Ознака: марш

svetski den zdravje

Марш по повод Светскиот ден на здравјето

Post Views: 6 Министерството за здравство во соработка со Институтот за јавно здравје на Македонија по повод 7 април, Светскиот ден на здравјето, денеска организираат заеднички марш од плоштадот Македонија до Градскиот парк, што ќе го предводи ресорниот министер Бујар Османи. Зборно место е плоштадот Македонија, (во близина на Камен Мост) каде што во периодот од 10 до 10:30 часот на посебно поставен пункт ќе се вршат превентивни здравствени прегледи (мерење шеќер и маснотии во крвта, висина, тежина и сл.). Оттаму учесниците на маршот пеш ќе се упатат кон Градскиот парк, соопшти Министерството...

Continue reading

megunaroden den na mirot

Со марш, борците од Охрид го одбележат Меѓународниот ден на мирот

Post Views: 5 По повод Меѓународниот ден на мирот – 21 Септември, претставници на Сојузот на борци од Охрид, изведоа мировен марш од пред седиштето на Сојузот на борците,  до градскиот плоштад, по што беше положено цвеќе на бистите на паднатите борци и илинденци во Градскиот парк.  Пред присутните на денешното одбележување на Меѓународниот ден на мирот беше прочитана и пораката на генералниот секретар на ООН Бан Ки- Мун. Учесниците на маршот испратија порака за траен мир и благосотојба на сите луѓе во светот, без разлика на вера, нација, религија. Пораката беше упатена до власта и...

Continue reading

Денес протестен марш на иницијативата „Култура или фискултура?“

Post Views: 2 Во знак на солидарност и поддршка на најавениот Протестен марш, предводен од иницијативата „Култура или фискултура?“, кој ќе се одржи во во Скопје, денеска на Кеј „Македонија“, пред споменикот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид, работниците во културата од институционалната и вонинституционалната сцена на локално ниво, во периодот од 12:15 до 13:00 часот, ќе излезат на симболичен собир. Протестниот марш, во организација на „Култура или фискултура?“ произлезе од проблематичниот избор на директорот на институцијата Центар за култура „Антон Панов“ од Струмица, каде од тројцата...

Continue reading

gmo hrana

И Охриѓани кажаа „не“ за генетски модифицираната храна

Post Views: 8 Охриѓани се приклучија на глобалниот марш против генетски модифицираната храна, како продолжена рака на главниот протест кој се случува во Скопје. Неколкумина ентузијасти, на градскиот плоштад, како и во просторот пред чинарот, делеа информативни материјали за тоа што претставува ГМО или генетски модифицираната храна како и  кои се последиците од нејзиното консумирање. Инаку генетски модифицираната храна е храна добиена преку генетски инженеринг односно комбинирање на гени од растенија со гени од бактерии, вируси, а не ретко и животни. Република Македонија важи за една...

Continue reading

vojnici

Професионалните војници на марш низ Скопје

Post Views: 4 Професионалните војници, по една недела протест пред владата, за сабота најавија протестен марш низ Скопје. Тие ќе маршираат покрај Соборниот храм, Собранието и крај Мавровка назад до Владата, за да го засилат притисокот за решавање на нивниот статус.Професионалните војници бараат гаранции од државата за вработување, откако по наполнети 38 години остануваат невработени.Тие ја отфрлија понудата на Владата да преминат во активна резерва, до наполнување на 48 години, за што би добивале само третина од платата. {loadposition content9}

Continue reading

skara

Нема протести, ама нема ниту скара и пиво за 1ви Мај

Post Views: 0 Денес е први Мај, меѓународен празник на трудот. За сите оние кои го заборавиле неговото значење да потсетиме дека овој ден е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Се празнува во знак на почит кон жртвите на штрјкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго за воведување осумчасовен работен ден. Во спомен на жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала на својот основачки конгрес во 1889 година во Париз донела декларација со која работниците се повикуваат на масовни демонстрации на 1 мај за да ја подобрат својата положба. ...

Continue reading

parola

Општинскиот одбор на Сојузот на борците од Охрид и Дебрца на протестен марш

Post Views: 8 Општинскиот одбор на Сојузот на борците од Охрид и Дебрца со протестен марш го изрази својот револт од присилното иселување на Главниот одбор на Сојузот од неговите простории во Скопје. Тие побараа државата да покаже поголема почит кон воените ветерани што ја извојувале слободата чии придобивки ги уживаме денес. Со мерките за присилното иселување на Главниот одбор на Сојузот на борците на Република Македонија од работните простории во Домот на инвалидите во Скопје се сака да се згасне главнината на боречката организација, како невладина и непартиска. Со тоа се прави...

Continue reading

Argir Marincev

Курајчани ќе маршираат во чест на војводата Аргир Маринчев

Post Views: 8 Куратица утре маршира во чест на револуционерот Аргир Маринчев. Претседателот на месната заедница од Куратица, Горан Ангелоски вели дека оваа идеја отсекогаш постоела и се негувала во Куратица, но годинава сакале таа да биде понагласена. Нивниот марш започнува од средсело, а учесниците ќе треба да поминат четирикилометарска патека се до вечното почивалиште на Маринчев, каде на 13ти Септември далечната 1903 година, овој револуционер загинал заедно со својата чета. „Целта на тој настан е промовира, да се запознае јавноста со еден настан што се случувал во охридскиот регион...

Continue reading

Ilinden

Охридските комити ја исполнија задачата

Post Views: 1 Илинден е празник над празниците. Под ова мото група од триесеттина млади охриѓани, членови на Здружението Христо Узунов, традиционално ја поминаа зацртаната траса од 102 километри – марш до Крушево. Охридските комити по девети пат зедоа учество на главната церемонија по повод 2-ри август, ден кој бележи двоен повод за прослава – 108 години од Крушевското востание и 67 години од првото заседание на АСНОМ. Шишкоски Никола од охридското здружение рече дека маршот поминал во најдобар ред, без проблеми по пат. Тој додаде дека иако се соочиле со лоши временски...

Continue reading

den na mirot

Одбележан меѓународниот Ден на мирот со марш на ветераните

Post Views: 9 Во Охрид и Струга  се одбележа меѓународниот Ден на мирот, 21–ви септември. Сојузот на борците и нивните почитувачи одржаа марш под мотото „Ветераните чекорат за мир“. Во Охрид маршот започна во 11 часот од пред Сојузот на борците за да пристигнат на  градскиот плоштад. Точно на пладне на сите паднати жртви за мирот им беше  оддадена почит со едно минутно молчење. На собирот на ветераните имаше и основци кои дојдоа да го одбележат заедно Меѓународниот ден. Претседателот на Сојузот на борци Гоце Георгиески  истакна дека трета година се чествува меѓународниот ден на мирот ...

Continue reading

tito

„Денот на младоста“ одбележан со марш до Горица

Post Views: 1 Во Охрид скромно одбележана 118 годишнината од раѓањето на Јосип Броз Тито. Триесетина членови од здружението на граѓани почитувачи на  ликот и делото на Јосип Броз Тито со марш до Горица го одбележаа некогашниот „Ден на младоста“. Јонче Петрески, претседател на ова здружение ја истакнаа нивната заложба  да не се заборави значењето на Тито во создавањето на македонската држава.Претседателот на Здружението,Јонче Петрески со жалење нагласува дека во моментов одредени личности  имаат негаторски однос кон овој период од нашата историја и Тито. Покрај негаторскиот однос има...

Continue reading

March

Охрид дел од втората светска сила

Post Views: 3 Мирот, ненасилството и толеранцијата се главната движечка сила што ги обедини 5 те континенти во Светски Марш кој годинава се организира по прв пат. Охрид е првата дестинација.Светски хуман проект. Маршот на Мирот и Ненасилството годинава се организира за прв пат. Неговата маршута предвидува опфатеност на пет континенти и околу 140 држави. Целта е да се поттикне важноста на секој поединец во градењето на хуманото општество пренесувајќи ги пораките на мир, ненасилство и толеранција. Ѓорѓе Кузмановски претседателот на сојуз на спортови од Скопје подетално објасна за значението...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top