Ознака: општина

pomos srbija

Охрид деновиве дише и живее со хуманост

Post Views: 7 Граѓаните и компаниите од Охрид покажаа висок степен на хуманост, солидарност и масовно се одзваа на акцијата за помош на настраданите во поплавите во Србија и Босна и Херцеговина, изјави градоначалникот Никола Бакрачески. Од денес пред општинската зграда е отворен нов пункт, каде од 9 часот наутро па се до 16 часот може сите кои сакаат да донираат хуманитарна помош. Бакрачески на своите сограѓани им порача, секој во рамките на своите можности да продолжат и понатаму да донираат, со цел на настраданите во поплавите да им покажеме  дека не се сами и имаат пријатели во...

Continue reading

Ohrid

За петок свикана 24-та седница на Советот на општината

Post Views: 11 Дваесет и четвртата седница на Советот на општина Охрид на ден 23.05.2014 година ќе се одржи овој петок со почеток во 12,00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид, со следниот  деневен ред : Д Н Е В Е Н Р Е Д 1. Предлог Одлука за верификација на мандат на член во Советот на општина Охрид.2. Предлог Решение за именување Претседател на Статутарно-правната Комисија. 3. Предлог Решение за именување член во Комисијата за јавни и комунални дејности. 4. Предлог Решение за именување член во Комисијата за месна самоуправа. {loadposition content9}

Continue reading

traktor

Финансиска поддршка за рурален развој

Post Views: 1 Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид и Канцеларијата за административни работи и стручна поддршка на развојот на земјоделството, информираат дека е објавен јавен повик 02/2014 и 03/2014 за доставување на барања за користење на средства од програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2014 година. Во меркатa 121 предвидени се средства за инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства, набавка на добиток од признати организации на одгледувачи на добиток од Република Македонија, набавка на пчелни матици од регистрирано одгледувалиште,...

Continue reading

лого

Телефонска линија и електронска адреса за анонимно пријавување на мито и корупција

Post Views: 0 Со цел подобрување на ефикасноста и одговорноста на општинската администрација, општина Охрид отвори  телефонска линија и електронска адреса за анонимно пријавување на мито и корупција. Граѓаните пријавувањата ќе можат да ги извршат на телефонскиот број 046/262-469, 262-469 или со поднесување  анонимна пријава по електронски пат преку веб – страната на општина Охрид со испаќање е-маил на следнава адреса : prijavikorupcija@ohrid.gov.mk {loadposition content9}

Continue reading

Ohrid

Охридските советници в петок ќе расправаат по триесетина точки

Post Views: 4 На престојната седница в петок на дневен ред  пред советниците  ќе се најдат триесеттина  точки.  Градските избраници ќе се изјаснуваат по предлог одлуки од  реализирани програми во  изминатите три месеци, како и за финасиски извештаи од  ТЛЕР и Јавните претпријатија. На усвојување ќе биде ставен и  општинскиот Буџет за периодот од 01.01  до 31.03.2014 година. Покрај овие точки ќе се разгледуваат и извештаите  за реализација на развојната Програма за изработка на урбанистички планови за општина Охрид 2014-2016 за периодот од 01. 01 – 31.03.2014 година.  Советниците...

Continue reading

den na evropa

Охрид го одбележа Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Post Views: 13 Со положување цвеќе пред споменикот на ослободителите на Охрид  денеска  официјално беше одбележан 9-ти мај – Денот на победата над фашизмот. Цвеќе положија делегација на Локалната самоуправа, преставници на Советот на Општина Охрид, преставници на ОО на СДСМ и на ОО на Сојузот на борци за Охрид и Дебарца. Делегација на Сојузот денес положи цвеќе и пред Споменикот на паднатите борци во НОБ „Кременатец“ во месноста Рашанец во Дебрца. Заменик градоначалникот Ангел Јанев уште еднаш потсети на значењето на овој светол ден кога со потпишувањето на безусловна капитулација...

Continue reading

Во Општина Дебрца ќе се отвори откупен пункт за земјоделски производи

Post Views: 6 Советот донесе одлука за спроведување на постапка за јавно наддавање за издавање под закуп на деловен простор во зградата – дом с.Требеништа, со намена за отворање на откупен пункт за земјоделски производи. Со јавниот повик, кој ќе биде објавен ќе се повикаат сите заинтересирани инвеститори за отворање на откупен пункт за земјоделски производи. На последната 47 седница Советот на општина Дебрца ги усвои измените на персоналниот состав на општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди. Постапувајќи по барања на загрижени земјоделци, кои претрпеа штети...

Continue reading

policija

СВР Охрид, го одбележа денот на полицијата

Post Views: 1 7 ми Mај денот на македонската полиција СВР Охрид го одбележа со низа активности. За најдобар полицаец на годината е прогласен Мите Печовски, кој беше награден со телевизор од Локалната самоуправа на Охрид. Професионалното извршување на работата и работните задачи во МВР и откривањето на повеќе кривични дела во СВР, допринесоа, денес моето име да се најде меѓу најдобрите на локално ниво вели Печовски. „Оваа награда за мене претставува чест и задоволство и еден поттик во понатамошнот работење во Министерството за внатрешни работи. Му се заблагодарувам на градоначалникот...

Continue reading

mepso

Јавна расправа во Дебрца во врска изградбата на интерконективниот вод и 400 KW станица

Post Views: 6   На 7-ми мај 2014 година, во просториите на општина Дебарца со почеток во 11 часот ќе се одржи јавна расправа за Студијата за ОВЖС на проектот,,Изградба на интерконективен надземен вод 400KV ТС Битола 2 –македонско-албанска граница и ТС 400/110 KV Охрид“. Јавната расправа е организирана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање и МЕПСО заедно со консултантот кои ќе ги презентираат оправданоста на проектот и Студијата за ОВЖС. Сите заинтересирани граѓани на општина Дебарца може да присуствуваат на јавната расправа, а од особено значење е за...

Continue reading

saem

Охрид град партнер на третиот меѓународен саем за вино и туризам во Србија, „Жупа 2014“

Post Views: 1 Во рамките на третиот Меѓународен саем за вино кој се одржа на 02-03. 05. 2014 во организација на Оштина Александровац, и оваа година Општина Охрид учествуваше како град партнер. На саемот Општина Охрид ja претстави богатата туристичка понуда, квалитетните вина на локалните винарии, како и дел од вкусните и мајсторски приготвени специјалитети на домашните производители на прехрамбени производи. Претставниците на Општина Охрид со претставници на Општина Александровац, разменаа Меморандум за соработка и партнерство, со цел поттикнување на меѓусебната промоција на туризмот...

Continue reading

vezbi

Проектот за правилен развој на децата веќе се спроведува во Дебрца, во Охрид сеуште е на разгледување

Post Views: 6 Проектот за безбеден раст и правилен физички развој на децата кој го спроведува кинезитерапевтот Јован Каланоски успешно функционира во општина Дебрца. Овој проект пред околу 2 години се спроведуваше и во општина Охрид, а резултатите добиени од тогашните испитувања зборуваа за сериозен број на деформитети кај децата од основните училишта. Каланоски вели дека не само што процентот на деца кои имаат некаков деформитет е голем, туку и дека за жал тој процент од година во година расте. „Проектот е доста интересен како за нашиот град, така и за општините од околината, така...

Continue reading

poplava leskoec

Дали доаѓа крајот на проблемите со поплавената улица „Илија Смически“ во Лескоец?

Post Views: 6 Повторно испливаа на површина проблемите со улицата „Илија Смически“ во Лескоец. Жителите велат дека станува збор за децениски проблем за кој многупати им било ветувано решение, но дека засега нема ништо од ветеното. Обилните врнежи деновиве уште еднаш ја поплавија оваа улица, за која жителите велат дека во должина од дури 200 метри се претвора во базен. Се жалат дека нивните деца, за да стигнат на училиште, мора да поминат огромен пат кружејќи околу селото. Јане Бачевски, жител на оваа улица вели дека од ден на ден, секојдневно чекаат да пристигнат багери и да започнат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top