Ознака: Младиќ

Ratko vo Hag

Младиќ: Не сакам да ми се чита обвинението

Post Views: 0 Првото прашање беше дали го разбира јазикот на кој му се обраќа судот, на што Младиќ одговори дека ги разбира само српскиот и македонскиот јазик. Имаше и  недоразбирања околу датумот на неговото раѓање, но сето тоа произлезе од фактот дека Младиќ тешко ги разбира прашањата. На прашањето од судијата Алфонс Ори дали ја разбира процедурата која му е прочитана, Младиќ рече: “ Господине судија, јас сум тешко болен човек. Слушнав што рече госпоѓата. Мене ми треба малку повеќе време да размислам за тоа што таа го прочита. Бидете трпелливи со мене“. Судијата го праша Младиќ...

Continue reading

Mladic ratko

Наградата од 10 милиони долари за апсењето на Младиќ нема да ја добие никој

Post Views: 7 Никој нема да ја добие наградата од 10 милиони долари за апсењето на Ратко Младиќ, изјави координаторот на српската влада за односи со јавност Слободан Хомен. „Ратко Младиќ е уапсен во рамките на редовните оперативни активности на органите на безбедноста на Србија а не по дојава“, изјавија за Танјуг од службите за безбедност. Хомен за Танјуг изјави дека никој од припадниците на службите за безбедност и полицијата нема да земат ни цент од 10 те милиони долари награда која беше предвидена за информација за криењето на Ратко Младиќ. „Апсејќи го Младиќ тие само си ја вршеа...

Continue reading

Maldic

Тадиќ потврди: Уапсен е Ратко Младиќ

Post Views: 0 Претседателот на Србија Борис Тадиќ, потврди дека во утринските часови во координирана акција на безбедносните информативни агенции е уапсен Ратко Младиќ кај местото Лазарево, кај Зрењанин. “Сакам да им честитам на сите учесници во акцијата кои од формирањето на оваа Влада интензивно работеа на пронаоѓање на сите обвинети за воени злосторства“, изјави Тадиќ. “Во име на Република Србија соопштувам дека денес во текот на утринските часови уапсен е Ратко Младиќ во координирана акција која ја изведоа Безбедносната информативна агенција и службата за откривање на воени злосторства....

Continue reading

Ratko Mladic

Семејството на Младиќ планира да го прогласи за мртов

Post Views: 1 Семејството на најбараниот хашки бегалец, планира да поднесе барање до судот во Белград преку кое ќе се обиде да го прогласи Ратко Младиќ за мртов. Но, според српските медиуми и да успеат во тоа, српското обвинителство и Хаг нема да се откажат од потрагата по него. Семејството на Младиќ се одлучило на тој чекор поради огромниот притисок кој секојдневно го трпи. Се сомневаат дека би можел да ги преживее условите во бегството, бидејќи на почетокот на оваа деценија имал тешки стомачни и срцеви проблеми, поради кои бил на лечење. {loadposition content9}

Continue reading

Ratko Mladic

Младиќ на телевизија

Post Views: 0 Телевизијата на Федерацијата на Босна и Херцеговина (ФТВ) синоќа емитуваше аматерски снимки, на кои се гледа најпознатиот хашки бегалец, Ратко Младиќ. Снимките се направени во изминатите 12 години, а најголем дел од нив се снимени во белградската населба Кошутњак, каде што Младиќ пред камерата се весели на свадба и се дружи со семејството и пријателите. Покрај тоа, на една од снимките направена во 2.000-та година, Младиќ е прикажан на свадба во Источно Сараево, во ресторанот „Кула“. Во политичкиот магазин „60 минути“, на ФТВ емитувани се и снимки од една касарна на тогашната...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top