Ознака: овој

Steven Gerard

Џерард е најдобриот англиски фудбалер

Post Views: 7 Капитенот на Ливерпул и на англиската фудбалска репрезентација, Стивен Џерард, е избран за најдобар играч во Англија за 2012 година во изборот на ФА. Фудбалската Асоцијација на Англија овој избор го организираше со гласање на стручни лица од сферата на фудбалот, но и на фановите по пат на интернет, па така овојпат гласаа преку 180.000 навивачи, најмногу по 2003 година, кога ова признание му припадна на Дејвид Бекам. За најдобар млад фудбалер на Англија беше избран Џордан Хендерсон, исто така од Ливерпул, со што овој клуб, интересно, ги има најдобрите англиски фудбалери...

Continue reading

komitet struga

Кој е рецептот за реновирање на Комитетот во Струга?

Post Views: 14 Пропаѓа зградата на некогашниот комитет во Струга. Сместен во центарот на градот, во близина на Центарот за култура, од едната страна на реката Црн Дрим, овој објект наликува како оние од хорор филмовите. Пуст и напуштен, искршени стакла, пајажини насекаде, склад за дрва,  и што се уште може да се набројува, доколку намерно или случајно поминете од тука. Стружани сеуште паметат како пред 3 децении изгледаше овој објект. Но сега го гледат како место кое ја нагрдува туристичка Струга. Има и такви кои дирекно посочија кој според нив е виновникот што објектот е во така...

Continue reading

fer plej kup

Започна вториот меѓународен „Фер плеј“ куп

Post Views: 6 Најмладите фудбалери од земјава и регионов, на турнир во Охрид. На настанот, кој е во организација на Ф.К „Фер-плеј“ од Охрид, тие во наредниве три дена ќе се натпреваруваат во пет категории. Без разлика кој од кој клуб доаѓа, од која земја, тука се во Охрид само за едно, да покажат кој е најдобар во фудбал. Марјан Настески, еден од организаторите на „Фер плеј“ купот, вели дека направени се сите напори, обезбедени се сите услови, да може децата да играат, да се забавуваат и да се дружат. За поздравување е фактот што од година во година расте интересот за овој спорт кај...

Continue reading

Agron Dzila

Боксерот Агрон Џила, продолжува со светските успеси

Post Views: 4 Овој 24 годишен боксер кој моментално живее во Швајцарија, својот живот го посветил на овој спорт, а наградата била остварување на неговите сништа. Повеќе од осумдесет победи како аматер, многу меѓународни турнири го одвеле Агрон до професионалниот бокс, каде успесите продолжиле. Едниствениот боксер е на кој му успеало дa ги освои појасите на Светската боксерска унија,меѓународната боксерска федерација, Светската боксерска организација и на Светскиот боксерски совет, за младинци до 24 години. Вели дека 12 години постоајно работел, се подготвувал, а на крај Бог му ја...

Continue reading

turnir

Струга во знакот на врвниот ракомет

Post Views: 4 Bо очи на големиот меѓународен ракометен турнир „Струга 2013“ организаторите уште еднаш потсетија на големината на оваа врвна ракометна манифестација. „Ланската година славевме јубилеј 40 години и тогаш ветивме на Струга и македонската јавност дека овој меѓународен ракометен турнир сакаме да го сврстиме меѓу петте најдобри европски ракометни турнири и она што сме го зацртале како цел со сигурност ќе го оствариме“. Градоначалникот на Струга Зијадин Села смета дека спортските манифестации дополнително допринесуваат во развојот на туризмот, бидејќи класичниот туризам веќе...

Continue reading

dime spasov

Дечињата од социјално ранливите категории заминаа на летување

Post Views: 1 На бесплатен одмор во детското одморалиште „Мајски цвет“ во Струга, денеска заминаа 100 дечиња од социјално ранливи категории. Првата група на деца кои ќе ја користат бесплатната услуга за одмор и рекреација ја испрати министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, кој истакна дека преку овој проект сака да им помогне и на родителите и на дечињата од социјално ранливите категории. Првата група на дечиња заминува на летување денеска, а на секои 7 дена  ќе заминува нова со од 100 до 200 дечиња.За овој проект Министерството за труд и социјална политика издвојува...

Continue reading

Enzo Ferari

Отворен музејот на Енцо Ферари

Post Views: 5 Италијанецот кој што е роден на 18-ти февруари, 1898 година, во 20-тите години на минатиот век ја основа својата компанија, сега веќе етаблиран светски бренд – Ferrari. Тоа е единствениот тим во Формула 1, кој што учествувал на сите трки од основањето на овој шампионат во 1950 година. Овој музеј ќе го носи името “Museo Casa Enzo Ferrari” (Куќата Музеј на Енцо Ферари) и во него јавноста ќе може да погледне детали од животот на Енцо низ фотографии, филмови, лични предмети и документи. Во овој комплекс од 6000 метри квадратни исто така се сместени голем број од креациите...

Continue reading

jahja kemal

Средношколците од „Јахја Кемал“ ги добија дипломите

Post Views: 1 Шеесет и четири матуранти од ПСУ „Јахја Кемал“ подготвени за академски студии. Синоќа во Ц.К „Браќа Миладиновци“, во свечена пригода на учениците од генерацијата 2012-2013 им беа доделени дипломите. На сите присутни на церемонијата им се обрати директорот Исмаил Ердил, кој истакна дека учењето преставува најдобра инвестиција за иднината на еден млад човек. Тој додаде дека со овој свечен чин се заокружува четригодишното образование на една генерација на ученици, од која некои ќе се запишат на факултет, некои ќе побараат вработување, но заедничко за сите ќе останат спомените...

Continue reading

rakomet

Ракометарите од Охрид 2011 нестрпливо ја чекаат втората полусезона

Post Views: 8 Охридскиот спорт се чини како да се разбудил по долга хибернација. После години тапкање во место, едно утро Охриѓани се разбудија со ракометен клуб во врвот на првата ракометна лига и на чекор од македонската Супер лига. Возобновениот ракометен клуб Охрид 2011 ги врати нашите надежи дека и ние ќе имаме свој претставник во Супер лигата. Очигледно овие момци напорно работеле за да стигнат онаму каде што се наоѓаат во моментот. „Чувството е прекрасно можам да кажам, не само моето лично туку и на сите оние ентузијасти кои се нафатија заедно со мене да го формираме овој клуб....

Continue reading

avion

Македонија е зрела за национален авиопревозник

Post Views: 0 Политиката на државни субвенции за развој на авиосообраќајот дава резултати, но за да биде уште подобро треба да се формира национална авиокомпанија која ќе лета под национални ознаки , пишува „Дојче Веле“. Македонија е зрела за национален авиопревозник, но има ли капацитети за конечна реализација на овој “вечен проект“. Пет години откако беше приземјен и последниот авион кој леташе под македонско знаме, македонските аеродроми стануваат важна регионална крстосница преку која директно се лета кон повеќе метрополи. Визер, Туркиш ерлајнс, Кроација, Адрија, Ал Италија, Аустриа,...

Continue reading

strelci

Најдобрите македонски стрелци во Охрид

Post Views: 12 Несекојдневна можност за репрезентаивците да научат нешто од директорот на Академијата, која функционира во рамките на Меѓународната спортска стрелачка федерација. Економската криза во македонскиот спорт и самиот однос кон стрелаштвото, сеуште најголемите проблеми. Тодоровиќ додава дека  пристапот кон проблематиката на спортот во Македонија и регионот пошироко, не е својствена само за стрелаштвото. Треба да се работи на моментите на организација,дисциплина и посветеност во спортот. Потенцира дека не само во Македонија, туку во целиот регион, економската ситуација не...

Continue reading

letnik

Денес е Летник!

Post Views: 18 Во струшката гимназија „Ибраим Темо“ одбележан Летник. За таа цел учениците од разни верски етникуми со заедничка активност ишараа јајца, сервираа пченка и направија мартинка за сите. Овој празник е добар повод за обединување велат учениците. „По повод Летник се собравме сите без разлика на албанска или од  македонска национална припадност со цел да го прославиме бидејќи тој не обединува. Нашето училиште презеде иницијатива да го прославиме празникот Летник и за таа цел ставаме мартинки, собравме јајца, пченка и го честитаме празникот Летник“. Урим Крека, првиот човек...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top