Марш по повод Светскиот ден на здравјето

Министерството за здравство во соработка со Институтот за јавно здравје на Македонија по повод 7 април, Светскиот ден на здравјето, денеска организираат заеднички марш од плоштадот Македонија до Градскиот парк, што ќе го предводи ресорниот министер Бујар Османи.

 |  Maja Савиќ  | 
svetski den zdravje
Светски ден здравje

doktorka i bebeМинистерството за здравство во соработка со Институтот за јавно здравје на Македонија по повод 7 април, Светскиот ден на здравјето, денеска организираат заеднички марш од плоштадот Македонија до Градскиот парк, што ќе го предводи ресорниот министер Бујар Османи.

Зборно место е плоштадот Македонија, (во близина на Камен Мост) каде што во периодот од 10 до 10:30 часот на посебно поставен пункт ќе се вршат превентивни здравствени прегледи (мерење шеќер и маснотии во крвта, висина, тежина и сл.). Оттаму учесниците на маршот пеш ќе се упатат кон Градскиот парк, соопшти Министерството за здравство.

Настанот се одвива во рамки на кампањата на Министерството посветена на „Здрави животни навики за здрав живот“ и се организира во рамки на глобалната акција на Светската здравствена организација која се одбележува под мотото „1000 градови за 1000 животи“.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top