Ознака: напади

Al kaeda

Ал Каеда се закани со терористички напад на СП

Post Views: 7 Јужна Африка има големи проблеми со безбедноста за да го организира Светското фудбалско првенство кое почнува на 11 јуни и ќе трае до 11 јули. Државата воопшто не е безбедна за туристите, во моментов има расистички тензии помеќу двете раси, а најнова мака е заканата на најголемата терористичка организација Ал Каеда дека ќе изврши бомбашки напад за време на Мундијалот. Цел на Ал Акеда се двете најомразени замји за нив, САД и Англија, кои се во иста група и веќе на стартот играат меѓусебе во меч од Ц-групата на 12 јуни во Рустенберг. – Зар не би било чудесно во текот...

Continue reading

САД извршиле 2.320 воздушни напади над Исламската држава

Post Views: 1 Нападите на американските сили чинат 80% од сите напади кои ги изведува меѓународната коалиција против Исламската држава. Вкупно сите заедно извршиле 2.893 воздушни напади од што 1.631 во Ирак и 1.262 во Сирија, а погодиле 5.314 цели, соопштил Пентагон. Повеќе од 60 земји учествуваат во коалицијата против Исламската држава. САД, Австралија, Белгија, Канада, Данска, Франција, Јордан, Холандија и Велика Британија ги изведуваат нападите во Ирак, додека САД, Бахраин, Јордан, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати ги напаѓаат целите во Сирија. Објавените податоци...

Continue reading

Најголем хакерски упад, украдени една милијарда долари

Post Views: 0 Откако еден банкомат во Украина сам почнал да исфрла пари, банката повикала експерти од безбедност кои спровеле истрага и откриле многу поголем проблем од банкоматот кој сам исфрла пари. Таа банка, заедно со уште сто банки и институции ширум Европа и САД, биле жртви на еден од најголемите сајбер грабежи во историјата. Овие напади, објавиле од безбедносната компанија Kaspersky Lab, а информациите ги пренесе BBC, почнале во 2013 година и сеуште се активни а зад нив стојат сајбер криминалци од Русија, Украина и Кина. Тие ја означуваат новата фаза на сајбер напади и грабежи...

Continue reading

Јорданскиот крал најави освета каква ISIS нема видено досега

Post Views: 6 Јорданскиот крал Abdullah, кој е пилот, би можел лично да учествува во воздушните напади на Исламската држава. Монархот најави напади на позициите на Исламската држава откако беше егзекутиран јорданскиот пилот Moaz al-Kassasbeh, а поедини арапски медиуми тврдат дека кралот лично ќе учествува во бомбардирањето. Најавата доаѓа неколку дена од посетата на САД, каде на одредени членови на сенатот им соопштил дека ISIS може да очекува жестока освета. “Кралот рече дека ќе направи нешто што ISIS не го видел досега. Се гледа дека е лут. Ми рече дека единствен проблем ќе биде...

Continue reading

Терористички напад во Тел Авив

Post Views: 6 Еден Палестинец избодел со нож неколку луѓе во автобус во централниот дел од Тел Авив, а потоа побегнал од местото на нападот, но на него пукала полицијата и тој е уапсен, соопштила полицијата. Полицискиот портпарол Мики Розенфелд рекол дека полицијата верува дека станува збор за терористички напад и дека напаѓачот побегнал од местото на нападот. Розенфелд не знаел колку луѓе се избодени и во каква состојба се, но израелските медиуми јавија дека се ранети 12 луѓе, вклучувајќи тројца сериозно. Розенфелд додал дека полицијата полесно го ранила напаѓачот а потоа истиот...

Continue reading

Покренат е “сајбер џихад”против Франција

Post Views: 0 По стравичниот напад на Charlie Hebdo, се огласи хакерската група Анонимуси кои прогласија војна со терористите и најавија напади на интернет страниците на кои се шири џихадистичка пропаганда и се регрутираат нови терористи. Но, во сајбер војната се вклучиле и исламските хакерски групи па од нападот во Париз до денес нападнати и срушени се околу 19.000 интернет страници во Франција. “Ова е напад каков што никогаш претходно не сме доживеале”, коментирал за USA Today офицер на сајбер дивизијата во француската војска Arnaud Coustilliere и додал дека ова е прв пат некоја...

Continue reading

Опасност во Европа – 180 терористи се спремни за напади

Post Views: 7 Извор од разузнувачките агенции рекол за CNN дека моменталните терористички закани вклучуваат 20 терористички ќелии во кои се помеѓу 120 и 180 лица спремни за напади во Франција, Германија, Белгија и Холандија. Изворот рекол и дека европските и блискоисточните разузнувачки агенции идентификувале “непосредна опасност” за Белгија, а можеби и за Холандија. Во Белгија е на снага висок степен на приправност по големата антитерористичка акција во која беа убиени двајца мажи за кои имаше сомнение дека се исламистички милитанти. Тие се убиени во градот Вервие откако пукале на...

Continue reading

MI5: “Се планираат големи атентати на Западот”

Post Views: 5 Милитанти на Al Qaeda планираат напади со големи размери на Западот, рекол директорот на MI5 (британската разузнувачка служба). Говорејќи во седиштето на MI5 во Лондон, ден по атентатот направен во Париз на редакцијата на Charlie Hebdo, Andrew Parker рекол дека постои голем ризик од напади кои би можеле да ги направат борците кои се враќаат од Сирија. “Знаеме дека една група од фанатични терористи на Al Qaeda во Сирија планира атентати од широки размери на Западот”, рекол тој и додал дека постои голема веројатност за напади во Велика Британија. Нивните цели се, спрема...

Continue reading

svekrva

Научно докажано, свекрвите штетни по здравјето

Post Views: 9 Иако многу жени добиваат напади на нервоза при самата помисла на својата свекрва, сега и научно е потврдено дека живеењето во заедница со неа може сериозно да го оштети женското здравје. Научниците спровеле истражување кои покажало дека жените кои живеат со свекрвите се дури пет пати повеќе склони да заболат од сериозни срцеви болести во споредба со жените кои не живееат под ист кров со мајката на својот сопруг. До заболување од срцеви боести доаѓа поради големиот стрес кој е резултат на паралелното играње улога на ќерка, сопруга и партнер. Меѓу другото, константното...

Continue reading

Нивно обединување ќе биде кошмар за светската сигурност

Post Views: 3 Разузнувачите и аналитичарите стравуваат од потенцијалното помирување на двете најсурови организации во светот. Имено, тие велат дека Ал Каеда ги користи воздушните напади на западните сили за да им пружи “маслиново гранче” на одметнатата организација Исламска држава. Ал Каеда така сака да ги стави настрана сите недоразбирања со другата терористичка организација и да ги здружи силите во борбата против западните сили, јавува AP. Аналитичарите со загриженост ги следи сите обиди на Ал Каеда за помирување со Исламската држава, а иако тоа не се очекува во блиска иднина, постојат...

Continue reading

Се појавија нови борци против Исламската држава

Post Views: 5 Се чини дека борците на Исламската држава сѐ повеќе се соочуваат со напади од разни герилски групи. Мали групи на Сиријци ловат џихадисти во нивните упоришта на северот од земјата за да стават крај на сѐ поголемата бруталност на оваа исламистичка група. Главна цел на герилците е да го разниша раководството на Исламската држава, вели лидерот на “Бело платно”, група која тврди дека досега убила повеќе стотини милитанти во провинцијата Деир ал Зор. Додека воздушните напади на сојузниците продолжуваат, овие герилски групи се покажаа како нов противник на Исламската држава...

Continue reading

Борбата против Исламската држава е тешка и сложена операција

Post Views: 6 Американскиот министер за одбрана, Chuck Hagel, изјави дека сиријскиот град Кобане, кој е на удар на силна офанзива на Исламската држава, голем проблем, но и дека воздушните напади сепак донекаде придонесле за потиснување на џихадистите. “Чиниме сѐ што можеме со воздушните напади за да помогнеме во потиснувањето на Исламската држава и факт е дека е отстварен извесен напредок”, рекол Hagel во Сантијаго, главниот град на Чиле, која е една од станиците на неговата шестдневна турнеја по Јужна Америка. “Тоа е голем проблем”, додал, говорејќи за Кобане, а нагласил и дека борбата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top