Ознака: општините

Општина Охрид дел од проектот „ЕУ за општините“

Post Views: 5 На првата седница на Управниот комитет на проектот “ЕУ за општините” со кој претедава министерот за локална самоуправа, Горан Милевски беше потврдено дека во наредните три години во општините Велес, Радовиш, Тетово, Аеродром, Врапчиште, Охрид, Струмица и градот Скопје ќе се реализираат големи иновативни проекти во вкупна вредност од 5,5 милиони евра. Средствата за реализација на проектите ги обезбедува Европската Унија, а кофинансирањето од 15% го покрива Министерството за локална самоуправа со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка. „Благодарение на...

Continue reading

Утврден редоследот на единствената листа на кандидати за Градоначалник на општините Охрид, Ново Село и Дебар

Post Views: 9 Денес во седиштето на Државната изборна комисија се одржа јавна седница на која со ждрепка се утврди редоследот на единствената листа на кандидати за Градоначалник на општините Охрид, Ново Село и Дебар. Кандидатот за градоначалник на Општина Охрид од редовите на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, г-н Михаил Трендафилов-Нанче, на претстојните локални избори ќе влезе во трката за довербата на охриѓани со бројот 4. Покрај Трендафилов во трката за градоначалник на Охрид уште се и Митре Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ за кој граѓаните ќе може да гласаат заокружувајќи го бројот 5 како...

Continue reading

Општините Дебрца, Струга и Вевчани добија механизација со пари од Светска Банка

Post Views: 9 Општините Дебрца, Струга и Вевчани на трајно користење доби универзален ровокопач, со придружна опрема хидрауличен чекан и даска за снег марка Hidromec. Механизацијата е обезбедена во рамките на Проектот: “Подобрување на општинските услуги”, имплементиран од Светска Банка и Министерство за финансии, а со средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ ( ИПА ). Согласно проектот, механизацијата покрај општина Дебрца, како апликант ќе можат да ја користат и партнерските општини Струга и Вевчани. Со добивањето на механизацијата ќе се зголемат капацитетите...

Continue reading

Нов воден бран

Post Views: 5 Опасноста од поплави и понатаму останува на снага во Хрватска, бидејќи доаѓа нов бран од Словенија и прети на општините Јасеновац и Велика Горица. Доаѓањето на бранот се очекува во вторник, сите служби се на терен, а помага и војската. Во општините Јасеновац, Лекеник и Липовлјани е прогласена вонредна состојба за опасност од поплави, а евакуацијата е можна на жителите на Требеж, Плесмо, и Краљеви Велики. Повеќе вода контролирано се испушта од браната Требеж. Во делови на Чичка полјана водата се излеа преку патиштата и дворовите од куќите, но водостојот расте, вели извештајот...

Continue reading

ОПШТИНА ОХРИД НА ПРВО МЕСТО ПО ИНДЕКСОТ НА ОТВОРЕНОСТ НА ОПШТИНИТЕ

Post Views: 0 Општина Охрид има најдобри резултати и се наоѓа на првото место во рамки на мерењето на Индексот на отвореност на општините за 2020 година како дел Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на истражувањето, кое беше спроведено од страна на Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис е проценка на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија. Проценката на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија за 2020 година преку Индексот на отвореност Индексот...

Continue reading

Општините ги доставија предлог проектите до Центарот на Југозападниот плански регион за идната година

Post Views: 6 Општините од регионов ги поднесоа проектните концепти до Советот на Југозападниот плански регион. 9- те општини имаат можност да искористат средства за развој во висина од 41 милион денари од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година. Може да се аплицира проекти за искористување средства од две области. Првата област е од заштита на животна средина и намалување на загадувањето на животната средина, а втората за подбрување на економскиот развој, туризмот и културата и подобрување на патната инфрастуктура. Општина Дебрца аплицира проект за втора фаза за...

Continue reading

5 милиони евра од еу фондовите и 600 илјади евра домашно кофинансирање на располагање на општините

Post Views: 1 Од денеска општиниоте може да аплицираат на  повикот „ЕУ за општините”, со кој 5 милиони евра од Европската унија ќе се доделат на општините за спроведување на проекти за подобрување на локални услуги. Условот е проектите да понудат нов начин на решавање на проблемите во општините. Повикот има за цел да ги зајакне единиците на локалната самоуправа преку три приоритети на ЕУ, солидарност, соработка и зелен пристап. „Денеска и формално ги повикувам градоначалниците, граѓанските организации и бизнис заедницата, заеднички, да направиме промени во општините, преку проектот...

Continue reading

Во општините Охрид и Дебрца веќе нема активни пациенти, односно лица позитивни на вирусот COVID-19

Post Views: 1 Во општините Охрид и Дебрца денес веќе НЕМА активни пациенти, односно лица позитивни на вирусот COVID-19, поточно сите 15 лица позитивни на коронавирус од почетокот на епидемијата, се оздравени. За период од 01 до 08 мај 2020 г. – Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 76 лица и тоа по место на живеење: во општина Охрид и Дебрца 24 лица, во општина Струга и Вевчани 34 лица и 18 лица, во општина Дебар и Центар Жупа– Од вкупно земените материјали, 48 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми...

Continue reading

Безбедносната состојба во општините Дебар и Центар Жупа е стабилна

Post Views: 1 Изминатово деноноќие,безбедносната состојба во општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба е стабилна. Не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и нема регистрирани сообраќајни незгоди. Утрово околу 07 часот,во рамки на активностите на полицискитеслужбеници регистрирано е дека еден угостителски објект лоциран на улицата „Братство и eдинство“ во Дебар е отворен и не ја почитувал забраната за работа. Сопственикот е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава. Активностите за дотурот...

Continue reading

ОПШТИНИТЕ ОХРИД И ВЕВЧАНИ ДЕЛ ОД ВЛАДИНИОТ ПРОЕКТ „МАКЕДОНИЈА БЕЗ КАЛ“

Post Views: 0 Стартуваше имплементацијата на проектот „Македонија без кал“ со кој ќе се санираат локални патишта и улици во должина од 450 километри во 80 општини со 70 милиони евра кредит од Светска банка. 980.000 евра ќе добие општина Охрид за санирање локални патишта и улици во рамки на проектот „Македонија без кал“. Во рамките на овој проект општина Вевчани доби средствата во износ од 541.313 ЕВРА, обезбедени од Меѓународната банка за обнова и развој. Со проектот „Македонија без кал“ ќе се санираат локални патишта и улици во должина од 450 километри во 80 општини со 70 милиони...

Continue reading

Потпишан меморандум за соработка меѓу општините од регионот за поддршка на Центарот за спасување на планина

Post Views: 2 Поддршка на Плананиската спасителна служба при Црвен крст Охрид дадоа три општини од регионот. Општина Охрид, Дебрца и Вевчани потпишаа Меморандум за соработка со службата , со кој ги дефинираа меѓусебните обврски за да може службата за спасување да продолжи да функционира и да се развива. Статистиката покажува дека бројот на несреќи кои се случуваат на планина постојано имаат тенденција на пораст, вели Антонио Додевски проект менаџер на Проектот „Регионот Охридско езеро – безбедна дестинација за авантуристички туризам“. Службата за спасување на планина функционира од...

Continue reading

Општините од југозападниот регион ќе градат на три локации шелтер центри за бездомни кучиња

Post Views: 10 Советот за развој на Југозападниот плански регион усвои предлог одлука за изградба на микростационари за кучиња скитници на три локации. Со финансиска поддршка од Европската унија, а имплементирани од УНДПИ ќе бидат изработени основни проекти за изградба на стационари на Мауцкер за општина Охрид, но и за Кичево и Центар Жупа. Во микростационарот на Мауцкер ќе бидат згрижувани кучиња од општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебраца. Згрижувањето на бездомните кучиња во прифатни центри е мошне скапа инвестиција која според проценките чини околу 100 евра по куче без додатните...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top