Струга во знакот на врвниот ракомет

Струга е подготвена за почеток на меѓународниот ракометен турнир „Струга 2013“. Наредниве 4 дена врвот на Европскиот ракомет ќе се претстави во најдобро светло и секако најдобриот ќе победи.

 |  Николоска Биљана  | 
turnir
турнир

Bо очи на големиот меѓународен ракометен турнир „Струга 2013“ организаторите уште еднаш потсетија на големината на оваа врвна ракометна манифестација.

turnir„Ланската година славевме јубилеј 40 години и тогаш ветивме на Струга и македонската јавност дека овој меѓународен ракометен турнир сакаме да го сврстиме меѓу петте најдобри европски ракометни турнири и она што сме го зацртале како цел со сигурност ќе го оствариме“.

Градоначалникот на Струга Зијадин Села смета дека спортските манифестации дополнително допринесуваат во развојот на туризмот, бидејќи класичниот туризам веќе го немаме

„Меѓународниот ракометен турнир е исто така многу важен за општина Струга сите тие учесници се амбасадори на општина Струга и за тоа што ние претставуваме . Ќе се залагам јас лично како градоначалник да ги потпомагам овие активности уште повеќе.

Звонко Шундовски годинава ја предводи романската екипа Констанца. Тој очекува добар натпревар бидејќи како што и самиот изјави ќе играат најдобрите

sundoski„Јас направив се што е во моја моќ да го прифатиме овој турнир да дојдеме овде се со цел на пормоција на македонскиот ракомет значи Констанца е повеќекратен шампион на Романија една респектабилна екипа и јас направив се да ја доведам на овој турнир“.

Ракометарите сметаат дека меѓународниот ракометен турнир кој секое лето се одржува во Струга е најдобрата промоција на Македонија, посебно Мојсоски истакна дека чест е да си стружанец градот кој е расадник на ракометари.

 „Чест ми е да сум денеска на овој турнир тука кој за нас стружани многу значи, кој се враќа онаму каде што му е местото во врвот на европскиот ракомет“.

Покровител на оваа ракометна манифестација е Агенцијата за спорт и млади. Организаторите очекуваат ракометен спектакл, а за до година најавија за првите три екипи и парични награди.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top