Ознака: овој

rakomet plakata

Хуманитарен ракометен натпревар во СРЦ „Билјанини извори“

Post Views: 0 Љубителите на ракометот ги очекува вистинска ракометна бајка. Ветераните на охридскиот ракомет и сегашните сили на ракометниот клуб Охрид 2011 ќе водат тешка ракометна битка. Дуелот на титаните ќе го играат од најстари до најмлади. На овој натпревар ќе настапат членови од првите ракометни клубови во Охрид од екипите на „Галеб“, „Полет“ и „Локомотива“ па се до најмладите јуниори од школите на „Седмерец“ и ракометниот клуб  „Охрид 2011“. „Сите оние кои на некој начин допринесле да живее ракометот во Охрид, ќе се соберат на едно место, со една хуманитарна цел. Ќе одиграат...

Continue reading

sv. kliment Ohridski

ООУ Св. Климент организатор на Унеско камп

Post Views: 14 Во четирите денови колку што ќе трае кампот учесниците во истиот ќе разменуваат искуства, но и ќе разговараат за зајкнување на Унесковата мрежа на збратимени училишта. Организаторите на кампот велат дека горди се што и покрај лошите времески услови, сепак сите пријавени учесници пристигнале и се дел од кампот, поточно гости на Св. Климент се ментори и ученици од четири училишта од Пиран – Словенија, Кикинда – Србија, Котор – Црна Гора и од Скопје – Македонија.   Домаќините задоволни од одзивот, а гостите уште позадоволни од приемот во Охрид. „Ова...

Continue reading

logo

Започна хуманитарната акција „Отворено срце“

Post Views: 7 Преку продажба на стара хартија и пластика, до ново возило за децата со посебни потеби. Оваа акција ќе се спроведува во текот на месец декември под мотото „Отворено срце“. Во неа се вклучени сите основни и средни училишта, како и градинките во Општина Охрид. Сашо Алчев, директорот на ЈП Комуналец и еден од организаторите на оваа акција вели дека се е подготвено за нејзино успешно реализирање. Возилото кое ќе се набави со собраните средства ќе им служи на децата со посебни потреби за прошетки во и надвор од градов. За неговото одржување ќе се грижи Локалната, која ќе...

Continue reading

invalidi na trudot

Одбележан меѓународниот ден на лицата со инвалидност

Post Views: 20 Охридските здруженија на инвалиди го одбележаа Меѓународниот ден на лицата со инвалидност. „На овој ден традиционално мора да се разговара со инвалидите и за инвалидите“, категоричен е претседателот на здружението на Инвалиди на трудот Благоја Крстаноски. Тој додава дека на овој ден секоја година членовите се собираат и разговараат за активности и своите проблеми. „Како што гледате инвалидите се соочуваат со повеќе проблеми на ниво на републиката, но и во општина Охрид. Нашата заложба е секогаш да се бориме инвлидите, а посебно инвалидите на трудот кои се исфрлени...

Continue reading

Ohrid-Skopje

Охрид и Скопје конечно ќе бидат автопатски поврзани

Post Views: 22 Автопатското решение кое години наназад беше само пуста желба, конечно ќе биде и реализирано. Најавен како еден од проектите во манифестот на владејачката гарнитура од ВМРО-ДПМНЕ уште во 2011 година, поврзувањето на Скопје и Охрид имаше свои препреки. Поради големиот износ на  финансиски средства потребни за изградба на вакво автопатско решение, првичната идеја на Владата била овој патен правец да биде даден под концесија, но токму тука настанува и застојот бидејќи кај потенцијалните концесионери немало интерес. Решението на проблемот од транспорт и врски го обелоденија...

Continue reading

sednica na sovet

Бурна 55 седница на советот на општина Охрид

Post Views: 0 Советниците се спречкаа уште на правата точка, предложена од страна на градоначалникот и тоа Согласно член 25 од законот за просторно уредување, градоначалникот даде предлог одлука за урбанистички план за изградба на хотел вон населено место за Коњско дел од туристички комплекс св Стефан. На овој предлог оштро се спротиставија советниците од ВМРО ДПМНЕ. Јованка Дамоска Секуловска вели дека ставот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ е урабистичките промени да им се доставуваат навремено, а не пред самата седница. „Незнам што е брзањето и немаме детали за истиот планшто...

Continue reading

MJP kolektor

Британско Италијанска компанија ќе го решава проблемот со колекторот во Охрид

Post Views: 11 Стручен тим од оваа компанија од 15 до 17 ноември престојуваше во Охрид во МЈП Проаква, а  се сретна и со првите луѓе на Охрид и Струга, Александар Петрески и Рамиз Мерко. „Во Охрид дојдоа со цела стручна екипа. Овде останаа три дена и ги видоа сите наши предности и недостатоци. Ни беше кажано дека според анализите кои ги направиле заклучиле дека на ниво на Македнија Проаква е одбрана како најиинтересна и најпогодна за инвестирање“, вели директорот на МЈП Проаква Златко Стакоски.    „Беа многу задоволни од состојбата која ја видоа и кај нас има една специфичност која...

Continue reading

rezija

Ќе се ревидира тарифникот за јавно емитување на македонска музика на ММИ

Post Views: 6 Владата ќе го ревидира тарифникот ММИ за јавно емитување на македонска музика. Овој контроверзен правилник кој го предложи новоформираното здружение Организација на македонска музичка индустрија или скратено ММИ, од неговото донесување па наваму сериозно оспоруван. По многубројните и бурни реакции од страна на локални и национални медиуми, како и од страна на здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија и други субјекти, Владата на Република Македонија одлучи да изврши негова ревизија. За таа цел тие одредиле дека Министерството за култура...

Continue reading

mozaici

Амамот Воска нов галериски простор во градов

Post Views: 10   18 прекрасни мозаици изработени од 15 уметници од нашава земја и соседна Србија од вечерва ќе бидат ставени пред очите на охридската публика. Овие неповторливи уметнички дела, изработени од разнобојни камчиња кои создаваат една прекрасна целина се поставени во Амамот Воска. Овој автентичен амбиент со мозаиците во него ќе ги врати посетителите во времињата назад кога овој амам бил масовно посетуван од жените кои се разубавувале таму и уживале во миговите кои биле само нивни, вели Ели Аин, раководителот на центарот за културен проток, АртЕрија. Овој нов изложбен простор...

Continue reading

ribolov natprevar

Глувите и наглуви лица од земјава, ловеа риба во каналот Студенчишта

Post Views: 0 12 здруженија на глуви и наглуви лица од целата држава, денес ловеа риба во Стденчишкиот канал. Претставници од Охрид, Скопје, Гевгелија, Битола, Кавадарци, Прилеп, Гостивар се натпреваруваа кој ќе улови повеќе риба. Овој државен натпревар се одржува веќе втора година по ред. Риболовците се натпреваруваат поединечно и екипно, а ќе добијат медали и пехари. Претседателот на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица, Васко Марков, изрази надеж дека победникот на овој натпревар нема да запре тука. „Се надевам дека кој ќе го освои првото место, понатаму ќе продолжи со натпреварите....

Continue reading

lions

Лајонистите и матичните лекари од Охрид во борба против дијабетесот

Post Views: 3 Лајонс клубот Охрид од Охрид,  во соработка со матичните лекари започна со спроведување на проектот за превенција и борба против дијабетесот. Оваа благородна акција доаѓа во месецот на дијабет кој се одбележува во светски рамки.  На првата координативна средба помеѓу дел на членството на НВО Лајонс Охрид и општите лекари од Охрид, претседателот на клубот Михајло Арнаудов  упати јасна порака, активно вклучување на докторите од примарната медицина за рано откривање на дијабетот кај пациентите, што пак би помогнало во утврдување на реалната бројка на дијабетичари во општинава....

Continue reading

mitebogoeski

Напролет ќе биде готова улицата Мите Богоевски

Post Views: 8 Завршена е првата фаза на ул Мите Богоевски. А втората фаза се очекува да биде готова до напролет. Со тоа оваа улица ќе биде целосно комплетирана согласно сите стандарди, вели одговорниот на Фондот за Комунален развој Емин Селман. Раководителот, кажа дека веќе пристапуваат кон проектирање на улиците согласно ДУП от и уште денес очекуваат да го добијат изготвениот проект. „Се предвидува Мите Богоески да е со ширина од 10 метри со тоа што коловозната лента ќе биде со ширина од 6 метри и пешачките патеки ќе бидат со ширина од 2 метри. И ќе се постават нови рамници и нови...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top