Ознака: МЈП

plati JP

Состојбата со платите во охридските ЈП!!!!

Post Views: 10 Граѓани, вработени во МЈП Проаква се пожалија до ТВМ дека ЈП доцни со иплата на личен доход.  За да ја испитаме ова информација се обративме и до првиот човек на МЈП Проака, но и до останатите директори на ЈП. По денешната средба со нив, наидовме на крајно спротивни тврдења.  Првиот човек на Проаква Томе Паскалоски вели дека откако тој е назначен за генерален директор на МЈП од  07 јуни редовно се исплаќаат платите, поточно дека секој месец се исплаќа по една плата. Тој додава дека за четири месеци има исплатено 4 и пол плати. „Почнувајќи од крај на април, на 30 април...

Continue reading

paskali

Вработените од Проаква бараат да им се платат придонесите за здравствено осигурување

Post Views: 1 Здравственото осигурување горлив проблем во МЈП „Проаква“, Охрид. Вработените се револтирани и реагираат бидејќи од април месец годинава доколку се разболат треба приватно да си ја платат сметката за лекување. Тие сметаат дека раководството треба да изнајде начин, нивното право на бесплатно лекување како осигуреици во фирмата каде што работат да им биде овозможено. Директорот на МЈП „Проаква“ Томе Паскалоски вели дека се соочуваат со сериозен проблем околу исплатата на придонесите,  кој проблем го наследиле од претходното раководство. Додаде дека и покрај тешката состојба...

Continue reading

prekop

Улиците да се враќаат во првобитната состојба

Post Views: 3 Прекопите по охридските улици со денови остануваат не санирани. Иако во согласност со законот за градба секој прокоп треба да се затвори во определен рок по завршувањето на градежните зафати и да се врати во првобитната состојба, во градот има многу примери каде тоа не е направено. Граѓаните го поздравуваат и поддржуваат асфалтирањето на улиците и санирањето на ударните дупки од страна  на Локалната.  Но, тие реагираат после зафатите кои се прават при дефект во водоводната и канализационата мрежа, тротоарите и коловозите во најбрз рок да се враќаат во првобитната состојба....

Continue reading

vodovod mreza

Се поставува водоводна мрежа во населбата Рача пред стартот на туристичката сезона

Post Views: 2 Градежни зафати врз водоводната мрежа во населбата на потег Рача и Горица  ги разлути тамошните станоиздавачи. Со изведување на земјените ископи се затвара приодот кон дел од апартманите во населбата, а станоиздавачите на објектите кои очекуваат гости сега стравуваат дека ќе им  бидат откажани резервациите.  Со нетрпение ја очекувавме туристичката сезона,  а сега со овие зафати пред самиот  почетокот на сезоната  ќе останаме без гости, стравуваат станоиздавачите. Тие  се прашуваат кој ќе сноси одговорноста за нивната штета.   А Локалната самоуправа  на овој потег поставува...

Continue reading

sahta

Мал дефект отвори голем проблем

Post Views: 0 Чиста вода извира од две шахти на ул „Карпош Војвода“ во близина на детското игралиште. Ова трае веќе три дена, а надлежните сеуште ништо не презеле, коментираат жителите на овој потег. Проблемот на стручните служби на МЈП „Проаква“им бил познат.   Според раководителот на водоснабдување Влатко Иваноски, не станува збор за сериозен дефект, но зафатот кој што треба да го направат за негова санација бил голем и потребна била дополнителна консултација со релевантните служби од Локалната самоуправа. „Проблемот е што местото е специфично, затоа што дефектот пред шахтата е...

Continue reading

cesma

Стар град викендов без вода а високите згради со намален притисок

Post Views: 2 МЈП-Проаква Р.Е.Водовод Охрид ги известува своите корисници дека поради најавените прекини со електрична енергија  од страна на МЕПСО А.Д. ќе има прекин на работа на Пумпната станица Дрвара  поради што дел од корисниците  во стариот дел на градот ќе имаат прекин во снабдувањето со вода  и тоа улиците: Кузман Капидан, Браќа Миладинови, Грогор Прличев,Илиндеска,Христо Узунов,Климентска,Кочо Рацин,Димче Маленко,11-Октомври,Охридска Архиепископија,Нада Филева и населба Чекоштина.Исто така можно е во високата зона на градот и високите згради  водоснабдувањето да биде со намален...

Continue reading

poplavi prepumpna

Прелевања во колекторот поради високиот водостој на Охридското езеро

Post Views: 9 МЈП Проаква деновиве со полни раце работа. Високиот водостој на Охридското Eзеро прави проблеми во функционирањето на колекторскиот систем. Од МЈП Проаква велат дека ситуацијата е алармантна веќе неколку денови, а предупредуваат дека доколку продолжат врнежите таа ќе стане уште посериозна. Директорот на ова јавно претпријатие, Златко Старкоски вели дека постојано ја следат состојбата и ги преземаат сите мерки кои се во рамките на нивните можности како не би дошло до поголеми прелевања во колекторскиот систем и поплави. „Доставивме барање до кризниот штаб во Струга со...

Continue reading

voda

Водата за пиење во Охрид нема да се испитува – Михаилов

Post Views: 1 Најновите вработувања во МЈП „Проаква“, го налутија директорот на Центарот за Јавно здравје Атанаско Михаилов. Тој се закани дека во Охрид ќе се случи прекин на испитување на квалитетот на водата за пиење, бидејќи на Центарот неопходни му се средства за набавка на основните материјали  за вршење на испитувањата. Според Михаилов, не може едно Јавно Претпријатие кое има голем долг кон институциите да вработува нови партиски војници. „Како раководител на едно ЈП, морам да кажам дека, вработувањето на луѓе без никаква причина во претпријатие кое што долгува огромни средства...

Continue reading

radiator

Проаква еден ден без нафта

Post Views: 4 Дали МЈП „Проаква“ Охрид, се соочува со недостиг на нафта за греење? Дел од вработените во ЈП, реагираа дека вчера работеле во студени простории до 11 часот по што си заминале. Имено, радијаторите во административните простории биле ладни поради немање на нафта за греење. Првиот човек на меѓуопштинското претпријатие Златко Старкоски убедува, дека проблемот што вчера се работело само до 11 часот не бил во недостигот на нафта, бидејќи цистерната пристигнала во претпријатието истиот ден во 10 часот и 30 минути. „Вчера имавме ние еден мал проблем, ако може да се каже од...

Continue reading

MJP kolektor

Британско Италијанска компанија ќе го решава проблемот со колекторот во Охрид

Post Views: 11 Стручен тим од оваа компанија од 15 до 17 ноември престојуваше во Охрид во МЈП Проаква, а  се сретна и со првите луѓе на Охрид и Струга, Александар Петрески и Рамиз Мерко. „Во Охрид дојдоа со цела стручна екипа. Овде останаа три дена и ги видоа сите наши предности и недостатоци. Ни беше кажано дека според анализите кои ги направиле заклучиле дека на ниво на Македнија Проаква е одбрана како најиинтересна и најпогодна за инвестирање“, вели директорот на МЈП Проаква Златко Стакоски.    „Беа многу задоволни од состојбата која ја видоа и кај нас има една специфичност која...

Continue reading

poplava daljan

Населба Даљан во вода до колена

Post Views: 2 Дел од населба Даљан, Охрид, во вода до колена.  Дождот кој што од утрово го зафати градов, поплви неколку влеза од станбени комплекси во населба Далјан. А тоа им донесе проблем на жителите од ул Сатеска 40. Пристапот за влез и излез од зградите е возможен само со гумени чизми до колена, а не беа ретки и оние кои боси или со изводенети обувки  поминуваа низ поплавата. И не само тоа, на жителите скоро и да не им остана ништо од годинешната зимница бидејќи и подрумите и гаражите пливаат во вода. Тие се крајно револтирани, велат, проблемот е присутен со секое невреме од...

Continue reading

kolektor

Пумпните станици на колекторскиот систем ќе се управуваат далечински

Post Views: 0 Пумпните станици на колекторскиот систем ќе се управуваат далечински.Ова е проект кој МЈП Проаква го реализира заедно со Швајцарската амбасада која за таа цел издвои средства во висина од 2 мил денари.  На потегот од Св. Наум до Радожда во должина од 28 км има 11 пумпми станици. На ваков начин ќе се намалат трошоците за гориво и електрична енергија, а и ќе се избегне затајувањето на системот кој кога има пообилни врнежи од дожд треба да работи со поголем капацитет за да се постигне саканиот ефект за заштита на езерото од отпадните води, вели Златко Старкоски директорот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top