентузијазмот и љубовта со која членовите настапувале...

Continue reading

парцели

Проширување на гробиштата

Post Views: 7 Со овој зафат  Охрид ќе нема проблем за гробни парцели во тековнава година. Трајното  решение се очекува по пат на експропријацијата на остатокот од земјиштето. Од Охридски Комуналец велат дека со новиот пристап на работа, повеќе нема да има неуредени гробни парцели, и дека граѓаните повеќе нема да газат во кал. „Најпрво ќе се нивелира овој простор, ќе се израмни, а потоа ќе започнеме со уредување на тој дел.Просторот ќе се поплочи со бекатон плочки и хортикултурно ќе се уреди“, вели в.д. директорот на ЈП. Просторот кој сега се уредува, во прво време имаше друга намена....

Continue reading

аmbulantno vozilo

Подготвени за интервенција

Post Views: 2 Охридскиот аеродром подготвен како да интервенира доколку се појави патник со симптоми на свински грип. Насоки во медицинската служба стигнуваат  и од национални, но и од меѓународно ниво.Пандемија сеуште нема, но нивото на ризик е од  висок 5 ти степен. Секторот за безбедност на аеродромот и во негови рамки медицинската служба е во постојан контакт со заводот за здравствена заштита не само во Охрид, туку и на највисоко државно ниво, вели д-р. Лидија Илиевска шеф на медицинската служба. Од час на час се менува бројот на откриени случаи во голем број земји на  заразени...

Continue reading

javen cas

Охридски музички надежи

Post Views: 2 Наградените ученици од музичкото училиште Методи Патчев на прием кај градоначалникот Петрески. Ангел Дулевски е еден од 15 –те ученици од музичкото училиште Методи Патчев, кои освоија награди на државниот  и двата меѓународни натпревари, а кои денес имаа средба со градоначалникот Петрески. Дулевски го изучува инструментот кларинет во класата на професор, Трајче Теменуговски. На државниот натпревар во Скопје освоил прва награда по солфеж и 3 по кларинет. Кажува дека никој од неговите не свири на музучки инструмент. Негов бил изборот д а го изучува кларинетот  затоа што...

Continue reading

logo

Да заживеат охридските базени

Post Views: 3 „Од базените кај Билјанини извори ќе направие пријатно катче за младите мајки, но и место каде ќе тренираат идните Охридски надежи“, рече кандидат за Грдоначалник Ацо Попоски. Кандидатот за градоначалник од НСДП, Ацо Попоски денес новинарите ги повика кај базенот Билјанини Избори. Целта беше да погледнеме во каква состојба е овој комплекс во моментов. „Сакам да видите како овие 10 години надлежните се грижеја за една ваква содржина за младите но и за постарите“, рече кандидатот за градоначалник од НСДП. „Ако го погледнете овој базен, ќе видите дека тој повеќе од 10...

Continue reading

Vele Mitanoski

Подигање на авторитетот на охридскиот совет

Post Views: 2 Оценка за првата декада од изборната кампања даде Веле Митаноски, носител  на советничката листа од СДУ. При тоа, Митаноски  констатира, кампањата исфрли на површина непознаници за градоначалничката функција. Поединци нудат се и сешто па се добива впечаток како Алиса во земјата на чудата, вели Митаноски. Непријатно изненадување според  Митаноски е претседателската кампања  и ниското ниво на политичка реторика за најпрестижната државна функција. Позитивно ја  отценува досега кампањата на локално ниво. Претседателот на ОО на СДУ, Марко Спасески потенцира дека  приоритет...

Continue reading

Tanja Paskali Buntasheska

Бројни капитални проекти ќе реализира охридскиот Завод и музеј

Post Views: 5 Во 2009 година, Националната установа Завод и музеј- Охрид влегува со амбициозни планови. Пари за нивна реализација има. Директорот, Тања Паскали- Бунташеска, вели дека е повеќе од задоволна со финансиските средства кои Владата ги издвоила за оваа намена. „Сите проектите за кои аплициравме до Министерството за култура се прифатени. За работењето на Завод и музеј за 2009 Владата има издвоено над 40 милиони денари“, вели Бунташеска. Годинава ќе се реализираат неколку капитални проекти. Реконструкцијата на куќата на Уранија е само еден од нив.   „Завршена е првата фаза...

Continue reading

spomenik

Претставена монграфија за училиштето „Св.Климент Охридски“

Post Views: 8 Во основното училиште Св„Климент Охридски“ беше промовирана монографијата на училиштето. Училиштето може со гордост да се пофали дека е едно од ретките со историја од 110 години, прво училиште кое воведува паралелки за ученици со посебни потреби и прво училиште кое издава своја монографија. Во монографијата на училиштето „Св.Климент Охридски“, минатото, сегашноста и иднината се претворени во зборови. Со мал исклучок за периодот од 1898г до 1914г, период во кој недостасуваат архивите на училиштето, претставен е наставниот кадар, учениците и постигнувањата на училиштето....

Continue reading

OU. Sv.Naum Ohridski

Одбележан патронатот во основното училиште „Свети Наум Охридски“

Post Views: 8 По повод патрониот празник,  вчера се презентираа дел од остварувањата на училиштето за изминатата година и плановите за наредната. Главниот настан покрај патронатот на училиштето и приредбата на учениците беше свеченото пуштање на парното греење во основното училиште. Промените кои се случуваат во образованието вклучуваат високи стандарди, употреба на современа информатичка технологија и изучување на странски јазик уште од најмала возраст. Со цел реализирање на овие стандарди   ОУ“Свети Наум Охридски“ е вклучено во најновиот петгодишен проект финанасиран од УСАИД и...

Continue reading

Sv.Klimentova ngarda

Свечена академија во чест на Свети Климент Охридски

Post Views: 18 Покрај богатата културно- уметничка програма, беа доделени и највисоките општински признанија- наградата и повелбите Свети Климент Охридски. Големиот број посетители во Центарот за култура имаа можност да ја проследат Свечената академија во чест на заштитникот на Охрид. Вечерва, духот на Св. Климент сите нас кои живееме во Охрид не исполнува со своевидна гордост што сме жители на овој свет град, со овие зборови им се обрати на гостите,  градоначалникот Александар Петрески.   Во рамки на свеченоста, беа доделени највисоките општински признанија – наградата и повелбите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top