Ознака: нашите

doktori

Размена на лекарски искуства меѓу Австралија и Македонија

Post Views: 7 Лекари од австралиско-македонско друштво престојуваат во земјава. Денес беа во Охрид. Целта како што изјави д-р Зоран Бечвароски е да се запознаат со колегите од Македонија, како и да разменат идеи, искуства и практики. Акцент на средбата беше ставен на неонаталниот скрининг или раното откривање на  оштетувањата на слух кај новороденчињата и каква е неговата примена во Австралија и Македонија. „Дечињата мали откако ќе се порадат што порано треба да се открие проблемот со слухот. Во спротивно тоа само по себе носи свои последици, пречки во говорот и.т.н. Во Австралија...

Continue reading

cresi

Охридската цреша долгошишка се враќа на пазарот

Post Views: 0  Црешата на голема врата се враќа во Охрид. Ова специфично овошје кое беше обележје на охридскиот регион речиси исчезна но од пред две години овоштарите со финансиска стимулација од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство повторно почнаа да создаваат црешови насади. Еден од нив е и Ванчо Стојаноски од село Оровник кој пред две години засадил 6000 стебла со цреша. Застапени се четири сорти па Стојаноски вели дека догодина кога веќе ќе се стасани за богат род бербата ќе трае околу 20тина дена. Тој објаснува дека црешата е четири до пет пати поисплатлива...

Continue reading

Sahara Group

Градоначалникот Бакрачески денес се сретна со претставници од „Сахара Груп“

Post Views: 7 Претставници од индиската компанија „Сахара Груп“ на инвеститорот Субрата Рој, денес оствариле кратка средба со градоначалникот Никола Бакрачески. На оваа средба, градоначалникот ги информирал до каде се активностите околу изградбата на туристичкиот комплекс во Љубаништа. Претставниците на „Сахара Груп“ пак го информирале градоначалникот дека на 11ти и 12ти Јули во Охрид ќе престојува и претседателот на „Сахара Груп“, индискиот инвеститор, Субрата Рој. Во текот на овие два дена ќе се одржи и работна средба на која учество ќе земат самите инвеститори, претставници од...

Continue reading

tabla

Несредените дворови, сериозна закана за сообраќајот

Post Views: 0 Несредените зелени огради, како и густата вегетација, сериозен проблем за безбебедното одвивање на сообраќајот на одредени сообраќајниви во нашиов град. Посебно загрижувачка е состојбата на самиот влез во  населбата „Гоце Делчев“ ,чиишто жители стравуваат како за нивната безбедност,така и за безбедноста на нивните деца. Томе Џамтоски, портпарол на Општина Охрид објаснува дека се запознаени со проблемот на конкретната локација „Согласно законите за Животна средина,безбедност во сообраќајот и законот за јавна чистота, граѓаните имаат обврска своите дворови да ги уредат...

Continue reading

logo

Доделени дипломи на дечињата од охридските градинки

Post Views: 7 На сега веќе традиционалната свеченост „Збогум градинке моја, среќно првачиња“, идните првачиња се збогуваа со своите воспитувачки и се подготвени да го продолжат образовниот процес. Дружењето во градинка заскогаш останува во нашите сеќавања. Сите ние кои сме биле во градинка се сеќаваме на воспитувачките или барем на еден од нашите другари со кои сме го поминале тој дел од нашето детство. На денешната традиционална свеченост „Збогум градинке моја, среќно првачиња“ на дечињата од охридските градинки им беа доделени првите дипломи, со фотографии и имиња на своите другарчиња. „Оваа...

Continue reading

konferencija

Охрид домаќин на претседателите на парламентите од земјите од ЈИЕ

Post Views: 0 Претседателите на парламентите од земјите од Југоисточна Европа седнаа на заедничка маса. На десеттата, јубилејна конференција, разговараа за заедничките предизвици со кои се соочуваат земјите од југоисточна Европа, како и улогата на националните собранија во надминувањето на проблемите.Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Велјаноски, потенцираше дека еден од тие заеднички проблеми е секако економската криза. Велјаноски рече дека без соодветни реформи, земјите од регионот економски ќе стагнираат. Во таа насока, тој изјави дека Република Македонија...

Continue reading

crven krst Ohrid

150 години хуманитарна мисија на Црвениот крст

Post Views: 0 Семејството на Црвениот крст го сочинуваат над 110 милиони волонтери од 187 земји од светот. Денеска празникот со пригодни свечености го одбележаа сите членки во исто време. Охридскиот  Црвениот крст се вбројува во една од најуспешните организации во Македонија. Оваа општинска организација работи со ранливи категории. Помагаат онаму каде што е најпотребно на социјално загрозените семејства, се врши здравствена едукација и се делува превентивно.  За жал сеуште помошта е од граѓаните за граѓаните, затоа што повисоските инстанци во своите програми немаат издвоено средства...

Continue reading

holngani

Првата група Холанѓани пристигна во Охрид

Post Views: 0 Утрово на аеродромот св. Апостол Павле пристигна правата група холандски туристи за оваа летна сезона.Гостите воодушевени од пречекот, со големи очекувања за она што сакаат да го видат, но и со добри познавања за она што го нудиме како туристичка дестинација. „Во Македонија доаѓам прв пат. Се надевам дека е добро овде. Сите ми велеа, Македонија е одлична земја. Овде сакам да ги видам црквите, иконите… Јас не го познавам овој народ. Сум бил во Ерменија, Југославија, и си реков зошто да не, јас малку знам за овие луѓе. Бев и во Грција и ете токму поради тоа дојдов...

Continue reading

Diaridi Makedonija

Галичица дел од „Динарските паркови“ и новиот туристички бренд

Post Views: 2 Националните паркови „Галичица“, „Маврово“ и „Пелистер“ ќе бидат „Динарски паркови“. Овој голем, меѓународен проект, под една капа ќе ги стави вкупно 75те национални паркови и паркови на природата од поранешна Југославија, плус Албанија. Главната цел е вмрежување на парковите, нивно брендирање и нивна подеднаква промоција во светски рамки. Новата поврзаност помеѓу парковите која треба да ја обезбеди овој проект, понатака ќе треба да значи работење и на други вакви и слични проекти и во иднина, обуки на вработените и воедно поголемо и подобро искористување на парковите...

Continue reading

Trajkoski

Подобра Дебрца-најзначаен проект за градоначалникот Трајкоски

Post Views: 7 Прво јавно обраќање на новиот градоначалник на општина Дебрца, Игор Трајкоски. За него, 7ми Април е датум кој претставува пресвртница за општина Дебрца, бидејќи по 16 години, за прв пат на власт доаѓа градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Според Трајкоски, 7ми Април ќе биде значаен датум и за жителите на Дебрца. „Јас сум човек кој даде ветувања, знаејќи дека ќе ги исполни, затоа верувајте целосна ќе биде мојата подршка која ќе ја дадеме за жителите на Дебрца. Тоа ми е основна цел во понатамошното мое делување. Народот е најголем коректор и критичар за дејствувањето...

Continue reading

Risteski

Васил Ристески со честитки за изборната победа на д-р Никола Бакрачески

Post Views: 25 Честитки за остварената победа до новиот градоначалник, д-р Никола Бакрачески  денес упати неговиот довчерашен конкурент, Васил Ристески. Тој изрази огромна благодарност до сопствените гласачи  и истакна дека ја почитува волјата на своите сограѓани. Ристески изрази и надеж дека новиот градоначалник ќе добива поголема подршка од централно ниво. „Верувам дека господинот Бакрачески, новиот градоначалник целосно ќе се посвети за потребите на поубав Охрид и подобар живот на нашите сограѓани. Доколку му се допадна дел од програмата, нашата изборна програма, му стоиме на располагање...

Continue reading

gerijatrija

Охридска геријатрија полна со гости

Post Views: 4 Пити и погачи од домашната кујна на охридските пензионерки, како и топли обувки денес пристигнаа на одделението на геријатрија при Општа болница Охрид. Ова е гест на Здружението на пензионерите од Охрид и Дебрца, кои и годинава по повод празниците, традиционално ги посетија старите лица кои се сместени на ова одделение. „Традиционално како и секоја година доаѓаме овде кај нашите колеги и колешки пензионери да им ја честитаме Новата година и Божиќните празници, со скромни подароци и со по нешто од нашите кујни и да им посакаме добро здравје и добро да се држат додека...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top