Ознака: општина

parkinzi

Нов обид да се направи ред со паркинзите

Post Views: 3 Дознаваме дека тендерот кој беше објавен на 04 јануари и кој е отворен се до 12.01 2013 год. е направен со одлука на советот на 05.дек. 2012 год. и студијата изработена од страна на одделението за комунален развој и сообраќај.Раководителот на одделенито за сообраќај, Зоран Шикалески објаснува дека во тендерот покрај добро познатите паркинг места, вметнати се и нови. Станува збор за местата кои преку цела година привлекуваат посетители и околу кои има многу автомобили, како што е улицата 7 ми ноември во делот кај новоотворените маркети.Согласно изработената студија утврдени...

Continue reading

ВМРО ДПМНЕ реагира на вработувањата во ЈП Охридски комуналец

Post Views: 6 „Долгогодишните лаги, манипулации и долгогодишното задолжување и пренатрупање на општина Охрид и јавните претпријатија со партиски војници од страна на градоначалникот Александар Петрески и неговите блиски соработници по инерција продолжуваат и во последните сто дена од нивниот мандат. Континуирано е замајувањето на јавноста со партиски вработувања во локалната самоуправа и јавните претпријатија, а се со  цел  добивање на ситни партиски поени за ионака слабиот рејтинг на Петрески“, обвини денеска портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Никола Митровиќ. „Покрај големата превработеност...

Continue reading

Дебрца

„Градоначалникот Којчиноски недомаќински работи“, обвинува ОК на Вмро Дпмне од Дебрца

Post Views: 5 Од ОК на Вмро Дпмне од Дебрца се упатуваат  критики за несовесно и недомаќинско работење во изминативе години на градоначалникот на Општина Дебрца,  Љупчо Којчиноски. За обвинувањата  упатени на адреса  на актуелниот градоначалник, претседателoт на ОК Игор Трајкоски се повикува на  раководењето со буџетот на Општина Дебрца, на неговата приходна и расходна страна.  Во  општина Дебрца не се спровеле или многу малку се направило од ветеното за подобрување на инфраструктурата, укажува Трајкоски. Нема јавно осветлување, изградба на системи за водоснабдување, систем за одведување...

Continue reading

gimnazija

На старата дама и се врати нејзиниот француски шешир

Post Views: 15   Гимназијата Св. Климент Охридски си го доби својот некогашен лик по кој била препознатлива надалеку. Денеска свечено беа пуштени во употреба новите простории во нејзиното поткровје.  Како што рече градоначалникот Александар Петрески на старата дама и се врати нејзиниот француски шешир. Тој потсети дека градбата на поткровјето започна во 2006 година, а се реализира со средства од Локалната самоуправа и Светската банка. Градоначалникот кажа дека покрај овој дел се реновирани и внатрешните простории, а обновена е и фасадата на Гимназијата. Целата таа инвестиција чини...

Continue reading

gas

Гасификација во Охрид?

Post Views: 3 Градските власти во Охрид најавија гасификација. Градоначалникот Александар Петрески тоа го планира како една од мерките за справување со енергетската криза, поради која, многу институции посебно образовните се дават во долгови поради обезбедување на неопходните енергенси за греење. „Планираме дел по дел во градот да воведуваме гасификација, т.е. првата област ќе биде околу Григор Прличев училиштето  каде што ќе поставиме мобилна цистерна за гас од каде што од исто место ќе се грее и Григор Прличев и детската градинка, гимназијата, економското училиште, општината и другите...

Continue reading

Mitrovic DPMNE

ДПМНЕ Охрид реагира на огласот за нови вработувања во општината

Post Views: 0 ОК на ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција на јавниот оглас за вработувања во општинската администрација. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Никола Митровиќ смета дека новите 32 вработувања ќе бидат на директен товар на граѓаните на Охрид. Митровиќ додава вработување на нови кадри во ситуација кога јавните претпријатија се пред банкрот е само знак на недомаќинското работење на локалната самоуправа. „Фактот што општина Охрид и Петрески распишуваат оглас во пресрет на локалните избори, ни дава за право да се сомневаме дека СДСМ и Петрески ја отвораат вратата за нови партиски...

Continue reading

sednica sovet Ohrid

Каде се парите за јавна чистота?

Post Views: 3   Советничката група на ВМРО ДПМНЕ прашува каде се средствата собрани од наплатата на давачката за  јавна чистота која граѓаните веќе една година му ја плаќаат на ЈП Охридски Комуналец. Тие тврдат дека при анализа на приходната страна на буџетот на Општина Охрид увиделе дека овие средства не се прикажани. Објаснуваат дека како што се прикажани средствата кои ЕВН ги прибира од граѓаните по основ јавно осветлување исто така во приходната страна од буџетот треба да ги има и овие средства. За советниците од ВМРО ДПМНЕ не е јасно зошто Локалната во посебна расходна програма...

Continue reading

akademija SV. Kliment Ohridski

Општина Охрид се подготвува за својот патронен празник

Post Views: 12 Општина Охрид се подготвува за достојно одбележување на Св. Климент Охридски – патронот на градот. Свечени програми по повод Св. Климент Охридски подготвуваат локалната самоуправа во соработка со Средното училиште кое го носи името на заштитникот на Охрид, но и основното училиште Св Климент Охридски кое свечената програма ја подготвува ден пред одбележување на овие активности е и паркот на пријателството во кој парк дрва ќе посадат претставници на градовите кои ќе не посетат. Претставници на училиштата бидејќи тие имаат гости од поранешните ЈУ простори така да овој...

Continue reading

опстина

Нема децентрализација, а со тоа нема ниту демократија

Post Views: 1 Процесот на децентарализација тапка во место, тврди градоначалникот Александар Петрески. Без локален развој нема подобар животен стандарад, додава тој. Децентрализацијата беше најважниот процес кој требаше да се случи во државава, но за жал тој се реализира само на хартија, категоричен е Петрески. Градоначалникот потенцира дека доказ за се поголемата централизација е и тоа што земјиштето кое општината само пред неколку месеци го доби на управување им е одземено пред неколку недели. Зa неговата судбина повторно ќе решава државата. „Тоа ме потсетува на национализацијата...

Continue reading

општина

Општината ќе ги помага социјално ранливите охриѓани

Post Views: 4 Со парични олеснувања општина Охрид ќе ги помага ранливите категории  охриѓани. Наскоро ќе им ги надополнува давачките за сметки на трите општински јавни претпријатија Проаква, Комуналец и Нискоградба. Висината на субвенцијата за трошоците за комунални услуги ќе биде во висина од 600 денари. Од овие средства 300 денари се предвидени  за сметките за потрошена вода за пиење, и по 150 денари за сервисните услуги за ѓубре и канализација.  Општината само на  овој начин може законски да им помогне во  ублажување на  издатоците на граѓаните кои се наоѓаат во потешка социјална...

Continue reading

sednica sovet Ohrid

Сработено а неисплатено

Post Views: 1 На градските избраници во Советот на Општина Охрид веќе осум месеци не им се исплатени паушалите. На секој советник месечно треба да му се исплатат 14 000 ден. Бидејќи во советот има 23 советници ако се направи проста математика за изминативе осум месеци општината на секој од нив им должи по 96 000, а на сите вкупно околу 2 мил денари. Советникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Пановски вели дека ова е крајно несериозен однос на Локалната кон нивната работа и функција. Инаку, исплатата на паушалите е регулирана со Законот за исплата на плати и други надоместоци на избрани...

Continue reading

sednica sovet Ohrid

Ребалансот на буџетот ги размрда советниците

Post Views: 5 54-тата седница на Советот на Општина Охрид невообичаено кратака. На дневен ред беа ставени само четири точки и уште една дополнителна  која беше додадена на барање на Комисијата за финансии и буџет. Советниците на првите три точки беа прилично комотни. Но, атмосферата се загреа кога на ред дојде четвртата точка- Одлуката за изменување и дополнување на Буџетот на единицата на Локална самоуправа Охрид за 2012 година. За опозицијата нема никаква оправданост да се прави ребаланс на буџетот бидејќи како што потенцираа тие уште при неговото донесување укажувале дека проекцијата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top