Ознака: нашата

klanica

Денови на ветеринарна медицина

Post Views: 1 Почитувањето и спроведувањето на Законот за заштита и благосостојба на животните, здравствената заштита на животните и безбедноста на храна, се само некои од темите за кои  деновиве македонските доктори по ветеринарна медицина, активно ќе дискутираат. Проф Д-р. Дине Митров, декан на Факултетот за ветринарна медицина, вели дека со овој закон, кој скоро две години е стапен на сила, се опфатени сите сегменти, од чување на животните, па се до нивниот транспорт. Со него исто така се одредени и казнените мерки, но колку истиот се почитува, тоа не би можел да го кажам, додава...

Continue reading

shkola mladi lideri

Школата за млади лидери по втор пат во Охрид

Post Views: 1 Под покровителство на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов околу 40 млади луѓе од целата земја, идни политички, културни и стопански предводници на нашата земја, ќе имаат можност да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини како и да ја развиваат својата креативност и менаџерските способности. „На Македонија не и се потребни лидери само во политиката. Нас лидери ни се потребни во сите области“, истакна Претседателот Ѓорге Иванов, иницијаторот и покровител на Школото за млади лидери, кое втора година по ред се одржува кај нас. Претседателот Иванов кажа...

Continue reading

poetska nok Velestovo

Мултимедијално доживување во Велестово

Post Views: 3 Некогаш поетската манифестација, годинава прераснува во мултимедијално доживување. Дваесет и третото издание на на манифестацијата „Поетската ноќ во Велествово“,се избори за виско место од манфестации од ваков ранг во нашата држава, и слободно може да се каже дека таа го има водечкото место, вели организаторот Славе Ѓорго Димовски. Манифестацијата од минатата година го изгради својот меѓународен карактер. Секоја година кругот го прошируваме,вели Димовски, па така минатата година имавме гости од три земји од странски поети од Сирија,Турција,Србија. „Оваа година тој круг...

Continue reading

8-te tenori

Атрактивен културен настан за роденденот на „Охридско лето“

Post Views: 6 Осум руски тенори ќе пеат за роденденот на „Охридско лето“. Со ексклузивниот гала концерт пред македонската публика ќе се обидат да го оправадаат епитетот „Тенори на 21 век“.Димитар Сибирцев – уметнички раководител вели дека не станува збор за ансамбл, туку за група уметници индивидуалци,кои се обединиле пред пет години, секој со единствени вокални способности, многу слично на некогашниото трио Павароти, Доминго и Карерас. „Јас сакам да кажам дека ние правиме нешто дури и кога се прават вакви проекти и два тенори на сцена има проблеми, како да има некој двобој, а што...

Continue reading

polski turoperatori

Полските туристи пристигнаа и во Охрид

Post Views: 1 Македонската туристичка понуда стигнува се подалеку. Денес во Охрид пристигна групата Полски туристи кои веќе неколку дена се во државава. Групата која е составена од полски туроператори и новинари не доаѓа само за разгледување туку има и своја мисија, а тоа е претставување пред полскиот народ и промоција на нашата земја. Претставниците од полските туроператори велат дека народот на Полска со сигурност ќе биде воодушевен од благодетите кои може да ги понуди нашата земја на туристичкиот пазар. „Прво би сакал да ја искажам нашата благодарност за поканата од Македонската...

Continue reading

Malaricna

Прокисна таванот во Маларична

Post Views: 0 Силното невреме и обилниот дожд му пресудија на таванот во Маларична. Млазеви вода попладнево протекоа од кровот на долниот спрат каде што се сместени лекарските ординации кои се под конецесија  во Здравствен дом Охрид. На дојава на пациент кој се нашол за време на прокиснувањето на местото, нашата екипа веднаш пристигна во Маларична. Затекнавме мајстори кои го санираа набараниот кров кој доколку продолжи дождот не е чудо да заврши врз главите на посетителите. Но, на нашата камера  не и  беше дозволено да ја регистрира настаната ситуација. На непрофисионален и груб...

Continue reading

masla

Германски квалитет, по ниски цени

Post Views: 6 „Pennasol“ германските синтетички моторни масла, чија одлика е несомнено нивниот голем квалитет, сега можат да се најдат и на нашиот пазар. Благодарение на фирмата „Стиринг Трејд“ оваа виоскоквалитетна палета на производи веќе се наоѓа во продажба. Менаџерката за продажба за овој дел од Балканот, на реномираната фирма „ Pennasol“ Евелин Линдехарт, кажа дека македонскиот пазар сега е мета на нивно дејствување. Имено, станува збор за моторни масла, за сите видови патнички возила, како и за индустриски масла, производи на рафинеријата Олдбергер. Мирко Тортевски, бренд...

Continue reading

ldp press

„Интеграцијата на Р.М. во ЕУ“ тема на пресс конференцијата на ЛДП

Post Views: 5 Тематска пресс во ОИШ на ЛДП, за интеграцијата на Р.М. во Е.У. „Либерално демократската партија го подржува влезот во Е.У. И тоа во рок од 40 месеци, односно нејзино членство на почетокот од четвртата година од наШиот мандат, поточно во Владата од која дел ќе биде и ЛДП“, истакна потпретседателка на ЛИДЕМ Охрид, Десанка Тасеска. „ ЛДП се обврзува дека сите институции вклучени во интегративниот процесс Ќе се претворат во модел институции за идната целосна административна реформа во Р.М. Во сите овие институции ке бидат вклучени само оние личности кои на транспарентен...

Continue reading

opshtina

„За ВМРО-ДПМНЕ и потпорните ѕидови се капитални инвестиции“

Post Views: 5 Во дописот до нашата нашата телевизиска куќа од Локалната самоуправа стои: Поради немањето аргументи за продолжување со нападите врз градоначалникот Александар Петрески и локалната самоуправа, ОК на ВМРО- ДПМНЕ , на денешната прес конференција и изградбата на потпорен ѕид во селото Коњско ја прогласи за капитална инвестиција на Владата на Никола Груевски. Згора на тоа, најверојатно од незнаење, селата Волино, Лактиње, Врбјани, Ботун и Годивје наместо во општина Дебрца ги смести во општина Охрид. Немојте да ги потценувате граѓаните на Охрид. Исто како што знаете вие,...

Continue reading

skulptura jagula

Конечно се најде место за скулптурата Jагула

Post Views: 25 Најдолгата скулптура јагулата, во нашата земја и во светот, конечно ќе биде изложена на соодветен простор. Јагулата ќе биде лоцирана на почетокот од  шетачката патека кај Горица, на просторот околу плажата Куба Либре. Скулптурата  ќе биде изложена како  туристичка атракција најдоцна до почетокот од мај. Уметникот кој ја изработи јагулата Сергеј Цингулоски задоволно вели дека конечно најдоа заеднички јазик со Локалната самоуправа. Деновиве  од секторот за урбанизам ќе започнат со постапката за издавање дозвола за партерно уредување на просторот. Сопствениците на Куба...

Continue reading

tribina

Охриѓани незаинтересирани за привремени вработувања

Post Views: 6 Охриѓани слабо заинтересирани за брзи, едноставни и флексибилни вработувања. На денешната трибина во организација на агенцијата за привремено вработување „Партнер“, едвај 32 лица беа присутни, да слушнат која е можноста која им ја нуди оваа агенција. Раде Ненадиќ од агенцијата „Партнер“ компарирајќи ја оваа бројка со стапката на невработеност во градов, изненаден од слабиот одзив на невработените од оваа општина. Сивата економија на ова поле сеуште цути, вели Ненадиќ. Незаконското работење го има во многу форми и облици, а присутна е и голема злоупотреба на Законот...

Continue reading

zs tocak

Уште еден викенд во знак на охридските велосипедисти

Post Views: 9 Членовите на планинско-друмскиот велосипедски клуб Еко Дром го продолжуваат проектот ‘‘Да ја запознаеме нашата околина‘‘. Викендов  кој е зад нас тие го посетија селото Лин во Албанија. Воодушевени од посетата на ново откриената некропола и изненадени од автентичноста на градбите во стар стил од овој дел на крајбрежјето, за на јужната страна од полуостровот, да ги пречекаат ново изградени ресторани и хотели, како и убави широки плажи. Успешно е завршена и велосипедската тура и воедно еко патрола, од страна на клубот “З’ш Точак”. Вчерашната тура беше поделена на две...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top