Ознака: млади

Поради љубовта кон фотографијата

Post Views: 3 Фото клубот Охрид постои 18 години, а  опстанокот се должи на големата љубов кон фотографијата на неговите членови. Засега клубот брои околу 20тина членови од кои 12мина ветерани се активни и не штедат слободно  време и пари за да го негуваат организирано своето хоби. Интерес кон фотографирањето покажуваат се повеќе млади охриѓани  ама тешко одвојуваат време за активностите поврзани со работата на фото клубот, вели претседателот на клубот Димче Коруноски, еден од членовите со подолг стаж во фото клубот Охрид. „ Максимално се трудиме и функционираме без разлика на сите...

Continue reading

Голем интерес на охриѓани за проектот „Купи куќа за млади“

Post Views: 2 Охриѓани со голем интерес околу условите кои се нудат со владиниот проект „Купи куќа за млади“. Тие лично од претставниците на министерството за финансии слушнаа што се е потребно и какви им се можностите да дојдат до решавање на едно од најважните животни прашања, станбеното прашање. На младите охриѓани им стојат на располагање два модели за решавање на станбеното прашање,  субвенционирање на меечата рата и субвенционирање на учество. Според пресметките младите можат да добијат до 33 000 евра неповратни средства. „Има поволни услови, само да видиме како ќе е со рати,...

Continue reading

logo

„Купи куќа за млади“ во Охрид

Post Views: 1 Министерството за финансии и општина Охрид на 24.02 2016 година (среда) во големата сала при општината со почеток во 17 часот ќе одржат јавна презентација на проектот Купи куќа за млади. На средбата ќе се дискутира кои се условите за купување куќа и каде младите може да најдат државни плацеви. На средбата меѓу другото ќе стане збор и за  понудата на плацеви  за таа намена во Охрид,оние кои во моментот општината ги има предвидено за таа намена  или кои ќе ги понуди во блиска иднина. Се покануваат сите заинтересирани граѓани во среда да земат учество на настанот затоа...

Continue reading

„Подиум на млади“ го навестува почетокот на „Охридско лето

Post Views: 2 Во црквата „Света Софија“ вечерва со почеток во 20  часот ќе настапат младиот пијанист Александар Хаџиевски од Србија, како и обоистот Андреј Петрески од Македонија. Хаџиевски е еден од попознатите млади пијанисти од Белград што работи со добри музичари и освојува бројни интернационални награди, меѓу кои и третата наградата на натпреварот „Џорџ Гершвин“ во Њујорк во категоријата млади музичари. Андреј Петровски се смета за еден од најдобрите обоисти во Македонија кој сега веќе работи во Сараевската филхармонија на позицијата прва обоа. Тој е избран да биде учесник заради...

Continue reading

ЧЕТВРТА СЕДНИЦА НА ЛОКАЛНОТО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА ОХРИД

Post Views: 1 Согласно, Деловникот за работа на Локалното собрание на млади на избраните членови на Локалниот младински совет им престана мандатот во Локалното собрание на млади, а на предлог на оранизациите кои нив ги предложиле беа верифицирани мандатите на новите делегати и заменици делегати на Локалното собрание на млади на општина Охрид. За нов претседавач со Локалното собрание на млади е избрана Јована Ристеска претставник на училишната заедница при СОСУ „Св. Кирил и Методиј„ Охрид. За секретар на Локалното собрание на млади е избрана Анастасија Стојаноска претставник на ОО...

Continue reading

охрид

Во Охрид има млади луѓе без завршено основно образование

Post Views: 0 Во августовската испитна сесија во Отворениот граѓански универзитет Кузман Шапкарев се приоајвиле за полагање за дозавршување на основно образование 3 лица. Меѓу нив имало и  момче на возраст од 26 години само со  завршено 3 одделение. Останало без образование откако неговите родители заминале во странство и не продолжило да се школува, раскажува директорката Славица Ристевска од ОГУ Кузман Шапкарев. Таа напоменува дека во нивната установа има 5 испитни сесии и во текот на годината со основно образование се стекнуваат околу 15-тина лица. Статистиката пак  покажува  дека...

Continue reading

Македонските млади кошаркари, денес на поправен

Post Views: 9 Кошаркарите на македонската селекција до 20 години денеска против Финска во 16:30 часот ќе се обидат да ја остварат и третата победа на првенството и со тоа да го поправат впечатокот по трите убедливи порази. Со евентуален триумф Македонија в недела ќе игра за пласман на 5-тото место против победнникот од дуелот Грузија – Австрија, а доколку загубиме тогаш со поразениот од истиот дуел ќе играме за 7-то место. Продолжија и натпреварите за пласман од 9 – 17 место. Во групата од 9 – 11 место Бугарија – Норвешка 84:80, слободна беше селекцијата на Словачка.Во...

Continue reading

lideri

Иванов: Школата за млади лидери е влог во европеизацијата на Македонија

Post Views: 3 „Целта на школата за млади лидери е од успешните луѓе да направи уште поуспешни, да создаде позитивни примери за другите.“-рече претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов на отворањето на шестата по ред школа за млади лидери во Охрид. Според Иванов, човек што не носи одлуки е склон да робува и да се покорува, а оној што носи вистински одлуки е учител и оној што го следат. Денес младите живеат во свет во кој имаат пристап до огромен број податоци, сознанија и информации, при што улогата на Школата за млади лидери е да им покаже вештини за тоа како да се ориентираат...

Continue reading

Станковски, ВМРО-НП: На Охрид потребен му е Дом за млади

Post Views: 13 На Охрид повеќе од потребен му е Младински културен центар, или Дом за млади. Еден таков објект каде младите би одржувале културно- забавни настани, изложби, работилници слично за жал во нашата општина нема, констатира советникот на ВМРО – НП, Јоне Станкоски. Од тука, Станковски излегува со предлог иницијатива до Локалната самоуправа и градоначалникот Никола Бакрачески. Еден од руинираните објекти, кои се ругла во вистинска смисла на зборот, места каде преспиваат бездомниците но и собиралишта на наркозависници, кои се проблем за околината и градот, е и поранешната згарда...

Continue reading

logo

Младите кошаркари стратуваа со победа

Post Views: 9 Кошаркарската репрезентација на Македонија ги освои првите два бода по победата над Австрија во својот премиерен настап на Европското првенство Б дивизија за играчи до 20 години, кое се одржува во Скопје во салата „Борис Трајковски“. Конечните 78:70 беа поставени во игра со многу осцилации од страна на нашите репрезентативци. По шутерското шоу во првото полувреме кога Македонија постигна 10 тројки се замина со резултат 42:32.Во второто полувреме водството на нашите кошаркари изнесуваше и плус 17, за на три минути до крајот Австриците да стигнат до три поени негатива....

Continue reading

pretstava Goldoni

„Слуга на двајца господари“, комедија за напорот на истрајните вљубени, невини, млади карактери

Post Views: 4 Три јазици, македонски, албански и турски испреплетени еден со друг, а јасно покажувајќи ја истата љубов помеѓу невините млади карактери. Театарската претстава „Слуга на двајца господари“ работена според текстот на италијанецот Карло Голдони, преработена и прилагодена на современото живеење ќе биде новото уживање за посетителите на Охридско лето. „Во нашиот современ живот и љубовта и лебот, малку влегоа во потешки димензии. Светот стана малку бетон, малку асфалт, малку стакло, многу пластика. Дојдовме во таква состојба да сега почнавме да произведуваме и ѓубриште, во...

Continue reading

alkohol

Од утре алкохол ќе се купува само до 19 часот

Post Views: 3 Од утре, алкохолни пијалоци ќе можат да се купуваат од шест до 19 часот, наместо како што беше овие пет месеци до 21 часот. Според законските одредби, продолженото време за продажба на алкохол, односно до 21 часот, важи од мај до 1-ви октомври. Законот за забрана за продажба на алкохол во продажните објекти стапи на сила од 1. септември 2008 година, при што имаше бурни реакции од маркетите како и од граѓаните. Оваа забрана беше усвоена со цел да се намали продажбата на алкохол на млади лица  во текот на вечерните часови. Казните за оние кои нема да го почитуваат законот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top