Ознака: манастирот

kalugerka

Калуѓерка исфрлена од манастир поради Фејсбук

Post Views: 1 Марија (54) по 35 години како сестра во манастирот во Толедо, Шпанија, била избркана од него затоа што, според постарите сестри таа поминувала премногу време на Фејсбук и на листата имала премногу пријатели.Шпанскиот весник Noticias de Navarra пишува дека на нејзините претпоставени им пречело и тоа што Марија премногѕ се занимавала со нови технологии.Откако била исфрлена од манастирот таа на Фејсбук објавила дека ја разрешиле од службата без никакво објаснување.Сепак Марија не се вознемирила премногу и после 35 години служба таа е подготвна да започне нов живот, а најголемата...

Continue reading

bogorodica

Се празнува Мала Богородица

Post Views: 2 Десетици илјади верници синоќа го посетија манастирот Св. Богородица, во струшкото село Калишта, по повод 21 септември големиот христијански празни Мала Богородица или Рождество на Пресвета Богородица. И денес пред портата на манастирот можеше да се забележи река од народ кои дојдоа да запалат свеќа и да се поклонат пред светите икони за здравје и среќа. Верниците имаат голема почит кон овој празник и на овој ден доаѓаат од сите страни на земјава и надвор од неа.  „Денес е еден од најголемите празници во православието. На денешен ден, сите верници мирот кој што го наоѓаат...

Continue reading

Prohor Pcinski

Опожарен дел од манастирот Прохор Пчински

Post Views: 0 Изгоре обновениот Кралски конак во манастирот Свети Прохор Пчински. Иако огнот е изгаснат пожарникарите се уште дежураат на терен. Пожарот избувнал утрово во 10.20 часот, изгореле 80 проценти од конакот, јавуваат срспките медиуми, кој бил во фаза на реновирање. Портпаролот на полициската управа во Врање, Драги Стаменковиќ рече дека според досегашните сознанија нема човечки жртви и дека противпожарните екипи се на терен. Изгорел покривот, но причината за избувнување на пожарот засега е непозната. Манастирот се наоѓа на непристапен терен во подножјето на планината Козјак...

Continue reading

Presveta Bogorodica

Денес се слави Мала Богородица

Post Views: 0 Манастирот Пресвета Богородица во Калишта струшко, во знакот на одбележувањето на големиот христијански празник Мала Богородица. Овој манастирски комплекс посебно е познат по тоа што наспроти празникот и на самиот празник кој секоја година се слави на 21 септември ширум ги отвора портите на својот атар за сите верници. Мошне значајно и интересно е што за денешниот празник во Црквата на Пресвета Богородица свеќи палат и припадници на исламската вероисповед. Секоја година редици на луѓе чекаат пред вратите на манастирот за да се поклонат пред чудотворната икона на Пресвета...

Continue reading

ikonostas

Украдени икони стари пет века

Post Views: 1 Крадците, незабележани од никого, успеале да го однесат цел горен ред од иконостасот, па дури и старата и неодамна реставрирана престолна резба. Свештените лица од Манастирот св. Јован Бигорски на официјалната веб страна први објавија за оставениот пустош во храмот: „Влезната врата е буквално распарчена, иконите се искорнати од ѕидовите и оваа жална слика е само еден тажен потсетник за нас дека едно непроценливо богатство што некогаш го красеше овој раскошен храм е неповратно заминато. За жал органите за безбедност се покажаа немоќни да влезат во трага на оваа организирана...

Continue reading

treskavec

До темел изгореа конаците на манастирскиот комплекс „Трескавец“

Post Views: 0 Утринава, претставници на надлежните институции го посетија манастирскиот комплекс „Трескавец“ кој вчера попладне го зафати огнена стихија во која до темел изгореа конаците. Во текот на денот ќе се врши увид во манастирот „Трескавец“ со цел да се утврди која е причината за појавата на пожарот во кој целосно изгореа конаците. Само со пожртвуваната интервенција на прилепчани, на надлежните служби беше спасена црквата „Успение на Пресвета Богородица“ од 13 век, како и сите вредни предмети. Ова е трет пожар од 19 век па наваму во манастирот. Претходно конаците гореле во...

Continue reading

leshani

Се реконструира патот до манастирот „Сите Свети“ во Лешани

Post Views: 3 Деновиве се започна со градежни активности во врска реконструкцијата  на локалниот пат што го поврзува селото Злести со Манастирот „Сите Свети” во с.Лешани. Ќе биде реконструирана вкупната должина на локалниот пат од 1800 метри. Реконструираниот локален пат  ќе биде со ширина на коловозот од 3,0  метри и банкини од 0.75 метри од двете страни на коловозот, односно вкупната ширина на новиот коловоз ќе биде 4,5 м. Трасата ќе се води и прилагоди према постојниот пат.На трасата моментално се врши проширување и тампонирање на банкините, во следната фаза ќе се изврши прво...

Continue reading

manastir

Осветување на манастирот „Св.Илија“ во Мешеишта

Post Views: 8 Црковниот одбор при црквата Свети Петар и Павле и Манастирот Свети Илија од село Мешеишта, Охрид, во недела, 6-ти септември, ги покануваат верниците на чинот на осветување на манастирот Свети Илија. Програмата ќе започне со утрена богослужба, која ќе биде со почеток во 07:30 часот во самиот манастир. Од 08:30 часот верниците и црковниот одбор на манастирот ќе го пречека митрополитот Тимотеј. Чинот на осветувањето на храмот и одржувањето на Света Архиерејска литургија е закажано од 8:45 часот. Потоа во 11:30 часот ќе има свечен манастирски ручек. Ќе биде организирана...

Continue reading

sv spas

Oсветени конаците во манастирот Св. Спас во Горно Лакочереј

Post Views: 1 Христијанските верници денес  го празнуваат Вознесението Христово. Во Горно Лакочереј беше преосветена манастирската црква во манастирот Св Спас. По светата архиерејска литургија Владиката Тимотеј ги освети  и новоизградените конаци.  Убаво уредниот простор околу манастирот со сите придружни објекти беше исполнет со голем број верници. Меѓу бројните посетители беше и охридскиот градоначланик Никола Бакрачески со неговите соработници и директори на неколку јавни претпријатија.Манастирскиот амбиент сместен во зеленилото на околната шума, дишеше со духовност и смирение....

Continue reading

ljubanista

Во Љубаништа сепак ќе се гради

Post Views: 2 Владата донесе одлука за основање Туристичка развојна зона „Љубаништа 1“ на брегот на Охридското Езеро, во близина на манастирот „Св. Наум“. Зоната ќе се простира на 18 хектари и според најавите ќе содржи хотели, луксузни вили, голф терен и марина. На одлуката најпрво и претходеше пренамена на тамошното земјоделско земјиште во градежно, а потоа и одлука на Управниот суд за одземање на земјиште со површина од пет хектари, кое беше во сопственост на Македонската православна црква, пишува „Билд“. Во меѓувреме, консултантската куќа „Horwath i Horwath Consulting“ од Хрватска...

Continue reading

svr

Кривична пријава за албанскиот граѓанин кој ја ограби „Св.Богородица Пречиста“

Post Views: 4 Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ полициската станица од Кичево поднесе пријава против А.Д.(38) од градот Дибер, Република Албанија. Него одредена му е мерка притвор во траење од 48 часа и спроведен во казнено-поправната установа во Тетово. Пријавениот на 11-ти овој месец од манастирот „Св.Богородица Пречиста“ во близина на Кичево извршил тешка кражба и однел односно против-правно присвоил три сребрени крста кои датираат од 1800 година, еден манастирски печат и едно резбано сребрено кофчеже со мошти од „Св. Параскева“-предмети...

Continue reading

sv Petka

На Петковден голем број верници го посетија манастирот на Св. Петка во Велгошти

Post Views: 42 Голем број велгоштани и охриѓани  денес го посетија манастирот Св Петка. Со свеќа и молитва се поклонија пред иконата  на светицата.  Верниците кои овој ден го слават како семејна слава осветуваа  леб.  И покрај ладното утро голем број на верници дојода  во Св. Петка. Цвета од Охрид вели дека на овој ден често доаѓа во манастирот. Доаѓа почесто на литургиите во петок, но задолжително на Петковден, на Свети Петка во месец август и на источен Петок. Се молиме за здравје, палиме свеќи, а црквата од пред неколу години дава и ручек, вели охриѓанката Цвета. Со Божествената...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top