Охриѓани незаинтересирани за привремени вработувања

Невработеноста е голем проблем, но во нашата земја нема реални податоци за точниот број невработени лица, сметаат од Агенцијата за привремено врабoтување „Партнер“.

 |  Билјана Николоска  | 
tribina
трибина

Охриѓани слабо заинтересирани за брзи, едноставни и флексибилни вработувања. На денешната трибина во организација на агенцијата за привремено вработување „Партнер“, едвај 32 лица беа присутни, да слушнат која е можноста која им ја нуди оваа агенција. Раде Ненадиќ од агенцијата „Партнер“ компарирајќи ја оваа бројка со стапката на невработеност во градов, изненаден од слабиот одзив на невработените од оваа општина.

Сивата економија на ова поле сеуште цути, вели Ненадиќ. Незаконското работење го има во многу форми и облици, а присутна е и голема злоупотреба на Законот за работни односи, додава тој.

tribinaТрибините од ваков карактер се многу значајни, смета првиот човек на Агенцијата за вработување од Охрид, Јован Баткоски. Според него, Агенциите за привремено вработување кои дејствуваат како законска форма во општеството, се значаен фактор на пазарот на трудот, бидејќи дејствуваат на планот на вработувањето односно на намалувањето на невработеноста.

Во Охрид, бројот на невработени лица неколку месеци наназад стагнира и се движи околу 10 000 илјади невработени. Баткоски признава дека поголем број од невработените лица, не бараат активно работ. Евидентирањето во агенцијата за вработување се прави поради остварување на социјалното право. Баткоски рече дека проблемот со невработеноста и понатаму е актуелен и мора сите фактори во нашата земја да преземат поенергични мерки за намалување на невработеноста и сиромаштијата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top