Ознака: оние

sime ilieski

Децата се радуваат на новите катчиња за игра кои никнуваат низ градов

Post Views: 2 Никнува уште едно детско игралиште во градов. Тоа ќе биде лоцирано позади спортската сала на охридската Гимназија. Од Локалната велат дека и ова игралиште е едно од оние кои градоначалникот ги вети. Тоа се прави со општински пари, а реквизитите воопшто не се евтини, вели портпаролот на Локалната, Симон Илиески. Сумата зависи од просторот кој се   уредува. Досега низ градов направени се 15 вакви игралишта. Ваквата акција е за поздравување велат граѓаните, но оние од стариот дел на градот реагираат. Тие сметаат дека нивните деца како да се подзаборавени бидејќи во овој...

Continue reading

magistrala

Се, за туризмот во Охрид

Post Views: 5   Се, за туризмот во Охрид. Од утре екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ ќе пристапат кон чистење од градежен шут и друг вид на отпад, покрај магистралниот пат од охридскиот аеродром до влезот на градот. Иако тоа не е во нивна надлежност, директорот на ЈП  Сашо Алче вели, ако се погледне од страните на патот, состојбата е очајна и го нагрдува лицето на влезот на балканскиот бисер, градот под Самоиловите тврдини, Охрид. Тој е категоричен дека веќе е даден налог од страна на Петрески за да се исчисти овој потег, бидејќи на туристите не ги интересираат надлежностите и обврските...

Continue reading

fontance

Тропските горештини и во Охрид

Post Views: 1 И во Охрид деновиве како под сач. Охриѓани како знаат и умеат се справуваат со горештините. Некои се придржуваат до советите на лекарите, некои пак не му се плашат на сонцето.  Од Одделението на Итната медицинска помош велат дека туристичката сезона е во тек, па така и нивната работа добива на интензитет. Д-р Ацо Стојаноски Раководителот на одделението за Итна медицинска помош и домашно лекување  вели дека нормално е со појавата на вакви горештини да се зголеми и бројот на повиците. „Бројот на повиците секој ден е различен. Но од десет до дваесет повици имаме на ден...

Continue reading

logo

„Проаква“ почнува со исклучување и наплата

Post Views: 0 Долговите на физичките и правните лица кон МЈП „Проаква“ се поголеми од половина милион евра. Ненаплатените долгови од физички и правни лица се движат од 30.000 до 300 000. Поради ваквата состојба, од ова јавно претпријатие се приморани да започнат со исклучување на најголемите должници, кое потоа ќе продолжи и со помалите должници. Даниел Радески, од одделението за односи со јавност на „Проаква“ вели дека овој пат никој нема да биде поштеден. „На оние корисници кои бесправно се вклучиле по исклучување, за нив ќе следат соодветни мерки како што е исклучување директно...

Continue reading

brod

Бродарите изненадени од смената на Настовски

Post Views: 5 Охридските бродари изненадени од разрешувањето на капетанот Љупчо Настовски од функцијата раководител на капетанија на пристаништата на Македонија.  Велат дека веста за разрешувањето на Настовски ја дознале од медиумите. И покрај тоа што во минатото бродарите реагираа на лошата комуникација со капетанот и на неговото непознавање на работите, сепак денес тие велат дека во последно време работите видно се променале. „После она што беше пред две години односите се подобруваа и станаа навистина добри во последно време во било кој план. Претпоставуваме дека увидоа дека во...

Continue reading

gragjani prosetka

Што празник беше денес?

Post Views: 3 Пролетери од целиот свет обединете се!!! Вака гласи најпознатиот слоган на Карл Маркс, но не верувам дека  мислел на првомајските скари и прослави, а ако мислел на тоа, богами буквално сме го сфатиле. Но еве не сега, 20 години после осамостојувањето на државава, живееме во еден друг систем, со други вредности. А од прославите се помалку останува. Не толку како Ден на трудот, туку повеќе како Ден за оддишка на обичниот граѓанин, ден за бегство во високите планини и шуми каде не допираат секојдневните проблеми. 1Ви Мај се повеќе го губи и ова значење, и станува урбанизирана...

Continue reading

sileks

Хотелите ќе добијат електрошок

Post Views: 0 Апарати за електрошокови, односно дефибрилатори ќе мора да си набават сите фирми во кои што има повеќе од 100 вработени.  Тоа го предвидува новиот Закон за здавствена заштита кој треба да стапи во сила до први јуни годинава. Министерството за здравство деновиве достави известување до фирмите да се снабдат со потребниот медицински апарат, а доколку не го сторат тоа за работодавачите предвидени се казни. Ќе бидат организирани и обуки за 5 вработени од секоја компанија кои би требало да ракуваат со апаратите. Здравствен пункт со дефибрилатор мора да имаат државните органи,...

Continue reading

kruzen tok

Хортикултурното разубавување на Охрид

Post Views: 12 Охрид ќе биде хортикултурно разубавен за Велигденските празници. Финишираат зафатите кои ги преземаат од Јавното претпријатие „Охридски комуналец“, со кои се средуваат кружните сообраќајни токови низ градот. Со околу стотина садници на цветно декоративни грмушки и зимзелени дрвца, се прави обид овие локации да оставаат добар впечаток , како хортикултурно уредено катче, вели Љаткоски Трајан од Работна единица „Паркови и зеленило. „Овде сега овој потег е извршено хортикултурно уредување со саден материјал од Расадникот кој сами го произведуваме и за овој период се одлучивме...

Continue reading

crven krst Ohrid

Бидете хумани! Донирајте храна, топла облека и ќебиња

Post Views: 4 Уште еден апел од општинската организација на Црвениот крст од Охрид. Потребни се нови донации во кои меѓу другото, најважни се лековите за хроничните болни. „Последниве денови се соочуваме со се поголема потреба од храна има се повеќе семејства кои што се јавуваат и имаат навистина потреба од храна и навистина воочувајќи ги состојбите на терен апелираме до сите приватни сопственици на мали маркети, дури и на оние поголеми маркети кои што можат со прехрамбени производи да помогнат во наредниве неколку денови, да помогнат. Ние очекуваме помош и до Црвениот крст на Македонија...

Continue reading

MJP Proakva

МЈП Проаква ќе ги исклучува должниците

Post Views: 7 Од МЈП Проаква ги известуваат корисниците дека согласно законските прописи започнаа со постапката за наплата на надоместот за потрошена вода преку нотарите и извршителите и апелираат до корисниците доброволно да ги подмират своите долгови, за да не се изложуваат на дополнителни трошоци за повторно вклучување во водоводната мрежа.  Исклучени ќе бидат и оние корисници кои не го почитуваат склучениот Договор за исплата на заостанатиот долг на рати.   {loadposition content9}

Continue reading

kapaci

Капачи-внимателно утре!

Post Views: 2 Водата во езерото со екстремно ниска температура. Од Црвениот крст од Охрид со предупредување до сите оние кои ќе скокаат по светиот крст, но и сите капачи воопшто, да бидат крајно внимателни. На брегот на езерото ќе бидат поставени медицински пунктови кои ќе се грижат за безбедноста на капачите. Претседателот на Охридскиот Црвен крст, Сашо Точков вели алкохолот-строго забранет за оние кои ќе скокаат по крстот. Во очи големиот христијански празник „Богојавление-Водици“ предупредувања за крајна внимателност за сите капачи. Овие предупредувања редовно им се повторуваат...

Continue reading

Vasilica

Ем петок 13-ти, ем Василица под маски

Post Views: 6 Василица е празник кој меѓу народот често е причина за полемики бидејќи на едно место се споени и паганските ритуали и православните обреди. Сепак, православната црква поучува да се обрне поголемо внимание на чествувањето на големиот чудотворец свети Василиј. „За жал денес иако сме 2000 години по раѓањето на Христа сеуште имаме пагански традиции кои немаат никаква врска со светото Православие. Секој оној кој се труди да живее уреден православен живот се отргнува од самите оние пагански обичаи, карневали, ставање маски што е спротивно на учењето на светото православие....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top