Ознака: нови

gradezni aktivnosti informaticki univerzitet

Информатичкиот универзитет се проширува

Post Views: 4 Се доградува зградата на поранешниот дом на АРМ, поточно објектот каде е сместен информатичкиот универзитет. 350 те квадрати кои во моментов се ставени на располагање на универзитетот премалку за нивните потреби. Според најавите  со доградбата универзитетот треба да добие три пати поголем простор од оној со кој располага.   „Просториите ќе бидат наменети за настава и за нови канцеларии на универзитетот, за нови лабаратории. Сето тоа ставено заедно значи дека ќе имаме можност да примаме далеку поголем број на студенти, а ќе може да вработиме и повеќе професори, пред се...

Continue reading

cakareski

Младиот научник д-р Чакарески одржа предавање на универзитетот Св. Апостол Павле

Post Views: 1 Студентите на Универзитетот Св. Апостол Павле следеа предавање на Д-р Јаков Чакарески. Стружанецот д-р Чакарески е млад македонски научник за електротехника и компјутерско инжинерство, предавач и истражувач во швајцарскиот водечки технички универзитет. Професорот Чакарески допатува од Федералниот  политехнички универзитет во Лозана каде што спроведува истражувања, држи предавања и ја надгледува работата на тамошните студенти. Професорот за својот ангажман во Охрид вели дека е значаен бидејќи техниката се движи многу брзо. Чакарески укажува на значењето на  предавањата...

Continue reading

nacionalna agencija za evropski obrazovni potrebi

Програмата „Млади во акција“, презентирана пред охриѓани

Post Views: 0 Програмата креирана од страна на европската комисија е воспоставена за да ги имплементира политиките за млади на европската комисија и политиките за формално и неформално образование. Таму се имплементираат две програми, едната е „доживотно учење“, а другата „млади во акција“. Тому оваа програма ги креира политиките за младите од 18 до 30 години, но и сите останати кои работат на полето за младите.  „Програмата нуди многу простор за унапредување на младите и нивните вештини и знаење кои подоцна ќе можат да ги искористат во нивниот личен и професионален развој“, вели...

Continue reading

diplomi

Студентите од ФТУ со дипломи под рака-кон иднината

Post Views: 2 Околу двеста студенти од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, денес зачекорија кон својата иднина. По неколкуте години стручна наобразба, денес ги добија своите дипломи како сведоштва за вложениот труд. Имаше и додипломци и новопечени магистри, секој со своите планови за иднината. Очекувањата позитивни, исто како поминатото искуство во текот на студентските денови. Сега, пред нив стојат нови предизвици. „Во иднина очекувам дипломава да ми донесе многу успех, за да можам понатака да продолжам со дипломава. Образовниот процес одеше многу добро, многу научивме...

Continue reading

ukrasuvanje Ohrid

Охрид ќе блесне за Нова Година

Post Views: 2 ЈП Охридски Комуналец интензивно работи на разубавувањето  на Охрид за Новогодишните празници. Се користат реквизитите од минатите години, а директорот на ЈП открива дека се набавиле и нови. Алче вели дека според плановите на локалната и ЈП целата акција со разубавувањето на Охрид треба да заврши најдоцна до четврток 13 декевмри.   „Се прават комбинации со сијалички, но се набавени и нови светлечки реквизити  нив ќе ги поставиме накрај. Се уредува со светлечките црева, а понатака со новите реквизити, а со новите сијаличиња ќе го заокружиме изгледот.Почнуваме од центарот...

Continue reading

aparat

Нови апарати во Центарот за јавно здравје

Post Views: 0 Центарот за јавно здравје се поднови. Набавени се неколку софистицирани апарати со што ќе се подобрат здравствените услуги на граѓаните. Новите апарати се сместени во микробилоошката лабораторија како и во санитарната лабораторија, а ќе се користат за правење анализи на крвта како и за анализи на храната и водата. Еден од апаратите служи за брзо откривање на бактериите во крвта. Со него се добиваат 96 анализи во минута а резултатите се  со 100 процентна точност. Доколку резултатот е позитивен се добива антибиограм со 30 можни антибиотици. „Здравствените услуги за кои...

Continue reading

jp

Во каква кондиција се охридските јавни претпријатија?

Post Views: 1   Нови вработувања, загуби, неисплатени плати, недомаќинско работење и уште многу други квалификации и обвинувања секојдневно  се упатуваат на адреса на Јавните претпријатија во градов. Овие претпријатија се сервис  и крвоток на општината и во нив се слеваат пари од граѓаните па тие имаат право да знаат  во каква кондиција се наоѓаат истите. Најголемото, МЈП „Проаква“ години наназад се бори со долгови. Директорот Златко Старкоски појаснува дека загубите во 2012 се намалени за 50% и дека претпријатието во ова година донело санациона програма со која се инвестирало само...

Continue reading

Mitrovic DPMNE

ДПМНЕ Охрид реагира на огласот за нови вработувања во општината

Post Views: 0 ОК на ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција на јавниот оглас за вработувања во општинската администрација. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Никола Митровиќ смета дека новите 32 вработувања ќе бидат на директен товар на граѓаните на Охрид. Митровиќ додава вработување на нови кадри во ситуација кога јавните претпријатија се пред банкрот е само знак на недомаќинското работење на локалната самоуправа. „Фактот што општина Охрид и Петрески распишуваат оглас во пресрет на локалните избори, ни дава за право да се сомневаме дека СДСМ и Петрески ја отвораат вратата за нови партиски...

Continue reading

kujna

Не престанува потребата од народната кујна

Post Views: 2 На вратата на охридскиот центар за социјални работи доаѓаат нови баратели за користење на народната кујна.  Засега бројот на социјално загрозените лица кои ги згрижува државата обезбедувајќи им еден оброк е 80 лица, вели директорот на Центарот Екрем Каљоши. „ Има нови баратели за користење на народната кујна, но за жал бројот не може да се зголемува. Се надеваме во иднина ќе има повеќе разбирање. Сега измените на корисниците се вршат доколку некој од корисниците го изгуби правото на социјалната парична помош или на постојаната парична помош“, појаснува првиот човек...

Continue reading

sadenje drvca

Месноста Мауцкер доби нови дрвца од акцијата Ден на дрвото

Post Views: 10 И во Охрид се засадија дрвца. Десетти пат по ред, подмладок беше посаден во месноста викана „Мауцкер“ на излезот од Охрид. Во акцијата подадоа рака волонтери, граѓани но и функционерите од ВМРО-ДПМНЕ кои потекнуваат од охридско. „Основната поента е да ја разелениме Македонија и да дадеме можност на нови дрвца да растат во иднина. Оваа акција е од исклучително значење затоа што вака ние ставаме до знаење дека сепак иднината ни е важна и слоганот на денешниов ден е „Спортски е да се сади“, така да во тој дух денеска ние сме тука да ја засадиме својата иднина.“-вели Сашо...

Continue reading

mitebogoeski

Напролет ќе биде готова улицата Мите Богоевски

Post Views: 8 Завршена е првата фаза на ул Мите Богоевски. А втората фаза се очекува да биде готова до напролет. Со тоа оваа улица ќе биде целосно комплетирана согласно сите стандарди, вели одговорниот на Фондот за Комунален развој Емин Селман. Раководителот, кажа дека веќе пристапуваат кон проектирање на улиците согласно ДУП от и уште денес очекуваат да го добијат изготвениот проект. „Се предвидува Мите Богоески да е со ширина од 10 метри со тоа што коловозната лента ќе биде со ширина од 6 метри и пешачките патеки ќе бидат со ширина од 2 метри. И ќе се постават нови рамници и нови...

Continue reading

drva za ogrev

Од денеска стартува грејната сезона

Post Views: 2 Денеска грејните тела во општина Охрид по домовите, училиштата  и институциите остана студени поради високите температури за овој период од годината , но тоа неначи дека не сме подготвени за она што следува. „Сите основни и средни училишта  и детската градинка на територијата на општина Охрид спремни ја дочекуваат грејната сезона. Потребни количини огрев за почеток на грејна сезона имеме  во наредниот период нема да имаме проблем со почнувањето на грејната сезона“, вели првиот човек на одделението за образование Серафим Наумовски. Проблем нема да има велат од локалната,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top