Ознака: отпад

deponija Maucker

Депонијата Мауцкер повторно отворена

Post Views: 8 Од понеделник ќе започне да работи со полн капацитет депонијата Мауцкер најавува директорот на ЈП Комуналец, Сашо Алчев. По краткотрајното затварање на депонијата на која подолго време се одлага цврст отпад таа повтроно ќе биде отворена.  Заврши тендерот кој го распиша локалната самоуправа за избор на најдобриот понудувач за нејзино одржување информира Алчев.                 „Во изминативе денови депонијата беше затворена од две причини. Едната беше од безбедносна природа заради гаѓањето на стрелиштето кое е во близина, а другата заради тендерот со кој се  избораше најповолниот...

Continue reading

Lagadin

Депонии со шут никнуваат над елитната населба Лагадин

Post Views: 1 На патот  Охрид – Св Наум, веднаш над елитната населба Лагадин, се  одлага градежен шут и земја.  Просторот кој се загадува од несовесни превозници се наоѓа во рамките на Националниот парк Галичица. За безмилосното еколошко  уништување на овој предел кој се наоѓа во непосредна близина на езерскиот брег реагираат граѓаните. Потенцираат дека е жално што институциите не преземаат мерки за спречување на загадувањето на околината.Додека во јавноста граѓаните загрижено го посочуваат проблемот, од националниот парк не знаат за него. Директорот на Националниот парк „Галичица“,...

Continue reading

med. otpad

Гама зраците-лек за медицинскиот отпад

Post Views: 6 Медицинскиот отпад е отпад што се создава во медицинските и здравствените институции и претставува производ на употребени средства и материјали при дијагностицирањето, лекувањето, третманот и превенција на болестите кај луѓето и животните. Има многу причини зошто овој смет се третира како најопасен отпад. Првиот човек на Центарот за нефрологија и дијализа од Струга, Сами Мена, рече дека ова е сериозна тема и добро е што се придава толкава важност.Директорот на дијализа, Мена, истакна дека „живееме во современо време и непожелно е да се добие инфекција од медицински отпад“....

Continue reading

med. otpad

Медицинскиот отпад, извор на биолошка зараза

Post Views: 1 Медицинскиот отпад опасен по живот. Целокупната јавност згрозена од  вчерашаните снимки на ТВМ, на кои што беше регистриран расфрлан медицински отпад долж крајбрежјето на дел од езерото. Додека надлежните не излезат со официјални информации за оваа ситуација, ТВМ се обиде да дознае како е можно медицински отпад да заврши во езерото. Една од можностите е неправилниот одлагање на медицинскиот отпад од страна на самите здравствени организации, со што не е исклучена можноста истиот да заврши во езерото. Во септември минатата година  ЈП „Охридски Комуналец“ ги раскина договорите...

Continue reading

med. otpad

Што се крие во утробата на езерото?

Post Views: 0 Најопасниот комунален смет-медицинскиот отпад распослан долж охридското крајбрежје. За Државниот инспектор при Министерството за ЖСПП Игор Трајкоски, отпадот е со поминат рок и според него не претставува опасност. Шприцеви, инфузии, шишиња од сирупи, празни скатули од таблети, е само дел од отпадот кој што од саботата се наоѓа покрај крајбрежниот дел на езерото. Очигледно состојбата со медицинскиот отпад исплива на површина. ТВМ во повеќе наврати информираше за овој сериозен проблем. Нерешавањето на истиот од страна на надлежните, доведе до оваа грда слика и закана...

Continue reading

med. otpad

Охридското езеро „повраќа“ медицински отпад

Post Views: 3 Охридското езеро во саботата на потегот од градска плажа- Мизо па се до хотелот Милениум  „повраќаше“ шприцеви, шишенца,амбалажа од инсулин, таблети и друг медицински отпад. Телевизија ТВМ со цел да дознае што се случува со езерото, зошто исфрла медицински отпад на брегот и како тој доспеал во неговите води стапи во контакт со Министерот за животна средина и просторно планирање, Неџати Јакупи и Државниот инспектор за животна средина и просторно планирање од Охрид ,Игор Трајкоски. Но место ние да добиеме информации од нив , излезе дека се затечени и дека информацијата...

Continue reading

Saso Alcev

Земеш една, платиш две

Post Views: 3 Наместо една отсега две сметки од ЈП Охридски комуналец. Граѓаните покрај редовната за подигање на смет, отсега ќе добиваат уште една, за јавна чистота. Висината на истата ќе се движи од 40 до 70 денари во зависност од реонот на живеење.Граѓаните за овој допонителен трошок, нема да добијат никава дополнителна услуга. Улиците и понатаму, ќе бидат кави што беа.   Охриѓани отсега ќе добиваат по две сметки од ЈП Охридски комуналец. Оваа новина беше изгласана од страна на коалицијата на  советот на последната седница на 14 септември, во чиј што процес на гласање не присуствуваа...

Continue reading

medicinski otpad

Сериозна закана од најопасниот смет

Post Views: 2 Алармантната состојба со медицинскиот отпад ги отрезни сите структури. Тој во моментов е на сигурно, но специјалниот простор за негово одлагање е се потесен. Се кубури со простор за негово одлагање во Јавните здравствени организации во градов. Како што деновиве ТВМ информираше голема прашина се крена околу проблемот со подигнувањето и депонирањето на медицинскиот отпад. Портпаролот на ЈЗУ општа болница Охрид Сашо Василески, вели дека сериозно се пристапи кон решавање на овој проблем. Тој додава дека проблемот е присутен не само кај нас туку воопшто во целата земја со...

Continue reading

Saso Vasilevski

Oпасност од медицинскиот отпад

Post Views: 1 Охридски Комуналец нема да го подига овој отпад. Болниците затечени и збунети од ваквата одлука. Сепак товарот за да го решат овој проблем целосно паѓа врз нив. Мора да најдат нов партнер со кој ќе склучат договор за третирање на медицинскиот отпад. Охридски Комуналец деновиве стопира дел од своите редовни активности. Нема да го подига медицинскиот отпад од Јавните здравствени установи. Комуналец досега го подигал отпадот по добиено  задолжение од  страна на Државниот инспекторат за животна средина. После најновите случувања и затегнатите односи помеѓу Државниот инспекторат...

Continue reading

znaminja

Конференција за справување со отпад

Post Views: 1 Се отвора процесот за донаторска конференција за помош на спроведување на законот за рециклирање на пластика  во Општина Охрид. Начинот на воспоставување на законот за регулирање на работа ќе оди во две фази и по бугарски терк. „Целта е да го отвориме процесот, да биде транспарентен, да биде јавен и на крај да биде онаков каков најмногу ќе им одговара на граѓаните“, вели Тоска „Големи амбасади во Реп. Македонија располагаат со средства кои можат да се искористат во процесот за заштита на животната средина. Истите се движат од две или три илјади  до десет илјади евра...

Continue reading

gliser

Отпад за пловни објекти

Post Views: 3 Каналот Студенчишта во моментов наликува на гробишта за стари бродови, обвинуваат спортските риболовци од Св Апостол Петар-Охрид. Тие деновиве преку барање до највисоките државни инстанци, упатија сериозни опомени за критичната состојба со каналот Студенчишта. Македонскиот „џет-сет“ ја уништува флората и фауната во каналот Студенчишта, обвинуваат Риболовците од Спортско рекреативниот клуб Св Апостол Петар. Тие деновиве јавно го подигнаа својот глас до Министерството за Транспорт и врски и до останатите високо државни органи да се забрани закотвување на глисери и бродови...

Continue reading

pres

Чистење на езерото од тврд одпад

Post Views: 3 Акцијата ќе се одржи утре на потегот од градското пристаниште до сараиште. Организарите апелираат кон оваа еколошка акција да се вклучат и граѓаните. Водата – извор на животот е прокт на сојузот за подводни активности на Р Македонија, лајонс клубот Лихнидос, Ротари клубот Охрид и Лајонс клубот Десарети.   Овие невладини организации се здружија со цел да спороведат акција за цистење на езерото од тврд отпад на потегот од градското пристаниште со сараиште. Подржувачи на проектот се културниот центар медиа артест, црвениот крст еколошките друштва и лео клубот од Охрид....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top