Ознака: медицински

komulalen kamion

Повторно медицински отпад на отворено

Post Views: 8 Медицински отпад и понатаму се одлага на струшката депонија. Неколкуте семејства кои што живеат во непосредна близина на депонијата се неми сведоци на сликата која редовно се повторува пред нивните очи, камиони на ЈП „Комунално“, кои покрај комуналниот одлагаат и медицински отпад. И покрај високата казна што ја доби ЈП Комунално од Струга, оние малку жители кои што живеат овде не сакаа да коментираат пред нашата камера, но велат дека камионите сеуште го истовараат на ова место опасниот медицински отпад и не ретко се случува на иглите дури и да се прободат По се изгледа...

Continue reading

spric

Висока цена за договор

Post Views: 6 Паднаа првите високи глоби за одлагање на медицинскиот отпад. ЈП Комунално од Струга треба да плати глоба од 3000 евра, додека пак Центарот за нефрологија 2000 евра. Според претходно направен увид и утврдување на фактичка состојба од страна на државниот инспектор за животна средина Игор Трајкоски, констатирано е дека на посоченото место, јавната депонија на струшкото комунално претпријатие, има одлагање на медицински отпад. Телевизија ТВМ за овој проблем ја информираше јавноста пред околу 10 тина дена при што побара да се посочи виновникот и истиот да се санкционира....

Continue reading

Прогласени најхуманите медицински сестри на републичко ниво од Охрид

Post Views: 0 Награди за најдобрите, на денот на медицинските сестри. Утре на нашите најхумани медицински сестри и акушерки од Охрид, во Струмица ќе им бидат врачени награди. Претседателот на здружението на медицински сестри Јулија Трпковска, нагласувајќи ја улогата на медицинската сестра во рамки на здравството, рече, да се направи избор и да се одберат најдобрите медицински сестри е тешка работа, бидејќи секоја една од нив е посветена на својата работа. „За да бидеш медицинска сестра треба пред се да ја сакаш таа струка, бидејќи здравствената струка подразбира нега на пациентот...

Continue reading

analgin

Лековите без рецепт отсега ќе може да се купат и во супермаркет и бензиска пумпа

Post Views: 6 Лековите без рецепта, како што се аналгин и андол, освен во аптека да се продаваат во супермаркет и на бензиска станица – ова се дел од измените во законот за лекови и медицински помагала. Така, според надлежните, лековите ќе бидат подостапни за граѓаните во руралните средини, а може да има и намалување на цените поради поголемата конкурентност. -Следна крупна изведба која што ја предвидува овој закон е измената на секои две аптеки, на еден ланец на аптеки, задолжително мора да отвори една аптека во рурална област. Очекувам како резултат на оваа реформа да се...

Continue reading

pedofil

Хемиска кастрација за македонските педофили?

Post Views: 7 Со измените на Кривичниот законик, ќе се воведе хемиска кастрација за педофилите, а затворските казни ќе се зголемат, најави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на денешната јавна расправа по предлог-законот за изменување и дополнување на кривичниот Законик. Според статистиката затворските казни се мали и недоволни. Досега има 139 осудени лица со правосилна пресуда за педофилија. Од нив 35 лица добиле затворска казна од 4 години, просечната казна е 6 години и ова е доволен аргумент за ниските казни. Поради тоа предложивме антитестостеронски третман, односно...

Continue reading

Постојано се зголeмува количината медицински отпад во земјава

Post Views: 3 Расте бројот на приватните здравствени установи, но расте и количината на опасен медицински отпад.  Според  доставените податоци од здравствените институции во Република Македонија количината на пријавениот создаден медицински отпад во  2015 година  изнесувала 704,61 тони. Постојано се зголемува медицинскиот отпад што се создава во медицинските и во здравствените институции, болниците, поликлиниките, амбулантите, забните и ветеринарните ординации од  употребените средства и материјали при дијагностицирање, лекување, третман и превенција на болестите кај луѓето и кај...

Continue reading

altea

Македонските бранители и мисијата АЛТЕА

Post Views: 0 Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 59. седница на која на дневен ред е Предлог одлуката за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција на Европската унија во Босна и Херцеговина ЕУФОР, АЛТЕА. Во насока на продлабочување на соработката и придонесот на земјата кон мировната операција предводена од Европската унија, Република Македонија го продолжува учеството во ЕУФОР, АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Ќе биде испратен уште еден медицински тим во состав од десет припадници на Армијата и еден офицер-правен советник...

Continue reading

Сцени на моќ на природата од вселената

Post Views: 2 Разорната моќ на смртоносниот тајфун Maysaku кој во Микронезија однесе пет животи е видлива дури и од вселената. Италијанската астронаутка Samantha Cristoforetti со фотографии го забележа поминувањето на тајфунот над островот Chuuk. “Ова заслужува почитување, дури и од вселената”, напишала Cristoforetti со објава на фотографии на социјалните мрежи, пренесува News.com.au. Тајфунот Maysaku во следните три дена би требало да пристигне до источниот брег на Филипините, а властите поради тоа издале предупредување до жителите како и до туристите. На Филипините војската е во...

Continue reading

Nikola Todorov

Македонските доктори ќе се усовршуваат на UCLA

Post Views: 0 Здравствените работници од Македонија ќе имаат можност своето знаење да го усовршуваат на реномираниот Универзитет на Калифонија и Лос Анџелес (УКЛА). Министерот за здравство Никола Тодоров, кој престојува во посетан а САД, го потпиша Меморандумот за соработка со УКЛА со генералниот управител на Центарот за меѓународна соработка Томас Розентал. Меморандумот ја дефинира соработката со Медицинскиот центар Роналд Реган, кој е во рамки на УКЛА, што претставува токму рамка на меморандумот, со цел македонските лекари и останатиот медицински кадар да имаат пристап до врвна...

Continue reading

Направете сами течност за одмрзнување стакла

Post Views: 4 Зимските проблеми со кои среќаваат возачите секое утро се замрзнатите стакла на автомобилите. Борбата со тврдиот слој на мраз вообичаено носи мрзнење на рацете и одзема многу време за чистење и стругање на стаклата во утринското брзање, па затоа многумина би посакале спасоносна течност за топење на површините зафатени со мраз. Течноста за топење на замрзнатите површини ќе ви заштеди време и пари, а сами ќе ја направите од само три состојки: -Потребен материјал: сад со распрскувач, 1dl медицински алкохол (70%), 5 капки детергент за садови и 4dl топла вода. -Постапка:...

Continue reading

rekonstrukcija

Се роди првото охриѓанче на струшки терен

Post Views: 2 Од охридската болница информираат  и официјално започна реконструкцијата на дел од општата болница. Освен во струшката општа болница хируршките оперативни зафати ќе се прават во Костозглобна и  Дијализа информира портпаролот на општа болница д-р Сашо Василески. Објаснува како и досега пациентите ги имаат сите права на избор на хирург, медицинска установа и  и начин на лекување. Д-р Сашо Василески, портпарол на општа болница истакнува „дел од екипите дежурствата ќе ги вршат во Струга, и понатака охридските анестезиолози и хирурзи  ќе функционираат само што ќе бидат ...

Continue reading

геријатрија

Празничен ручек за пациентите на геријатрија

Post Views: 1 Големиот христијански празник Велигден весело се одбележа и на одделението за геронтологија при општа болница Охрид. Нашите иселеници од здружението „Св Наум Охридски“ од Мелбурн, Австралија пациентите од ова одделение ги почестија со богат празничен ручек. Атмосферата ја развеселија членовите на ансамблот Билјана Јуниор. Инаку соработката со Австралиското друштво постои многу одамна нагласува Лазар Стојчески, главниот медицински техничар. Тој додава дека редовно добивале помош од нашинците од Австралија посебно на геријатриското одделение. Ова здружение од Мелбурн...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top