Ознака: охридски

mlecni proizvodi

Млечни производи се продаваат на тезга

Post Views: 13 На охридскиот пазар секој понеделник може да се купи сирење, изварок и млеко помеѓу тезгите со зеленчук и овошје. Хасап стандардите не важат за малите млекопроизводители од околните села кои на овој начин ги изложуваат и продаваат своите производи. Раководителот на РЕ Пазар, Ацо Чингоски потенцира  тоа им е голем проблем и дека таквиот начин на продажба се должи на менталитетот на луѓето. Не можеме физички да постигнеме да  исконтролираме  што продаваат закупците на над 300 тезги додава тој. Иако не ретко имаме ситуации каде што ги отстрануваме од тезгите по што доаѓа...

Continue reading

kamion

Градска мачка ќе крстари низ охридските улици

Post Views: 8 Станува збор за Специјално возило метачка, од типот СИТИ КЕТ, која ќе ги гланца улиците. „Возилото веќе е пуштено во употреба. Ефектот од неговата ангажираност е повеќе од очегледен,вели првиот човек на ЈП Сашо Алче. Охридските улици се гланцаат. Ново специјално возило Метачка, од типот СИТИ КЕТ, од неодамна ги вшмукува гнасотиите  од улиците.  „Ефектот од овој третман на улиците е видлив бидејки таа позади себе не остава ништо. Улиците се беспрекорно чисти, вели директорот на ЈП Охридски комуналец“, Сашо Алче. „Ова возило има две четки работи на пинцип на вшмукување...

Continue reading

logo

Во Охрид ќе се разлее староградската песна

Post Views: 22 Охрид по 21 пат, в петок ќе биде домаќин на фестивал каде што ќе се слави староградската песна. Охрид по 21 пат, в петок ќе биде домаќин на фестивал каде што ќе се слави староградската песна. Охридските староградски средби формирани во далечната 1974 година, згаснуваат по 19 години постоење, за од лани повторно да бидат возобновени. Тоа се должи на ентузијазмот на вработените во охридскиот Центарот за култура и финансиската подршка на ресорното  министерство. Годинава на фестивалот учество ќе земат девет  македонски ансамбли. По традиција учесниците  ќе продефилираат...

Continue reading

igralishte

Охридските советници на терен

Post Views: 1 Најголемата урбана единица „Биљанини извори“, ќе добие спортски терен. Оваа иницијатива е поддржана од страна на секторот за урбанизам но и од градоначалникот. Се чека само  утврдување на можна локација за реализација. Ако е задоцнето да не е заборавено. Иницијативата на советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дејан Паноски, деновиве доби зелено светло од релевантните фактори на општина Охрид за изградба на спортски терен во урбаната единица „Биљанини извори“. Паноски вели дека се дополнува мозаикот на приоритетните работи во општината кои се од општ интерес како на жителите...

Continue reading

logo

Демант од Охридскиот аеродром

Post Views: 1 Во врска со вчерашниот прилог во Дневникот на ТВМ, во кој Директорот на ЈП Комуналец, Сашо Алчев, ја кажа причината зошто е прекината соработката со Охридскиот аеродром, денес со демант се јави Директорот на аеродромот Борис Стефановски. „Станува збор за тотална дезинформација и тотално непознавање на работите од страна ан директорот на ЈП Комуналец. Јас сум директор само на подружница на Аеродроми на Македонија, на ниво на генерална дирекција во Скопје, А.Д има сектор за комерција, финансиски и правен сектор и отаму се одвиваат јавните набавки. Јас немам врска со активности...

Continue reading

Saso Alcev

Една е вистината за одржување на Охридскиот аеродром

Post Views: 2 Од нивна страна склучен е нетранспарентен договор во четири очи со „Комунално“ Струга, вели Сашо Алчев директорот на ЈП „Охридски Комуналец“. Низа невистини беа кажани од страна на директорот аеродромот во Охрид, изјави директорот на ЈП „Охридски комунлец“ Сашо Алчев. Ваквиот став на Алчев, доаѓа како резултат на неодамнешниот прилог во нашиот дневник, во кој што беше кажано дека од неодамна ЈП „Комунално“ од Струга се грижи за хигиената на охридскиот аеродром. Алчев вели, дека единствена причина заради која дошло до прекин на соработката меѓу охридското јавно претпријатие...

Continue reading

„Охрид фест – охридски трубадури“

Post Views: 2 По шеснаесетти пат на сцената на „Долни Сарај“ се одржува реномираниот фолк – поп фестивал „Охридски трубадури – Охрид фест“. Вчеравечер, кога и започна фестивалот, се одржа „Вечерта на нови ѕвезди“, каде беа изведени 32 композиции и беа промовирани многу нови интерпретаторски имиња. Првата награда од публиката ја доби песната „Типка лудница“- со освоени 64 поени. Втората награда ја освои песната „Барам утеха“  со 60 поени, а третата награда ја доби „Прекрасен сон“ со 50 поени.„Иако на Балканот се одржуваат голем број на фестивали, охридскиот сеуште го одржува својот...

Continue reading

„Охридски хорски фестивал“

Post Views: 3 Соработката помеѓу „Охридскиот хорски фестивал“ и Општина Охрид, резултираше со годинешното, второ по ред издание на меѓународниот „Охридски хорски фестивал“.„Преку овој хорски фестивал, и неговата меѓународна афирмација, на најдобар начин се потврдуваат заложбите  Охрид да се афирмира во светот како град кој го негува музичкото творештво, култура и уметност на една специфична област од музичката репродукција“, велат организаторите. „Програмата е веќе подготвена и се надеваме дека љубителите на овој вид на музика ќе најдат време да не посетат“, вели Александар Димоски,...

Continue reading

Затворени осум охридски плажи

Post Views: 3 Од охридската капетанија изјавија дека причина за затворање на плажите е тоа што не ги исполнувале безбедносните услови, односно капалиштата не биле соодветно обележани, како и тоа што  на плажите немало ангажирани ниту спасители на вода на што претстаувува нивна законска обврска. Времена мерка, забрана за вршење дејност им е изречена на плажите „Извиднички центар„ , „Младост„, „Евронационал“, „Пајнчар“, „Бовел“, „Бетон“, „Силекс“ и „Корали“. На прес конференција капетанот Љупчо Настоски информира дека на сите затворени плажи поставен е знак “Забрането капење“. Капетанот...

Continue reading

лоби

Охридските хотели со по една галаксија ѕвезди

Post Views: 2 Три охридски хотели добија мандатни казни од по 800 евра. Ова е резултатот од контролата на Пазарниот инспекторат. Началникот ги демантира гласините дека некои хотели си допишуваат ѕвездички за да ја зголемат категоризацијата. „Барем ние не сме затекнале ваков случај“, вели Бошалевски. Со какви хотели располага Македонија? Која е категоризацијата на хотелите во Охрид? Ова се најчесто поставуваните прашања деновиве, откако во јавноста се појавија информации дека дел од хотелите сами си допишуваат ѕвезди на своите категоризации. Туристичките работници за ова се погласно...

Continue reading

mozaik

Денес се слави Св.Наум Охридски-чудотворец

Post Views: 2 Денес православниот христијанин го слави Св.Наум Охридски-чудотворец. Ученик на Светите Методиј и Кирил и еден од Петточислениците коишто најревносно соработуваа со овие словенски апостоли. Свети Наум патуваше во Рим, каде што се прослави со чудотворна моќ и со голема ученост. Знаеше многу јазици. Со помош на царот Борис Михаил, по враќањето од Рим тие се населија на бреговите на Охридското Езеро. Додека Свети Климент дејствуваше како епископ во Охрид, дотогаш Свети Наум основаше манастир на јужниот брег на езерото. Тој манастир и денес го краси брегот како што и името...

Continue reading

kapetan

Охридските плажи се безбедни

Post Views: 2 Закупците на плажите веќе потпишале договори со црвениот крст за ангажирање на спасители, кои годинава ќе ги има во доволен број на капалиштата. „Охридските капалишта се безбедни. Тие ги исполнуваат условите за сигурност за капачите согласно,законските правила и прописи“, вели капетанот од Охридската капетанија. Црвениот крст неодамна го претстави тимот спасувачи кој годинава будно ќе ги надгледува Охридските плажи.Тимот е екипиран и со луѓе и со медицинска опрема. Секоја година расте бројот на заинтереираните кандидати за спасители. Од неколку во 2004 год, сега тимот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top