Одбележан меѓународниот ден на лицата со инвалидност

Здруженијата на инвалиди го одбележаа 3-ти Декември-Меѓународниот ден на лицата со инвалидност.

 |  Маленкова Татјана  | 
invalidi na trudot
инвалиди на трудот

Охридските здруженија на инвалиди го одбележаа Меѓународниот ден на лицата со инвалидност. „На овој ден традиционално мора да се разговара со инвалидите и за инвалидите“, категоричен е претседателот на здружението на Инвалиди на трудот Благоја Крстаноски. Тој додава дека на овој ден секоја година членовите се собираат и разговараат за активности и своите проблеми.

„Како што гледате инвалидите се соочуваат со повеќе проблеми на ниво на републиката, но и во општина invalidi na trudotОхрид. Нашата заложба е секогаш да се бориме инвлидите, а посебно инвалидите на трудот кои се исфрлени од процесот на просизводство  овој преостанат дел од животот да се почувствуваат рамноправни со другите“, вели претседателот на здружението на инвалиди на трудот, Благоја Крстаноски.

Крстаноски додава дека голем проблем за кој постојано ги потсетуваат надлежните е пристапноста на тротоарите но и во многу институции.

„Ние секогаш се обраќаме и доставуваме барање за влегување во планот на секоја наредна година за подобрување на тие услови. Засега се прави нешто, но нашето здружение најгорлив проблем се условите за работа и просторот за работа, бидејќи од неоправдани причини ние сме во туѓа просторија, за која плаќаме кирија. Ова е еден поголем проблем кој финансиски не оштетува“, додава претседателот на здружението Крстаноски.

Крстаноски додаде дека доколку сакаат локалната и центалната власт да им помогнат треба да бидат invalidiединствени во своите барања, а не да се делат на повеќе здруженија.

Комисијата за заштита од дискриминација ја искажува загриженоста во врска со дискриминацијата на лицата со хендикеп во македонското општество од страна на граѓаните и институциите. Комисијата упатува на поголема ангажираност кај институциите во јавниот и приватниот сектор за надминување на сите архитектонски и инфраструктурни бариери со кои се соочуваат лицата со хендикеп и да вложат поголеми напори за прилагодување на условите во училиштата, универзитетите, работните места и транспортот.

Комисијата потсетува на потребата од спроведување на Заклучокот на Владата на Република Македонија за вработување по едно лице со хендикеп годишно во секој орган на управата. Исто така, се укажува на потребата од промени на законодавството, определување на поголеми буџетски средства и преземање на конкретни мерки во насока на поголемо интензивирање на вработувањето на лицата со хендикеп во јавната администрација каде што е констатиран многу низок процент на нивна застапеност, вели претседателот Душко Миновски

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top