Започна вториот меѓународен „Фер плеј“ куп

На него во наредните три дена, своите вештини ќе ги испробаат младите фудбалери од 39 екипи како од Македонија така и од неколку земји од соседството.

 |  Голабовски Крсте  | 
fer plej kup
фер плеј куп

Најмладите фудбалери од земјава и регионов, на турнир во Охрид. На настанот, кој е во организација на Ф.К „Фер-плеј“ од Охрид, тие во наредниве три дена ќе се натпреваруваат во пет категории. Без разлика кој од кој клуб доаѓа, од која земја, тука се во Охрид само за едно, да покажат кој е најдобар во фудбал.

Марјан Настески, еден од организаторите на „Фер плеј“ купот, вели дека направени се сите напори, обезбедени се сите услови, да може децата да играат, да се забавуваат и да се дружат. За поздравување е фактот што од година во година расте интересот за овој спорт кај најмладите во нашата земја, додава Настески.

Marjan Nаsteski„Ние сме презадоволни од одзивот, за почеток е одлично, има млад свет, јас сум презадоволен од почетокот на турнирот. Ги поканувам сите охриѓани, посебно децата, да дојдат да го проследат, ќе трае до сабота, кога се финалните делови од турнирот потенцира Настески.

Мартин Трајковиќ, тренерот на ФК „Медијана Коперникус“ од Ниш, чијшто клуб ќе се натпреварува на „Фер плеј купот“, вели дека се презадоволни од организацијата и условите кои овој турнир ги нуди на своите учесници. Трајковиќ потенцира дека интересот за овој спорт кај младата популација во Србија е огромен. Само во Ниш успешно функционираат повеќе од 20 клубови.

publika„Интересот за фудбалот кај младите е многу голем во Србија. Учестувваме речиси на сите турнири, насекаде  низ земјата но и надвор и сега официјално можам да ги поканам сите, бидејќи  ФК „Медијана“ организира куп во Ниш на почетокот на наредниот месец,  за деца родени во 2002 и 2003 година“ се пофали Трајковиќ.

На турнирот од македонските клубови учество ќе земат:„Работнички“, „Академија Пандев“, „Македонија- Скопје„, „Пелистер 2011“ и други.  Додека од фудбалските клубови од соседните земји, „Раднички“ од Крагуевац, извонредите „Кикер“ кои се носат рамо до роамо со подмладоците на „Партизан“ и „Ѕвезда“, „Медијана“ од Ниш и многу други.За најдобрите на турнирот, следуваат награди и тоа за најдобрите три екипи, како и за најдобар стрелец, играч и голман, како и пехари медали и дипломи, а натпреварите може да се следат и во живо на интернет.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top