Ознака: ну

Читателите во НУ Библиотека „Григор Прличев“, Охрид имаат можност за автоматизирано зајмување книги

Post Views: 8 Корисниците на НУ-Библиотеката „Григор Прличев“, Охрид од денес имаат можност за автоматизирано зајмување книги. Тоа се овозможи со помош на програмската поддршка COBISS која обезбедува многу информации, а меѓу другото и дали примерокот е слободен или позајмен и кој е рокот на враќање. Со тоа на корисникот му нудиме еден нов приод кон нашите сервис услуги што значи дека ќе може да влезе во мојата библиотека, да видат што прочитале, што сакаат да прочитаат Корисниците можат да ја погледнат историјата на зајмувањето, можат да го продолжат рокот за зајмување, да резервираат,...

Continue reading

Министерството за култура ги одбило проектите на НУ Центар за култура за енергетска ефикасност.

Post Views: 1 Нема финансиски средства за енерегетска ефикасност за Центарот за култура „Григор Прличев“. Ресорното министерство не дало зелено светло за проектите со кои центарот аплицирал за подобрување на енергетска ефикасност на објектот. Станува збор за огромен простор кој во зимскиот период тешко се загрева и брзо се лади. „Не добивме пари. Имавме аплицирано со проект да се замени дограмата во НУ. Не беше одобрена програмата, побаравме со проект да се сменат и влезно -излезните врати, во двете сали и тој проект беше одбиен. Во тој поглед не сум задоволен , но не се откажуваме...

Continue reading

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид се одржаа традиционалните „Прличеви беседи“

Post Views: 1 Традиционалните „Прличеви беседи“ се одржаа во НУ Библиотека “Григор Прличев“. За животот и делото на Прличев – Вториот Хомер беседеше проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ, со свои лични навраќања кон истражувањата на неговото творештво, нераскинливо врзано за Охрид. Беше промовиран Каталог на стари и ретки книги – издание на библиотеката, а промотор беше Богомир Наумоски, библиотекар – советник од Струга. Д-р Наде Караџовска, библиотекарски советник од Прилеп ја промовираше книгата „Библиотеката како медиум за комуникација“ од м-р Мариче Боздоганова, библиотекар – советник,...

Continue reading

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ја објави програмата за „Прличеви беседи – 2020“

Post Views: 7 НУ Библиотека „Григор Прличев“  127 годишнината од смртта на Патронот – поетот и преродбеник Прличев  ќе ја одбележи на 6 февруари во 13 часот. Годинава  се одбележуваат два јубилеи сврзани со Прличев: 190 години од  неговото раѓање и 160 години од издавањето на  ненадминатата поема „Сердарот“.   За животот и делото на Прличев – Вториот Хомер со свои лични навраќања  кон истражувањата на неговото творештво, нераскинливо врзано за  Охрид ќе беседи проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ. Потоа ќе биде промовиран Каталогот на стари и ретки книги – издание на библиотеката. Промотор...

Continue reading

НУ НП Галичица нема повеќе да продава огревно дрво од сеча на шумата

Post Views: 3 Националниот парк Галичица, конечно,  ја напушта доскорешната пракса на самофинансирање од продажба на огревно дрво од сеча на шума. Сега се свртуваат кон обезбедување на средства од туристички активности. Со тоа НП Галичица почна да го следи управувањето со природните ресури на национални паркови во западно европските земји, информира Андон Бојаџи од НП Галичица. „Во 2020 нема да има огревно дрво за продажба. Сите кои во минатото се снабдуваа со огревно дрво од ЈУ НП Галичица ќе треба да се обратат во Македонски шуми, шумско стопанство Галичица“, укажува Бојаџи. Во...

Continue reading

Отворен Саем на книгата во НУ „Григор Прличев“

Post Views: 3 Книгата, нашиот најдобар пријател. Колку оваа реченица има значење во сегашноста кога за жал се помалку се чита. Верни на пишаниот збор сеуште се оние од повозрасните генерации, додека на младите поинтересно им е да се занимаваат со своите мобилни телефони и други технолошки достигнувања. НУ Библиотека „Григор Прличев“ прави напори да го зголеми интересот за книгата, посебно кај оваа популација. Од денес во оваа национална установа отворен е Саем на книгата. Првиот ден мина во знакот на посетители, ученици од средните училишта во Охрид.На продажба се дела од капиталните...

Continue reading

Од 5 ноември во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид Саем на книгата

Post Views: 4 Во рамките на своите активности и годинава НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе организира Саем на книгата во читалната на установата. На продажба ќе бидат дела од капиталните едиции: „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ како и изданија од едицијата „130 тома македонска книжевност“. Саемот за сите посетители ќе биде отворен секој работен ден од 10 до 15 часот, а во првата недела почнувајќи од вторник 5 ноември први организирано Саемот ќе го посетат учениците од средните училишта во Охрид. Со клик на линкот можете да прочитате кои книги...

Continue reading

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид со ново работно време

Post Views: 4 НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ги известува читателите и корисниците на нејзините услуги дека одделението за издавање книги  од втори септември повторно ќе е отворено секој работен ден од 8:30 до 18:30 часот. Летниот период библиотеката го искористи за набавка на нови наслови од лектирните изданија за основно образование а континуирано се збогатува и обновува и фондот на задолжителните лектири за средно образование. НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид континуирано врши упис на нови членови, се вели во соопштението од оваа установа.

Continue reading

logo

Ревија на Кинески филмови во НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид

Post Views: 7 НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид во соработка со продукциската и дистрибутерска куќа „КТ Филм и Медиа“ преку проектот „Ревија на светските кинематографии – Кина“ го подотвора прозорецот за кинеските културни вредности со цел да изгради културен мост меѓу Македонија и Кина и да го доближи кинескиот филм до македонската публика. Со таа цел, во деновите среда и четрток на репертоарот во Центарот за култура ќе се прикаже „Ревија на кинески филмови“. Во рамки на ревијата ќе бидат прикажани пет филмови од кинеската кинематографија. СРЕДА 25.05.2016 година...

Continue reading

Од понеделник во НУ Библиотека „Григор Прличев“ летна шема

Post Views: 5 НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од понеделник 10 јуни до 30 август годинава ќе работи во една смена од 08:30 до 16:30 часот. Во терминот од 08:30 до 16.00 часот читателите ќе можат да позајмат нови и да ги вратат веќе прочитаните книги. Од НУ Библиотеката „Григор Прличев“ информираат дека во текот на летото во одделението за издавање на книги ќе можат да се зачленат и лица кои во Охрид имаат подолг престој и одмор и сакаат да ги користат читаланата и останатите услуги на установата.

Continue reading

НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре ќе го одбележи Светскиот ден на книгата

Post Views: 6 По повод 23 Април Светскиот ден на книгата и авторското право утре во 12 часот во охридската библиотека ќе се одржи пригодна свеченост со богата и интересна програма. Најпрво пред присутните ќе бидат прочитани пораките на Одре Азуле, генералниот директор на УНЕСКО а потоа и македонската порака која годинава ја напиша познатиот режисер, писател и фотограф Милчо Манчевски. Ќе следи презентација на вработените од Одделот за издавање и позајмување на книги при библиотеката под наслов: Што најмногу читаат охриѓани,а ќе биде објавена и топ листата на најбараните и начитани...

Continue reading

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ изложба на дела од роднокрајни автори родени во април

Post Views: 1 Во пресрет на 23 Април – Светскиот ден на книгата и во рамките на редовните месечни активности од денеска до среда 24 април во Прличевата одаја на библиотеката ќе биде отворена изложбата на книги РОДНОКРАЈНИ АВТОРИ – РОДЕНИ ВО АПРИЛ. На овој пригоден начин охридската библиотека ги одбележува родендените на следните автори: Миле Волканоски , Боро Ситникоски, Куртиш Демироски, Дамјана Видическа и Мишел Јузмески. Изложбата заинтересираните можат да ја видат секој работен ден од 9 до 18 часот.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top