Ознака: општата

bolnica

Нова ера во развојот на охридската хирургијата

Post Views: 12   Во Општата болница во Охрид денес за прв пат беше изведена лапараскопска интервенција. Зафатот се изврши на 24 годишна пациентка на која и беше отстранета жолчката. Операцијата се одвиваше во присуство на професори од скопската клиника, а целиот зафат можеше да се следи и во живо преку болничките мониторинг-камери. Според претседателот на Управниот одбор на болницата и портпарол, доктор Сашо Василевски ова е многу значаен момент и за болницата, но и за пациентите. Ова не е нова метода во медицината и во светот е етаблирана со години наназад, но во охридската болница...

Continue reading

hiv karavan

Охриѓани се информираа за сидата на ХИВ караванот

Post Views: 0 ХИВ караванот кој вчера се одржуваше на плоштадот „Крушевска Република“ вистинска атракција за охриѓани. Од музички хепенинг со познати ѕвезди од македонската музичка сцена, до делење на информативни флаери за СИДА-та и драмска изведба на волонтерите од Црвениот крст од Охрид. Целта на овој караван е да се запознае заедницата, охриѓани со она што невладината организација „Опција“ од Охрид го спроведува како превентивни програми поврзани со ХИВ Сидата и хепатитисот, како и нивната работа со целните групи на сексуални работници и нивните семејства и корисниците на дроги. „Преку...

Continue reading

opsta bolnica

Започна со работа новиот дел на општата болница

Post Views: 4 Денеска видно раздвиженост во хируршката амбуланта од пациенти, доктори и останат медицински кадар. Директорот на општата болница д-р Љубен Арнаудов признава дека деновиве направиле максимални напори за да се преселат од Струга и старите привремени амбуланти, но добрата организација помогнала  во рекорден рок да се формираат сите амбуланти и одделенија во новиот блок. „Од денеска почна да работи хируршкото одделение, гинеколошкото, одделението за уво, нос и грло, гинекологија и операционите сали.  Сме во една од прориите на хируршкото одделение каде се гледа дека се...

Continue reading

ристески

Васил Ристески им вети на охриѓани решавање на најгорливите проблеми

Post Views: 3 Императив ќе биде решвање на проблемот со новоотворената продавница за погребни материјали  пред влезот на Општата болница од Охрид. Кандидатот за градоначалник на Охрид, поддржан од Социјал-демократската Унија на Македонија, Васил Ристески, вети решавање на најгорливите проблеми кои ги мачат охриѓани. Како еден од тие проблеми, посочен од оние кои веруваат во неговата победа на овие избори е проблемот со новоотворената продавница за погребни материјали  пред влезот на Општата болница од Охрид. Ристески кажа дека е станува збор за нечија луда идеја, на некој неодговорен...

Continue reading

opsta bolnica

Охрид ќе добие најсовремена болница

Post Views: 20 Во ова се уверивме лично кога на наше барање со цел да видиме како течат градежните активности, со директорот на општата болница д-р. Љубен Арнаудов и претставник на фирмата изведувач направивме обиколка на новиот објект. Објектот кој започна да се гради пед 8 месеци е во завршна фаза, а за скоро време треба да се донесе мебелот и медицинската опрема. „Добивме многу повеќе отколку што очекуваваме“, вели директорот на општата болница Арнаудов. „Добивме болница по европски стандарди кои во 2015 год. Ќе стапат на сила во Европа, а ние ќе ги имаме во 2013 год. Самото земење...

Continue reading

strajk lekari Ohrid

И охридските лекари штрајкуваат

Post Views: 10   Поддршка на самостојниот синдикат на клиничкиот центар денес  му дадоа и докторите од општата болница од Охрид. Лекарите кои штрајкуваат интервенираат само на итни случаи, а на сите останати пациенти на кои состојбата не им е итна прегледите им се презакажуваат за други денови. Д-р Никола Симоновски, претседателот на синдикат на Општата болница Охрид вели дека прекинот на работата се одвива без никакви последици по пациентите бидејќи на сите оние кои им е неопходна здравствена помош истата им се пружа. Инаку, лекарите специјалисти бараат под итно укинување на проектот...

Continue reading

Opshta bolnica

Од денес, до петок, ревматски прегледи во Општата болница во Охрид

Post Views: 9 Од денес, па се до петок, во рамки на интерното одделение при Општата болница во Охрид, ќе гостува професор д-р Нада Марина од Клиниката за ревматологија во Скопје.  Д-р Марина во текот на овие неколку дена ќе врши ревматоидни прегледи на сите заинтересирани граѓани кои се соочуваат со ова заболување. Прегледите започнаа од утринава, а интересот прилично голем, вели д-р Марина. „Јас од сабајле имав доста пациенти, пациенти кои што редовно доаѓале во Скопје, слушнале, и дојдоа на преглед во амбулантата на интерното одделение така да имавме пациенти и од Струга. Мислам...

Continue reading

interno oddelenie

Од концерти право на интерно

Post Views: 4 Забавите и концертите кои се карактеристични за Охрид во овој период, стануваат меч со две острици. Се почесто она што започнува како добра забава, знае да стане најголем кошмар. За жал, главна улога во оваа приказна имаат се поголем број на млади луѓе. Токму ова е причината, интерното одделение при Општата болница, овие денови да има полни раце работа. Оттаму ни велат дека младите се почесто си ги продолжуваат ваквите забави во своја режија, и за жал завршуваат токму на интерното одделение. Причина-предозираноста со алкохол. Д-р Сашо Василевски, специјалист интернист...

Continue reading

Katerina Poposka

Поради ДСГ методологијата и Охридската болница на ѕидот на срамот од ФЗУ

Post Views: 2 Методологијата за наплаќање на услугите на лежечките болни, стави многу болници од земјава на Ѕидот на срамот од Фондот за здравствено осигурување. Меѓу нив  се најде и Општата болница од Охрид. Поради тоа охридската болница беше една од здравствените установи на која и беше Изречена договорна казна за неправилности  при кодирање на пациентите според ДСГ методологија, а во висина од 3,5% од фактурираниот износ по ДСГ за соодветниот месец. Координаторот за работа со оваа методологија во охридската болница, Д-р Катерина Попоска вели дека казнети се за грешки кои се направени...

Continue reading

todorov

Тодоров на увид, во болницата

Post Views: 2 Министерот Никола Тодоров, во посета на Охрид и Струга за да види како функционира здравството. Задоволен е од досегашниот тек со изградба на Општата болница во Охрид. Тој смета дека Охридската болница не само што ќе биде регионална, туку ќе ги отвори вратите и за пациентите од соседните земји. „Рекунструкцијата оди да ви кажам искрено и побрзо од тоа што јас очекувам, да не се урочиме сега, но, очекувам да заврши пред крајот на оваа година. Тоа ќе биде во рамки на она што имаме со договорот. Во договорот ни беше предвидено 8 месеци, разговаравме со изведувачот тој...

Continue reading

peceno jagne

Охриѓани мераклии на јагнешко и велигденски јајца

Post Views: 7 Полни раце работа за интернистите во Општата болница. Продолжениот празничен викенд се покажа и тоа како работен за нив. Се чини Охриѓани баш си го сакаат јагнешкото и велигденските јајца бидејќи добар дел и претерале со ваквата храна. Ова особено станува проблем поради долгиот период на велигденски пости. Според лекарите, токму наглото консумирање на мрсна храна по постот е главната причина за јавување на тегобите. Во Интерното одделение при Општата болница само за овие неколку дена регистрирале преку 180 случаи на пациенти кои прекумерно консумирале мрсна храна викендов. „Ние...

Continue reading

ljuben arnaudov

Започна изградбата на општата болница

Post Views: 5 Ветено направено. Од фирмата „Виа Игнација“ денеска започнаа и со градежните активности во Општата Болница во Охрид. Сопственикот на Фирмата која го доби тендерот Ѓоко Угриноски во телефонскиот разговор истакна дека рокот од осум месеци нема да го пробие, не само затоа што доколку не се испочитува договорот пеналите се многу големи, туку и поради тоа што е човек од збор и добро си ги знае своите способности.   Од општата болница велат дека за да се скрати изгубеното време од фирмата  „Виа Игнација“ одлучиле истовремено да работат на повеќе позиции. Сведоци бевме дека...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top