Ознака: надевам

Георгиески: Се надевам дека граѓаните ќе одлучат Охрид да продолжи да се движи во правилна насока

Post Views: 7 Кандидатот за Градоначалник на Охрид од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Константин Георгиески утрово гласаше во ОСУ „Св Климент Охридски“. Георгиески на гласањето беше придружуван од својата сопруга и за медиумите изјави дека очекува граѓаните да го направат вистинскиот избор за Охрид да продолжи да се движи во правилна насока. Посакувам граѓаните на Охрид во мирна и достоинствена атмосфера да го искористат своето гласачко право и да го направат најдобриот избор за да продолжиме во Охрид заедно да реализираме уште повеќе проекти, да работиме на имплементација...

Continue reading

logo

Почнува „Охрид Трофеј 2013“

Post Views: 8 Од денес па во наредните два дена, вистинско спортско доживување за сите љубители на клубската кошарка. Во спортската сала „Биљанини извори“ со натпреварот помеѓу екипите на Лукоил Академик и Раднички Крагујевац во 16 часот започнува Меѓународниот кошаркарски турнир „Охрид Трофеј 2013“. Првиот човек на Јавното претпријатие „Биљанини извори“ Иван Цветкоски се надева дека после речиси три децениска пауза ова ќе биде убава можност за враќање на клубската кошарка во нашиов град. „Јас сум убеден дека наредните години ќе бидеме уште посилни со екипите, а се надевам дека екипите...

Continue reading

MikeTyson

И Тајсон ќе стане уметник

Post Views: 5 Поранешниот светски шампион во бокс, Мајк Тајсон кој призна дека се однесувал како „неандерталец”, сака да биде уметник. Мајк Тајсон, поточно, во април на сцената во Лас Вегас ќе го постави својот автобиографски монолог „Мајк Тајсон: неоспорена вистина – во живо на сцената”. „Се надевам дека луѓето ќе се забавуваат, и ќе си заминат среќни. Се надевам дека ќе научат некои работи. Мојата приказна не е убава, во неа има многу грди нешта”, изјави Тајсон кој во 1986 година во својата дваесетта година од животот стана најмладиот светски шампион во тешка...

Continue reading

na tabanovce

Ракометарите пристигнаа во Македонија

Post Views: 2 Повеќе илјади граѓани на плоштадот „Македонија“ ги дочекаа ракометарите кои од Србија се вратија како петта европска ракометна сила. Капитенот Кире Лазаров е убеден дека историскиот успех ќе се повтори на Летните Олимписки игри во Лондон, а селекторот Шундовски кажа дека Европа сега ја смета Македонија за европска велесила. Македонската ракометна репрезентација беше пречекана уште на граничниот премин „Табановце“,претпладнево од паркингот на спортскиот центар „Борис Трајковски“ со десетина автобуси на ЈСП Скопје заминаа на граничниот премин за да ги пречекаат ракометните...

Continue reading

сон на летната ноќ

Забаено или забораено

Post Views: 1 Охриѓани желни за театарска претстава. Показател за тоа е и преполната сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ на трите претстави  „Отело“, „Многу врева за ништо„ и „Аферата Елсинор“ кои се одржаа во рамките на фестивалот „Охридско лето“. За жал, граѓаните претстава можат да видат само благодарение на овој фестивал бидејќи охридскиот театар кој постои веќе три години, една година нема поставено претстава на штиците што живот значат. Од охридскиот театар даваа разно разни објаснувања зошто не се изведуваат претставите и ветија дека на публиката ќе и се оддолжат со...

Continue reading

studenti

На Плаошник свечено доделени дипломите на педесеттина студенти од ФТУ

Post Views: 3 Педесеттина студенти од ФТУ од Охрид денес на свечен начин ги добија дипломите за завршено високо образование и тоа на Плаошник. Идните академски граѓани со нескриена возбуда50 студенти од петте насоки на ФТУ, денска ги зедоа своите дипломи. Свеченоста на промоцијата на 42 тата генерација на дипломирани студенти на овој факултет, се одржа на Плаошник.  присуствуваа на овој чин земајќи го в рака  парчето хартија кое треба да им ја гарантира нивната светла професионална иднина. –Јас сум голем оптимист и се надевам дека дипломата нема да ми биде само парче хартија....

Continue reading

bazen

Санирани дефектите во градскиот базен-наскоро се става во функција

Post Views: 0 Градскиот базен за брзо време ќе биде ставен во функција. Од ЈП „Билјанини извори“ информираат дека при првата комплетна проверка на базенот, тие откриле многу лоша слика. Проблеми со мембраната, вентилите, функционирањето на моторите, каналите на базенот. Ова се само дел од проблемите на кои во изминативе неколку денови работеле од ЈП „Билјанини извори“,со цел што е можно побрзо ставање во функција на градскиот базен. „Ние веќе тоа го отстранивме. Има уште некои ситни работи кои што треба да се отстранат во денешниот и утрешниот ден. Се надевам дека нема да имаме покрупни...

Continue reading

izlov slatino

Се изловува рибниот фонд на Слатинско Езеро

Post Views: 9 Рекреативните риболовци од здружението Св Апостол Петар, денес отпочнаа со излов на рибниот фонд од акомулацијата Слатинско Езеро. Како што веќе од таму укажаа, Слатинското Езеро е пред еколошка катастрофа поради напукнување на браната, која го спушти нивото на водата од 9 на еден метар. Првиот човек на општина Дебрца, Игор Трајкоски, вели дека изловот на рибниот фонд е само времено решение и смета дека рибата набрзо ќе се врати во истата акомулација наесен, после санирање на браната за што потврда добил од Министерството за земјоделие. „Со напорите што ги направи концесионерот...

Continue reading

holngani

Првата група Холанѓани пристигна во Охрид

Post Views: 0 Утрово на аеродромот св. Апостол Павле пристигна правата група холандски туристи за оваа летна сезона.Гостите воодушевени од пречекот, со големи очекувања за она што сакаат да го видат, но и со добри познавања за она што го нудиме како туристичка дестинација. „Во Македонија доаѓам прв пат. Се надевам дека е добро овде. Сите ми велеа, Македонија е одлична земја. Овде сакам да ги видам црквите, иконите… Јас не го познавам овој народ. Сум бил во Ерменија, Југославија, и си реков зошто да не, јас малку знам за овие луѓе. Бев и во Грција и ете токму поради тоа дојдов...

Continue reading

diplomi

Студентите од ФТУ со дипломи под рака-кон иднината

Post Views: 2 Околу двеста студенти од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, денес зачекорија кон својата иднина. По неколкуте години стручна наобразба, денес ги добија своите дипломи како сведоштва за вложениот труд. Имаше и додипломци и новопечени магистри, секој со своите планови за иднината. Очекувањата позитивни, исто како поминатото искуство во текот на студентските денови. Сега, пред нив стојат нови предизвици. „Во иднина очекувам дипломава да ми донесе многу успех, за да можам понатака да продолжам со дипломава. Образовниот процес одеше многу добро, многу научивме...

Continue reading

ribolov natprevar

Глувите и наглуви лица од земјава, ловеа риба во каналот Студенчишта

Post Views: 0 12 здруженија на глуви и наглуви лица од целата држава, денес ловеа риба во Стденчишкиот канал. Претставници од Охрид, Скопје, Гевгелија, Битола, Кавадарци, Прилеп, Гостивар се натпреваруваа кој ќе улови повеќе риба. Овој државен натпревар се одржува веќе втора година по ред. Риболовците се натпреваруваат поединечно и екипно, а ќе добијат медали и пехари. Претседателот на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица, Васко Марков, изрази надеж дека победникот на овој натпревар нема да запре тука. „Се надевам дека кој ќе го освои првото место, понатаму ќе продолжи со натпреварите....

Continue reading

перивлепта

Охридскиот музеј има недостаток од конзерватори и археолози

Post Views: 5 Охридскиот Завод и музеј има потреба од  конзерватори реставратори и археолози. Во моментов во оваа национална  установа  во постојан работен однос се двајца археолози и еден конзерватор на текстил. Но, нема во постојан работен однос  конзерватор-реставратор на фрескоживописи, икони и мозаици.  Директорот  на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска  потврдува дека на  институцијата и се потребни кадри за заштита на културното наследство. „ Сеуште има недосток од конзерватори. Се трудиме да одговорима колку што можеме. Се надевам ќе има вработување на стручни кадри конзерватори...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top