Ознака: општина

Општина Охрид денеска ја доби техничката документација за реконструкција на три улици

Post Views: 7 Во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП), финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка, Општина Охрид доби изработена комплетна техничка документација за реконструкција на улиците „Гоце Делчев“, „Ѓорче Петров“ и „Кленоец“.Официјалните записници за примопредавање на техничката документација беа потпишани денеска на пригодна свеченост која се одржа во Министерството за финансии, во присуство на Министерката за финансии Нина Ангеловска и директорот на Канцеларијата на Светска банка во Скопје, Марко Мантованели. На настанот...

Continue reading

Општина Вевчани се подготвува за одржување на празникот Василица

Post Views: 1 Во Вевчани се прават последните завршни подготвки за одржување на традиционалниот Вевчански карневал на 13 јануари. Оваа вековна традицонална манифестација привлекува се поголем број гости во Вевчани за да бидат дел од карневалското случување. За претстојниот празник општината уште во текот на есента реализира бројни проекти и градежни зафати за да се подобри инфраструктурата. Завршени се градежните работи на мултифункционалната зграда, уличките се поплочени со камени плочи во должина од околу 1 км, а набавена е и нова механизација за зимско одржување на патиштата,...

Continue reading

Во општина Охрид над 5 илјади лица се на евиденцијата за вработување

Post Views: 3 Во охридската Агенција за вработување на листата за чекање работа до 30 ноември минатата година биле евидентирани 5515 лица. Од нив 2600 се активни баратели, а 2915 се пасивни баратели на работа. Целта на Агенцијата е што поголем број на вработувања и намлување на листата на невработени помагајќи им со низа мерки за самовработување. Невработените своите вештини и стручност можеа да ги реализираат преку оперативниот план за самвработување на Агенција. Само мината година им било овозможено на 40 невработени лица од Охрид да реализираат свои бизнис идеи и да се самовработат,...

Continue reading

Во општина Дебрца ќе се градат две соларни централи

Post Views: 3 Потенцијалите со кои располага општина Дебрца ќе бидат ставени на користење за локалниот економски развој на оваа рурална општина. Во таа насока, изградба на две соларни централи, се дел од адутите кои ги има локалната самоуправа, информира градоначалникот Зоран Ногачески. Општина Дебрца го презеде управувањето со градежното земјиште и по завршување на парламентарните избори, од на пролет, веќе се очекува да се преземат иницијативи за искористување на сончевата енергија. „Сакам да потенцирам дека во завршна фаза сме со донесување на Урбанистичките планови, треба да...

Continue reading

Советниците ја прифатија информација за изготвениот Интегриран катастар на загадувачи на животната средина на Општина Охрид

Post Views: 6 На вчерашната седница на Советот на Општина Охрид, последна за оваа година, советниците ја прифатија информација за изготвениот Интегриран катастар на загадувачи на животната средина на општина Охрид. Интегрираниот катастар на загадувачи на животната средина претставува динамичен стратешки документ и како таков, заедно со законската регулатива во оваа област претставува инструмент за одржливо управување со квалитетот на животната средина. Иницијален чекор во процесот на интегрирано управување со животната средина претставува обезбедување на сознанија за емисиите во медиумите...

Continue reading

Готова е Стратегијата на општина Струга

Post Views: 2 Готова е Стратегијата на општина Струга. Таа доаѓа како резултат на Програмата „Општина по мерка на граѓаните“, програма која се реализра во соработка со општината и Фондација Отворено Општество. Стратегијата е усвоена од Советот на општина Струга со партиципативно учество на граѓаните, институции и секторите на општина Струга. „Навистина беше добро што сите придонесоа за стратегиите да бидат успешни. За граѓаните што не знаат стратегиите се однесуваат на 4 области, развој на образованието, млади, социјална заштите, соработка ос граѓанскито сектор. Од истите произлегоа...

Continue reading

ОПШТИНА ОХРИД ОРГАНИЗИРА ЗАЕДНИЧКИ ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА

Post Views: 8 На Градскиот плоштад и оваа година ќе биде организиран заеднички дочек на Новата година. За забавата ќе се погрижат охридските музичари Ѓоко Танески, бендот Камелеон и Ефто Пупиноски. Општина Охрид организира забавен програм кој ќе трае од 01.01 – 20.01.2020 година, каде превидено е на Градскиот плоштад да настапат повеќе домашни и странски звучни имиња.

Continue reading

СВИКАНА ТРИЕСЕТ И ШЕСТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Post Views: 3 Свикана триесет и шестата седница на Советот на општина Охрид на ден 12.12.2019 година (четврток) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид. На ова изданаие на седницата на Советот ќе се најде само една точка од техничка природа, во врска со постапката за поделба на МЈП „Проаква“. Предлог – одлука за давање согласност на Одлуката за потврдување на Планот за поделба ОДУ.бр. 721/19 од 04.11.2019 година и потврдување на Спогодбата за присоединување ОДУ бр.722/19 од 04.11.2019 година.

Continue reading

Раскинат договорот помеѓу Општина Охрид и Фибула за продажба на атрактивната локација кај каналот

Post Views: 4 Општина Охрид во првостепена постапка пред Основен суд Охрид ја доби тужбата против Фибула Травел за раскинување на договорот за продажба на земјиштето на локацијата кај каналот Студенчишта. Имено, според објавата на судската пресуда од 29.11.2019, судот го усвоил тужбеното барање на општината, со што договорот за оттуѓување на градежно земјиште по пат на електронско наддавање од 19.08.2014год  се раскинува поради неисполнување на истиот од страна на Фибула. На оваа  атрактивна локација на охридското крајбрежје, компанијата Фибула ер Травел требаше да изгради два хотели...

Continue reading

СВИКАНА ТРИЕСЕТ И ПЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Post Views: 1 Свикана триесет и петтата седница на Советот на општина Охрид на ден 29.11.2019 година петок со почеток во 11:00 часот. На дневен ред на ова издание на седницата на Советот на општината ќе се најдат извештаи за реализација на повеќе програми, како за реконструкција на локални патишта и улици, комунални услуги, одржување јавна чистота, енергетска ефикасностизградба на системи за водоснабдување и друго. Исто така ќе се одлучува за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за финансиските потреби на територијалната противпожарна единица Охрид за 2019 година,...

Continue reading

ФТУ на барање од општина Охрид работи на студија за ефектите од туризмот

Post Views: 5 ФТУ на барање од општина Охрид работи на студија за ефектите од туризмот. Предмет на истражувања во новата анализа ќе биде економскиот импакт на туризмот во општина Охрид и врската меѓу сезоналноста и остварените приходи од вработувањата , трошоците од работењето и секторската меѓузависност, вели проф д-р Александар Трајков од ФТУ. Професорот напоменува дека новата студија произлегла како потреба од претходно направените истражувања од пред три години. Податоците покажале неповолна работна клима од деловно регистраните субјекти во охридското стопанство, напоменува проф....

Continue reading

Реализација на градежни проекти низ општина Дебрца за водоснабдување

Post Views: 1 Изминативе неколку недели па се до крајот на 2019 година, се реализираат неколку клучни градежни порективо оваа рурална опоштина кои пред се се наменети за водоснабудвање на жителите од неколку селски средини. Официјално започна изградбата на доводен цевковод за водоснабдување на селото Слатински Чифлик, единственото село во Дебрца кое нема водоснабдителен систем. Проектот предвидува изградба на доводен цевковод од село Издеглавје до село Слатински Чифлик, во должина од 2586,60 метри, при што ќе бидат поставени полиетиленски водоводни цевки, PE 100 од 10 bari со DN 90,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top